Исто ќе кажам и овде дека по препорака од една од феминките, го користам половина година Докторс, анти акне супер го чисти лицето и се гледа веднаш резултат. Ги суши акните и според мене треба да се користи 2-3 пати дневно, секако наутро и секако навечер пред спиење
Јас веќе долго време го користам Дермогал и сум прилично задоволна од него.Кога имам некој поголеми бубуљички прво го чистам лицето со Дермогал па после тоа ставам Клинданицин.Но Клинданицинот не го користам секојдневно зашто сепак ако се користи секојдневно слушнав дека многу се сушело лицето.
Женски ај препорачајте ми лосион за чистење лице , но што не го суши лицето. Користев на Јанг Дерм, добро беше само не ми помогна многу. Дали би можела Хлоракол, или тој е многу јак?
Јас ти го препорачувам Дермогал.Воопшто не го суши лицето,а и ефикасен е.Јас го користам наутро и навечер малку кремче после тоа и готово.
И јас имам многу мрсна и проблематична кожа,така што уште на 8-9 години почнаа да ми се појавуваат мозолчиња,а со тек на време почнаа да ми се појавуваат на лицето,на грбот,на рамениците... Мајка ми ме однесе на кожен лекар и тој ми препорача една крема СКИНОРЕН со која морав да се мачкам 3 пати на ден.Но,бев нередовна и акните не исчезнаа и згора на тоа почнаа да ми се појавуваат и црнки.Пред некој ден,бидејки сеуште имам проблем со акните случајно на страницава прочитав домашен рецепт за против акните -Ставаш да се зоврие вода и чекаш да се олади до тој степен за да биде топла,а НЕ ЖЕШКА.Потоа во водата ставаш колкава сакаш количина на сол и чекаш да се раствори.Потоа земаш крпа и ја потопуваш во водата.Потоа ја ставаш на лицето и ја оставаш да отстои 10-15 минути.Потоа веднаш го плакнеш лицето со млака вода. Јас го пробав овој рецепт вчера и навистина сум презадоволна.Пред да ја ставам крпата на лицето имав 4-5 огромни мозолчиња точно на сред лицето кои беа загноени и зацрвенети.Откако ја тргнав крпата не беа толку црвени.Наредното утро толку се изненадив кога видов дека ми ги снемало 4-5 мозолчиња и дека лицето ми е помеко,а и немав толку многу црнки како порано.Пробајте го рецептов,одличен е!
и јас го имав истиот проблем...немав многу акни,но сепак сакав да ми исчезнат.Затоа почнав да го користам кремот ЗДРАВЕ (не Здравје).Тоа е Бугарски крем и многи ми помогна .Го има во аптеките и е околу 60ден. (НЕ Е СКАП)...Вреди да се проба,го има во повеке врсти(најдобар е оној со цинков оксид).Се надевам дека ке ви помогне
Имам мрсно лице,порано имав многу проблеми со акни но веќе ги немам благодарение на Зелената глина од Виталиа...што ли не бев пробала какви ли не тоници,креми,апчиња,маски што пари издадов но немав некој поголем ефект на исчистување на лицето...Ми ја препорачаа зелената глина и бев скептик но сепак си купив и почнав да ја користам на упатството пишеше 2/3 пати неделно но бидејќи моето лице е многу мрсно ја ставав речиси секој ден...со користењето лицето почна да ми станува посуво а со тоа се сушеа и акните и ги снемуваше за брзо време,или се повлекуваа или се лупеа...доколку ве интересира како се користи маската во едно филџанче се става една полна мала лажичка од глината и малку вода колку да се добие смеса за мачкање да не биде ни пресуво ни претечно се меша со рака или лажичка и се нанесува на измиено и исушено лице избегнувајќи ги очите и устата се остава додека не се исуши комплетно и потоа се мие нежно со вода и толкуу...а ефектите ќе ги видете за брзо време...ја препорачувам на сите кои имаат проблеми со акните но кои имаат мрсна до комбинирана кожа бидејќи мислам дека не одговара за тие со сува кожа...чини околу 100и некој денар заборавив точно,во Зегин ја има и трае долго време бидејќи пакувањето е големо...иако веќе немам акни и понатаму си ја користам 2пати неделно за да не ми биде толку мрсно лицето и супер е
Јас имам проблеми со акните и црниките па затоа ве молам за помош кажете ми кој крем да го користам ве молам ке полудам веќе
Да ви предложам нешто....пред 2 недели си порачав од Швејцарија преку мајка ми( моментално е таму) да ми испрати нешто за да ми се исчисти лицето и прашала мајка ми во аптека и и го дале ова околу 1 500 денари е ама многу е ефикасно.Се користи еднаш дневно на чисто лице и е мноооогу убаво.Има видливи резултати и лицето ми е многу почисто.Можеби го има и во Македонија не знам еве и страна http://www.vichy.fr/produits/homepage/h.aspx
А може некој да ми одговори како се користи гелот за лице, дали треба да се измие лицето со гел или пак после лосионот, гелот да се нанесе на лице и да не се мие? Ви благодарам однапред.
Како до чисто лице? Па користете квалитетна шминка, негувајте го со креми, мијте го често и погрижете се да биде нормална кожата (да не биде многу сува или многу мрсна)
Имам чисто лице во пмс со некоја акна, ме интересира дали има некој лосион,млеко, крема за изедначување на тенот на лице, имам како црвенило тук там и поради тоа користам и пудра, па ако има кажете марка, цена ... фала ви
Девојки сакам да споделам нешто со вас, што можеби ќе ви помогне....најпрвен се однесува на сите девојки што имаат проблем со бубублички и флеки како мене но и на сите останатите..пред година дена открив дека сум алергична на метилпарабен, бутилпарабен,изобутилпарабен..Парабени се хемијски конзерванси кои ги има во скоро секој производ дури и во бекутан..Тоа го открив така што купив пудра на менхетн плаво пакување на кое пишуваше дека е против акни првиот ден кога ја ставиив пудрата се изнафрлав како никогаш...веднаш престанав да ја користам и си купив здраве крема и фала богу ми поминаа. Од тогаш било што да купувам гледам дали содржи парабени. Сега последно време не користам ниту тоник, ниту гел за лице, шминката ја брисам со бекутан марамчиња (содржат парабени) и после ставам од здраве кремата. Исто така не користам руменило ниту било што во прав пошто не ми одг на лицето и сега сум си мирнаа.. Не се сите алергични на парабени, но ништо нема да ви нашкоди ако купувате козметика без парабени..поззз
Има ББ крема, тоа ти е тонирана крема, нема голема покривност и не е тешка како пудрите. Има на Гарниер околу 200 денари е, на Гош имаш исто и на Дебора имам јас видено. Тие се поскапи.
По колку време стојат на лице овие ББ креми без да ти светне лицето? Конкретно, мојата кожа е мрсна и во дилема сум дали да ја купам (онаа за мрсна кожа што е) и да ја употребувам за на школо, ама да не сум после еден саат shine bright like a diamond.
Денес ја купив оваа крема на здраве, полесно се размачкува и упива, инаку исто мириса и исти состојки има како другата плус дтодаток има екстракт од смрадилка и камилица и витамини Е и Д-пантенол...не е тешка и мрсна мене ми одговара
Би требало да издржи +4-5 часови, отприлика. Има мислам во ББ-кремите и матирачки ефект, ама нема да биде лошо за секој случај да ставиш и малку камена пудра или пудра во прав одозгоре за да ја фиксираш кремата. Сега по студенилава ќе ти издржи подолго - барем со мене е така. Немам проблем наесен и во зима, само кога ќе подзатопли - е, тогаш почнуваат маките со светлечките ефекти.