Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Магнолија, ги има во Космо Тинекс, бев пред некој ден да земам козметика, ги здогледав таму по рафтовите. За цената не прашав ...
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дневниот крем го мачкате пред ставање на пудра? Ајде да беше ноќен ќе го ставев од ко ќе ја издавам шминката/пудрата, од кога ќе се измијам со гелот и ќе се намачкам со памукче со растворот што ли е, како лосион, тоник му иде и ќе ставев крема, а вака дека е дневна, ставам и цела недела си одам без пудра. Ми ја хидрира убаво кожата, и пу пу да не се урочам почисто не ми било, па немав потреба од пудра.
    Е сеа прашувам ја ставате пред да нанесете пудра?
    Така ми е најлогично, ама после ако ставам одозгора пудра исто како да не сум се намачкала со дневен крем. Ова прашувам зошто прв пат купив дневен крем зошто секогаш користев бекутан кога не ставав пудра, ама сеа се збунив малку, зошто па и без пудра да шетам, не ми го бива некако или сепак кремот на вечер да си го ставам ако е денски(зошто аптекарката ми рече денски, а на него пишува дека може и навечер)?
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Магнолија сапунот од козјо млеко го има во Космо, но јас го имам видено и во Тинекс, Веро, Рамстор... има различни видови и цената имсе движи од 90 до 150 ден. е мислам тој со додадот на лаванда.
    Лукс затоа има разлика меѓу кремите, крема која ги третира проблемите на лицето и крема која се нанесува како база - подлога за шминка. Зашто да си ја трошиш дневната крема која ја нанесуваш после чистење на лицето? Затоа подобро купи си подлога за шминка ако веќе имаш потреба за такво нешто или купи си некоја обична универзална крема која ќе ти служи како подлога.
    Јас одкако го мијам лицето наутро со гел си нанесувам од дневната крема која ја користам меѓутоа додека јадам ова она пред да ставам шминка повторно нанесувам база па пудра, бидејќи мене ми е многу суво лицето. Ти може и да немаш потреба да се шлапаш со креми по два пати ама кога треба за да не си ја трошиш кремата за преку ден купи си некоја друга кремичка која ќе ти служи како подолга.
    Можеш да си земеш од универзалните креми на Дав, Нивеа .... или подлоги за шминка има многу убави на Нивеа за сите типови на кожа, јас сум задоволна од подлогата, не го мрси лицето само го навлажнува за убаво и рамномерно да се нанесе пудрата.
    Друго што сакам да ти кажам ако веќе користиш ноќна крема користи ја исклучуво само навечер. Ноќните креми се поконцентрирани и имаат ефект врз кожата само ако се нанесат навечер на претходно исчистено лице бидејќи навечер кога се опуштаат мускулите тогаш тие може да дејствуаат, се друго би било ставање за џабе.
     
    На Magnolija и Lux им се допаѓа ова.
  4. CrystalNoir

    CrystalNoir Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    92
    Дневниот крем обавезно се става и под пудрата затоа што тој во суштина ствара заштита и бариера пудрата да навлегува длабоко во порите на кожата,затоа што колку и да користеме квалитетна пудра таа ги затвара порите,ја суши кожата иако тоа некогаш не можеме да го осетиме,побрзо ја старее кожата и побрзо се создаваат брчки.Зошто дерматолозите посебно препорачуваат да не се користи пудра кај проблематична кожа,секако дека штетно делува.Исто така важноста на дневниот хидратантен крем да се нанесува на кожата пред да се нанесе пудрата е затоа што скоро сите дневни креми содржат заштитен фактор некои повеќе некои помалку (6,8,15,20,30....)и UVA филтер така што ја заштитуваат кожата од сончевите зраци иако не се изразени во зимскиот период но сепак за идеална нега на кожата препорачливо е дури и во зимскиот период да се користат хидратантни креми минимум со заштитен фактор 15.Значи заштитниот фактор и UVA филтрите заштитуваат од предвремено стареење на кожата.
    Ако под пудрата се стави некој каков било крем на кожата а не ни одговара идеално како што ни одговара секојдневниот дневен крем ,а имаме потреба со пудра на лицето да бидеме по 8 часа па дури и да се работи за помалку часови ,поради изборот на несоодветен крем кој го ставаме под пудрата може да настане хаос на лицето,затоа се избира еден идеален дневен крем кој ќе го користеме и кога немаме пудра но и обавезно под пудрата па ќе бидеме сигурни дека кога ќе ја отстраниме пудрата нема лицето да ни биде хаотично или премногу мрсно или суво или пак со некоја бубулица.Ако кожата нема потреба од дополнителна хидратација или хранлива крема нема потреба од ноќен крем доволно е истата дневна да се става и навечер откака убаво ќе се исчисте кожата.Ноќните креми најчесто се хранливи потешки помасни и се идеални за сувата и секако позрела кожа,а за помладата мрсна,комбинирана,нормална кожа ако нема некои посебни потреби од некоја специјална нега како на пример (кожа со акни) доволно е само еден добар хидратантен крем кој е погоден за типот на кожата.
    Ако сакаме пудрата идеално да ни стои на лицето и по повеќе часови за тоа е потребно специјална подлога која се става исклучиво под пудрата ,најчесто подлогите ги минимизираат порите и несовршеностите,хидрираат,ги пополнуваат ситните брчки ,спречуваат разлевање на пудрата кожата ја прават помазна,но најчесто содржат силикон па затоа не се баш препорачливи за секојдневно користење освен ако се работи за полесен вид на подлога.И подлогата треба да се избира според видот-типот на кожата.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VampireLover

    VampireLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    60
    Јас не користам некакви специјални креми... после секое бањање лицето го мачкам со Бекутан крема и мене ми е чисто(единствено од време на време може да ми се појави една бубулица но ретко) Мислам дека тоа е до организмот. Секој си е различен и тука нема никој нишо да се срами бидејќи сите сме моментално во пубертет и кога тогаш бубулиците ќе ги снема... :)
     
  6. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Само Нивеа крема и лосион за лице Леа навистина помагаат. Посебно лосионот :)
     
  7. Moschino

    Moschino Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    17
    Да не знае некој каде може да најдам чист глицерински сапун,да нема боја(проѕирен),да нема мириси и сл.?
     
  8. Eleonoraspasova

    Eleonoraspasova Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Може ли некој да ми каже колку пари е лосионот Клиндамицин :) ?

    Девојкии си го мразам лицето бидејки ми излегуваат акни и секогаш кога ке излезам од дома ставам пудра никогаш не сум излегла без пудра ве молам казете некој совет ...
     
  9. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    73
    Од почетокот на декември започнав со терапијата препорачана од една форумџика- Nina24.Од Грција го набавив гелот ДАЛАЦИН Ц некаде околу 5-6 евра го платив :) .Ке известам за резултати но по одреден период оти сеуште е рано да казувам :) wish me luck ! 8)
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Eleonoraspasova

    Eleonoraspasova Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Девојки дали некој го има користено лосионот Young Derm и дали е ефикасен ?
     
  11. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Лосион од Young Derm и крема Young Derm. Ништо друго. Наутро само лосионот а навечер лосионот и кремата.
     
  12. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Е јас имам многу позитивно искуство со Лептен, кога се исипав одеднаш пред неколку години само од Лептен ми се исчистија бубуљиците и башка беше единствена колекција што не ми го пресуши лицето. Исто е како и со сите други производи, на некој му чини на некој не, така да вакви општи впечатоци не може да донесеш затоа што лично тебе не ти помогнал производот.
     
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    ^^^Брат ми имаше користено одамна Лептен, лицето ужасно му беше тој период, абер немаше од подобрување. Воопшто не му помогна а две колекции истроши. Џабе беа фрлани парите. Јас искрено не би му препорачала на никој Лептен да користи...
     
    На IamSexyAndIKnowIt му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    И јас го имав порачано Лептен, џабе фрлени пари! Про се тешев дека може е рано за резултати, али на крај цел лосион и крема ги потрошив и ништо :(
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Не знам каде да го поставам прашањево, ако не му е тука местото нека се премести.

    Мене ме стави во мисла видеото на Dulce Candi - Getting ready for bed routine каде кажува дека лицето секоја вечер го чисти со Clarisonic, апаратче за чистење на лице со четка која ротира.

    Јас го чистам лицето со тие четчињата од Џамбо и гел за лице што фала богу не може да се спореди со специјален апарат од сто и кусур долари, но сметам дека до некаде принципот е ист, а јас одбегнувам секојдневно вака да го чистам лицето од страв да не ја иритирам премногу кожата. Според мене еднаш до два пати неделно е таман.

    Дали да се практикува ваков начин на чистење секојдневно е можеби преагресивно за кожата, или напротив е добро темелно да се чисти лицето секој ден???
     
  16. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Го има некој користено ЛЕА лосионов за лице?
    Во последно време лицево многу ми се нафрла, а и со лосиони сум дефицитарна, така да ми треба мислење за овој. Го има во сите аптеки? И по која цена?
     

    Прикачени фајлови:

  17. littlegagalove

    littlegagalove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    kitty.lover јас го имам користено Леа гел против акни и е многу ефикасен...а ова не го имам користено.
     
  18. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Јас го користев и единствено лосионов во комбинација со гелот од истата колекција ми помогнаа да го исчистам лицето. Најдобро би ти било да го земеш и гелот. Гелот дури и повеќе ќе ти помогне. Јас заедно ги купив 220 или 240 денари не се сеќавам точно.
    Лосионов е малку јак и на понежните делови од лицето мене почна малку да ми се прави како првут, но се средува тоа со добра хидратантна крема преку ден. Сепак не мора да значи дека и кај тебе ќе е исто.
    Јас ти го препорачувам
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    МНОГУ ПОМАГА ЦИНКОВА ПАСТА, А ЈА ИМА ВО СЕКОЈА АПТЕКА И Е МНОГУ ЕФТИНА ОКОЛУ 60 ДЕНАРИ 30 ГРАМА
     
  20. nobody1

    nobody1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    74
    јас го имам користено гелот и да ти кажам дека е многу ефикасен, само на понежните делови не ставав многу бидејќи ми ја лупеше кожата :)
     
    На kitty.lover му/ѝ се допаѓа ова.