Значи потрошив едно шишенце Хлорафменикол и имаше видливи промени, лицето ми стана многу почисто и бев ептен задоволна. И ајде така, да го доисчистам до крај купив уште едно шишенце. Почнав да ставам и после второто ставање лицето почна многу да ме чеша, значи необјасниво чешање(дотогаш никогаш не ме чешало вака) и чешањето си трае со денови, еве три дена од како последно ставив од лосионот и уште ме чеша по малку. Па од што е суво, на некои места како да почна да се лупи, а никогаш на зима не ми се лупело и не ми се направило вакво, почисто е, но како корка да е. Од хлорамфениколот е? Дали требаше да почекам некој период пред да ставам пак второ шишенце? Што е проблемот не знам. Си купив од Eucierin гел за миење лице за нормална до комбинирана кожа за 490ден, па сега да ми препорачате која крема да ја земам од колекцијата на ЕУЦЕРИН исто против создавање на акни и за нега на лице, дали има различни креми зошто аптекарката ми покажа една од 800 и нешто денари?
Епа не ставај пудра и миј го често лицето,мора да има промени на подобро Може и од пудрата да ти е,ако не си користела порано.
Мене ми помогна Lea лосионот против акни и после него си ставав Doktor's крем против акни, а си го миев лицето со сапун Doktor's antiacne. Тоа непрекинато го правев 2 месеци може и повеќе, наутро и навечер и многу ми се подобри ситацијата, и сега го користам лосионот само навечер кога ке ми текне а кремот го сменив во Lea дневен користам. Пробајте може ке помогне
За нормална до комбинирана кожа е колекцијата на Aquaporin active light јас го користам кремот и сум многу задоволна досега најдобриот крем кој сум го користела,веднаш се впива во кожата не ја прави мрсна а многу добро ја хидрира и не е комедоген да предизвикува акни и сл.Кошта 811 ден.од Зегин Додека кремовите од колекцијата Dermopurifyer се наменети за мрсна кожа со неправилности (акни,митисери и сл) и тие коштаат околу 800 и нешто но во ова колекција имаш повеќе видови кремови крем-гел,дневен крем,ноќен крем сите се за мрсна проблематична кожа. Јас од ова колекција го користам тоникот со млечна киселина и сум исто така многу задоволна и од овој производ на Еуцерин.Црвенилото настанато од стегање на некој митесер веднаш ми го отстранува,а заприметувам и дека ситните мозолчиња ми ги суши,а притоа кожата е мека без воопшто да ја исушува. Кошта 570 денари Но најдетално за секоја колекција ,намена,состав и сл.разгледај си на официјалната страница на Еуцерин.
Денеска бев во аптека и аптекарката ми рече сум требало да земам од кремот за мрсна кожа исто и од тоникот за мрсна кожа зошто ми била акнеста, а таа што немала акни била нормална до комбинирана, и сега ептен ме збуни, како да ставам за мрсна, кога мене периодов ми е целото суво, па и кога не ми беше вакво ми беше нормално, ми се мрсеше само кај носов. Аптекаркава ме збуни и сега не знам од која крема да си земам, дали за мрсна или нормална кожа и како ќе ми делуваат, некаква помош ќе ми биде добредојдена.
Ако цело време ти била нормална кожата, нема потреба да земаш за мрсна и покрај акните. Некогаш баш тоа користење на несоодветна козметика ги предизвикува акните, јас по мене сум приметила. Менувам креми за краток период и знам да се исфрлам баш тогаш. Користи си ја кремата за нормална кожа, таман ќе ти биде. Иако, кремите за мрсна кожа не го пресушуваат лицето туку само го нормализираат, не би ти рекла да ризикуваш така.
И мене ми беше малку нафрлено па се двоумев помеѓу тој крем за нормална и тој за мрсна,но во неколку аптеки прашав и секаде ми рекоа ако немаш мрсна кожа не би требало да го употребуваш тој што е наменет за мрсна кожа иако во суштина и тој е хидратантен но сепак не доволно за нормален тип на кожа,затоа се одлучив да купам комбинација тоникот од зелената линија за проблематична кожа и кремот aquaporin за нормална кожа.Прво го чистам со тоникот тој е антибактериски и по 1-2 минути ставам од кремот и таман ми е не ми е сува не ми е мрсна кожата,баш како што треба.
AnGel.fire пробај пред спиење ставај кантарион на проблематичните делови. и кажи што направи да не те мислиме
Amazing за моја најголема среќа, почнаа да поминуваат дури некои веќе поминаа. Не ги мачкав со ништо т.е. тие на телото не, а тие на лицето одвреме навреме ги мачкав со една крема незнам како се викаше баба ми ми ја даде и ми рече од нејзе да ставам. Кремата ми помогна колку да не е толку суво местото ама не и да исчезнат. Сега чекам само да се повлечат пошто почнаа веке ама многу споро иде тоа. Морам да трпам и да си издржам некако, а ич не сум трпелива.
За остстранување на мозолки изнајдов ново чудо кое мислев дека не е ефикасно но откако го порача другарка ми и ми ги покажа резултатите го порачав и јас и видов дека има прекрасен ефект и ги чисти мозолчињата за многу кратко време.Клеарскин лилавиот лосион во тековната кампања што е за 129 денари,навистина се исплати.
и јас маки мачев дури погодив тоа што ми треба, сега само Garnier Pure гел-пилинг користам Спојлер бекутан млеко за тело (на лице го користам како крем само тоа кога имам потреба) а бидејќи имам мрсна кожа, почесто ставам директива пудра на лице без подлога (ја користам time + на seventeen и таман ми доаѓа пошто е похидратантна). Се мијам со гелот еднаш на вечер и си ставам лосион за лице исто Garnier Pure Active (еве овој): Спојлер го користев и овој: Спојлер ама не сум многу задоволна од него, повеќе од овој во бела паковка. Исто многу ефикасно од garnier мене што ми се погодило е кремот од истата Pure линија на Garnier и едно како ролерче за брзо реагирање и сушење на бубуљици: Спојлер
Лицето го чистам со лосион од Орифлејм овој два пати дневно поминувам со чист памук, потоа со Бекутан крем и тоа е тоа. Немам некое проблеми со лицето, освен деновиве со тоа црвенилото али гледам почнува да изчезнува.
женски еве ви за тие подкожните,whiteheads,во видеово се објаснува и за црнките,ама мене ми помогна да истиснам и неколку такви...и ќе бидете црвени многу (ако се стискате мазохистички како мене ),така да не си планирајте испаѓање после стискањево http://www.youtube.com/watch?v=STpdlHvWC9o
Девојки ме интересира дали некој има искуство со производите на Lepten и доколку да дали е задоволителен бидејќи веќе ги имав пробано производите на Young derm и ни малку не ми помогнаа
Јас имам искуство со Лептен прозиводите. Немој ни да си помислила да ги користиш. Зошто? Јас ги купив лани, и почнав да ги користам, немаше ни 1% позитивни резултати. Потоа пточитав по сите сајтови дека лептен е лажен крем кој се произведува во стан во Софија, Бугарија.. го прават од некој си никаков крем и ставале зелена боја. Точно е тоа ми го потврдија и други, а и самата се уверив дека е така, бидејки ја истрошив цела колекција, а лицето ми беше погрозно од претходно дури, значи немаше никаков ефект. Тоа е ФАЛШ.
чачкајќи низ нетов најдов две маски кои помагаат за кожа со акни маска со портокал и белка Портокалот и белката од јајце имаат неверојатна моќ на чистење и ја смируваат кожата. Исцедите сок од портокал и помешајте го со белка од јајце. Со памук нанесите го на акните. Држете ја смесата на лице 15 минути. Зелен чај и морков Благодарејќи на антиоксидансите кои се наоѓаат во овие две состојки, акните ќе исчезнат после неколку третмани. Сварете еден морков. Изгмечите го и додадите неколку лажици зелен чај и добро промешајте. Нанесете го на лице и оставете 15 минути, потоа измијте се со млака вода.
Јас откако го користам сапунот од козјо млеко, лицево ми е многу чисто. Само со 2 миења се забележува разлика, тоа е чудо. А сега и го намалиле, беше 129, сега е 93 денари.
^ Каде можам да го најдам? Благодарја! Бев на дерматолог и испадна дека немам стафилококи ни па полицистични јајници туку за нив, обични брумченца. ха! Ама стварно мислев дека се полицистични пошо мене само на пределот околу муцката ми излегуваат. Ох...