Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. angelina1

    angelina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25
    Јас ја имам користено кремата за миење лице и задоволна сум,можеш да си купиш мало како тестерче и да видиш како ќе ти реагира кожата,исто и лосионот за чистење е убав.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    2.923
    Пол:
    Женски

    Сигурно од друго му се исчистило лицето, нема шанси да е од Лептен. А и гледаш на оваа страна дека никој нема задоволен од Лептен. Доктор ми има кажано дека кремата е фалш. :)
     
  3. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Јас имам искуство со Лептен прозиводите. Немој ни да си помислила да ги користиш. Зошто?
    Јас ги купив лани, и почнав да ги користам, немаше ни 1% позитивни резултати. Потоа пточитав по сите сајтови дека лептен е лажен крем кој се произведува во стан во Софија, Бугарија.. го прават од некој си никаков крем и ставале зелена боја. Точно е тоа ми го потврдија и други, а и самата се уверив дека е така, бидејки ја истрошив цела колекција, а лицето ми беше погрозно од претходно дури, значи немаше никаков ефект. Тоа е ФАЛШ. :)[/quote]
    Е јас имам многу позитивно искуство со Лептен, кога се исипав одеднаш пред неколку години само од Лептен ми се исчистија бубуљиците и башка беше единствена колекција што не ми го пресуши лицето. Исто е како и со сите други производи, на некој му чини на некој не, така да вакви општи впечатоци не може да донесеш затоа што лично тебе не ти помогнал производот.[/quote]


    Сигурно од друго му се исчистило лицето, нема шанси да е од Лептен. А и гледаш на оваа страна дека никој нема задоволен од Лептен. Доктор ми има кажано дека кремата е фалш. :)[/quote]


    Зошто да нема шанси да е од Лептен, секоја кожа е различна, имам пишувано на темата овде дека од употребени 2 колекции на Лептен лицето на брат ми му се направи стакло, а имаше и те какви проблеми со акни. Јас пак лично кога го користев, не почувствував таков драстичен ефект како неговиот. Значи, од кожа до кожа има разлика, секоја кожа различно реагира.
     
  4. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    1.094
    Пол:
    Женски
    Извинете за офф топик, но вчера една феминка остави пост дека одела кај некоја докторка, имаше и телефон и локација... претпоставувам дека е избришано, па ако некој памти и знае за која докторка беше муабетот, нека извести ... благодарам :)
     
  5. Artemida81

    Artemida81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    354
    Пол:
    Женски
    јас го користев овој комплет и освен што грозно мириса мене не ми помогна воопшто. немам многу комплицирана кожа но сепак имам неправилности. откако ја потрошив целата колекција си се вратив на испробаните еуцерин и виши.
     
  6. ladyyy5

    ladyyy5 Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    крема Skinoren

    Здраво дали ја имате користено кремата Скинорен и како сте задоволни бидејќи мене ми ја препорачаа
     
  7. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    крема Skinoren

    Јас ја имам и ја користам ама не многу редовно.Задоволна сум од нејзе со оглед на тоа дека не ставам често,односно ја ставам само на оние загрозени места(најчесто во пмс кога се нафрлам) и за еден ден ми поминуваат акните.Малце зезната е што кога ке ја ставиш на лице во први 10 мин пецка и сврби, но после тоа се губи тоа чувство.Се на се ја сум задоволна. :)
     
  8. linavanila

    linavanila Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Имам едно прашање до овие што ја користеле кремата од саше , ја користам и се си е супер ми се изчисти лицето ми се среди се изчистив од бубулките,се убаво тоа нема шо да кажам мене ова ме интересира
    Кремата 2100 со сапунчето заедно 2100 без сапунчето пак 2100 :?: Порачувала ли некоја од вас само сапунче и колку пари е само сапунче зашто ова ми е на крај и сакам друго да си земам ептен ме ареса и ми е погодено.
     
  9. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Како до чисто лице? - мое искуство

    Најголемата грешка што ја правев со години (од почеток на пубертет па се до пред неколку години) е некористењето на хидрантен крем. Го миев лицето секое сабајле со сапун со години и ставав лусион за бубулици и мислев дека така ќе го исчистам и ќе ја отсранам мрснотијата. Си мислев дека штом го исушам лицето дека нема да ми свети кожата, а со тоа нема да ми се ствараат и бубулици, црнки и такви чуда. Колку само сум била во грешка и сум ја "тепала" кожата наместо да ја негувам. Резултатот од "добрата" наводна моја нега беше иритирана кожа која како луда лачеше мрснотија и уште полудо ми правеше бубулици, а да незборам колку лошо изгледаше. Колку сум била во грешка што сум мислела дека ако ставам крема, лицето повеќе ќе ми свети и повеќе ќе имам бубулици. :headbang:

    Еве ја мојата рутина со која денс фала богу имам чиста нормализирана кожа.

    Прво многу е важно да знаете каков тип на кожа имате и да користите соодветни производи. Тука ќе издвојам една многу честа грешка која што ја прават луѓето со комбинирана кожа (нормална кон мрсна) ја правев и јас, користејќи производи наменети за мрсна кожа наместо за комбнирана. Колку е само погрешно ова зошто производите за мрсна кожа се поагресивни зошто ја сушат комбинираната кожа, а со тоа ја тераат да лачи мрснотија и наместо посакуваниот мат изглед резултатот е мрсна кожа. Затоа користете производи исклучиво за својот тип на кожа, а користете производ за друг тип на кожа само долку ви прија.

    Нега на кожата сабајле:

    - Прво го мијам лицето со сапун наменет за лице, а не каков било со ладна вода (Dove, Eucerin, Asso derm...овие ми се покажале како најубави)
    - потоа поминувам со лусион (Clean & Clear, Hlorakol...од овие сум била најзадоволна)
    - за минута откако ќе се исуши лусионот ставам дневна хидрантна крема (некоја полесна, а не тешка) (Nivea Moisturising Day Cream normal to mixed skin) Кој ја смисли Нивеава го благословувам со се најубаво, прекрасна крема за комбинирана кожа која уште попрекрасно е во љубов со мојата кожа. И ја дава потребната влага на кожата, одма се упива и резултатот е убава мека кожа во текот на цел ден без да светне.
    - Потоа следува шминкање доколку искачам негде, ако не си ја оставам кожата на раат да си се одмори. Многу битно не се шминкајте за по дома како што прават некои :^) туку одмарајте ја кожата. Исто така многу е битно за чиста кожа да внимавате што шминки користите, мој најдобронамерен совет ако треба неидете два три пати на кафе, инвестирајте во поквалитетни шминки. Немате лице за фрлање, како ја негувате кожата така и ќе ви врати.

    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Нега на лицето навечер:

    - Доколку имам шминка прво ја отстранувам со влажни марамчиња (Бекутан, веќе со години) Внимавјте многу од влажните марамици знаат да предизвикуваат бубулици.
    - потоа го мијам лицето со сапун со ладна вода (истиот сапун е и сабјле и навечер, т.е. сапунот што моментално го користам)
    - па го поминувам еднаш, а по потреба и двапати лицето со лусионот (истиот што си го користам сабајле и навечер)
    - и завршувам со крема овој пат е некоја малку потешка и похранлива (најчесто ставам Dove rich nourishment cream, наделеку позната Здраве и одвреме навреме оригиналната павловичева крема.)
    - и најбитно правило никако ама никако не пропуштајте да ја исчистите кожата навечер колку и да ве мрзи, не заборавјте кожата памти и враќа.

    [​IMG][​IMG][​IMG]

    Здраве и оригиналната павловичева, ова се двете креми кои се смрт за бубулици и други кожни воспаленија. И овие создатели ги благосовувам со се најубаво.

    [​IMG][​IMG]

    Други битни постапки и совети:

    - пилинг, обавезно еднаш неделно, а во зависност од кожата и двапати. Ако ви треба баш пилинг со многу гранули тогаш пилингот 3 во 1 на Гарниер, а ако сакате благ пилинг тогаш убав е на Неутрогена. Многу е битно после пилингот да ставвите крема, зошто со пилингот се трга горниот микроскопски слој на кожата, па е многу поосетлива него иначе.
    - Маска за лице повремено (еднаш неделно или барем два пати месечно)
    - Косата мијте ја така што главата ќе ви биде наведната. Ова е добро зошто така нема хемикалиите од шампонот, регенераторот и маската да доаѓаат во допир со кожата. Откако почнав вака да ја мијам косата ми се исчисти скроз грбот од бубулици, кој пред тоа никако неможев да го исчистам, а тоа да ти било просто ко грав. :D
    - никако не стискајте воспалени акни само уште повеќе можете да ги воспалите. Најдобро е да ги третирате нежно и стрпливо. Доволно е да им ставите крема како на пример Здраве пред спиење. На стискање можете да помислите дури кога на врвот на акната ќе се формира бела капа (може да поминат и неколку дена пред да се случи тоа, затоа е најдобро да бидете стрпливи) и важно е пред стискање да ги измите рацете. Јас лично ни ова стискање не го препорачувам. Утре имате состанок, некој важен настан...? Кому му е гајле. Луѓето ќе ја запамтат вашата личност, очи, коса, насмевка - а не вашите акни, затоа опуштете се.
    - Немојте да ставате на лицето нешто што ве пржи или чеша. Чешањето и пецкањето по цело лице е знак дека вашата кожа не поднесува одреден производ.
    - често менување на навлаките за перници
    - лицето бришетего со крпа која само вие ќе ја користите и никој друг
    - не го дирајте лицето од досада со рацете, зошто прљавите раце и нокти можат озбилно да ја влошат ситуацијата со акните, да направат нови и така во круг
    - мењајте ги производите бар некои во зависност од времето (лето - зима) Мене преку пролет и лето ми е помасна кожата, а преку есен и зима посува.
    - слушајте ја вашата кожа односно следете како реагира. Ако почуствувам некогаш како да се изразам дека е презаситена тогаш од сабајле или навечер може да прескокнам да не ставам крема, нема ништо да биде ако еднаш прескокнете и ја одморите. Се случува од време навреме но не пречесто кога сум дома да не го измијам лицето и целата постапка туку го оставам скроз да се одмори од било каква хемикалија што се покажало дека прија. Во овие денови само навечер го мијам лицето со вода и ништо повеќе (без сапун).
    - спијте доволно барем 8 саат
    - избегнувајте алхохол и цигари, може нема да приметите одма негативни резулати, но по неколку години ќе ги видите последиците
    - балансирана и здрава исхрана
    - и пред се посетете доктор и прегледајте ги забите, крајниците, јајниците, хормоните....Можеби проблемот се крие во нешто што не е директно поврзано со вашата кожа.

    Ова е рутината која ми помогна мене, не гарантирам дека ќе помогне на секоја девојка пошто секоја од нас е различна, но се надевам дека барем малку ќе ви помогне. После ваквото тинтрање на моето лице конечно имам чиста и нормализирана кожа која повеќе несвети како сијалица. Бидите добри према вашата кожа, немојте да ја пресушувате и шокирате со тон производи за кои не ни знаете за што служат и не користете 3, 4 агресивни производи во денот, доволно е само еден. Не се откажувајте одма на почетокот. Клуч на успехот е во редовна употреба на производите и упорност и најважната работа - хидратирајте ја кожата! :!: :)
     
    На zabec, francais, sparklie и 16 други им се допаѓа ова.
  10. BlueWhite

    BlueWhite Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Чиста и здрава кожа може да има секој додека се придржува до основните совети за нега. Според типот на кожата се користат и препарати. Наутро се мие лицето, па се става крем со фактор. Шминка(пудра) доколку е потребно(јас користам скоро секој ден за изедначување на тенот). Лицето во текот на денот никако да не се допира со раце. Навечер лицето се мие исто со препарат во зависност од типот на кожата и се става ноќен крем. Доколку немате ноќрен крем поубаво е воопшто да не ставате крем. Еднаш неделно треба да се прави пилинг, пареа и маска. Секогаш имајте си посебно пешкирче за бришење на лицето во купатило , менувајте ја навлаката на перницата секои 5-7 дена и косата нека не ви се допира до лицето! И секако најважното трпение. Јас го практикував ова 8 месеци и потоа се појавија поголеми резултати. Доколку имате проблем со акни можете да користите и гел или лосион за акни, само не претерувајте со препаратите. И исто така моногу важно помалку јадете мрсна храна.
     
  11. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Хлорофеникол со сулфур, најдобар сите мозолки ми ги исуши :)
     
    На slatki4kapp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. slatki4kapp

    slatki4kapp Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    2

    дефинитивно чајот од камилица е идеално решени протв акни. Го чисти лицето и го смирува црвенилото.
     
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Ај објасни како го ставаш чајот, сварен го мачкаш на лице само? :?:
     
  14. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Ќе го свариш чајот и со памукче ќе го намачкаш лицето :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Моето ново откритие.Го користам веќе две недели и чекав да видам резултати пред да споделам.Многу сум задоволна.
     

    Прикачени фајлови:

  16. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Ова за што е, колку пари е и од кај го купи? :?:
     
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Гелче со салицилна киселина за нанесување директно на мозолчето. Не е ефективно за поткожни, прилично скапо колку што се сеќавам околу 400ден беше, го има во Еурофарм и сите подобро снабдени аптеки, исто така и во Космо.
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DebbieLegg

    DebbieLegg Популарен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    361
    Со крема без крема сапунчето пак 2100 :D се зезам
    Имам земено само сапун , мислам дека беше 250 300 денари така нешто.
    Морам да те исправам тоа не е сапунче - тоа е цело сапуниште ,калап сирење половина килограм :rofl:
    Како успеа толку брзо да го потрошиш ? :?:
    Јас си го исеков на неколку парчиња, не исечен не ми го собираше во рака а и тежок раце ми паднаа :o :D
     
  19. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Сега приметив дека имам поткожни мозолчиња. Како да ги отстранам?
     
  20. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Знае некој некои апчиња нешто за внатрешно лечење на акните??
    До сега со секакви креми сум пробала, сум била и на дерматолог.. и не ми поминуваат.. мора внатрешно да пробам :worried: