Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Youlen

    Youlen Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    194
    Апчиња никако на своја рака, обавезно консултации со лекар!
     
    На PParaskeva му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    не сум имала никаков проблем со акни на лицето до сега, точно е во пубертет сум, ама незнам што е работава. Проблемот е во тоа што целото лице ми се направи лом. Пробувам да не го допирам, да го одмарам од пудри и слично, сменив полесна исхрана (мајонез никако, газирано никако, благо редуцирано,повеќе овошје) мислев дека е од шминки од креми кога оп почна на грботт истото да ми се случува, а после некое време почна да ми се исфрлаат и градите. Прво се почна од мали акнички за сега се да се претвори во огромни бубулици полни, гадни и притоа тие што ми се на грбот ужасно болат.
    хлоранфеникол, ракија, некој лосион? некаков совет :(
     
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Пробај со Дермабион. :) наменети се за кожа, нокти и коса, на природна база се, не би требало да ти штетат :)
     
  4. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Испитај хормонален статус ;) и не земај на своја рака апчиња. И не прифаќај рекутанска терапија ;) освен ако е неопходна :)
     
  5. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Скинорен навистина помага за привремени акни, гледам ја препишуваат и за acne vulgaris и посериозни кожни болести и не можам да кажам дали фунционира за нив, ама пред/после менструација имам акни (а тоа му доаѓа пола месец), ја ставам два пати на ден и за неколку дена ми исчезнуваат. Друга добра работа е што кремава апсорбира маснотија и му дава мат изглед на лицето. Единствен (мал) недостаток е што 7-8 минути по нанесувањето ме чеша и едвај се воздржувам да не се почешам на местата кај што сум ставила, но не е крај на свет.

    [​IMG]
    Изгледа вака, чини околу 460 денари во Зегин, се става наутро и навечер на измиено лице (но со некој лесен лосион, не треба многу триење или некои пилинзи), и со редовно користење акните целосно исчезнуваат. Прочитајте го упатството пред користење, сепак е медицинска крема и има некои „правила“ за користење, на пример не треба да се излегува на сонце со неа и слично.
     
  6. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Девојки дали знаете некој лек за црвенило на лицето? Значи лицето од преголем стрес ми бидна катастрофа ;( а мн убаво ми беше. Сега ми е никаво ништо не помага :@ и некоја убава крема за чувствителна кожа дали знаете :)
     
  7. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6

    Јас ја користев долго време, и мојот дерматолог ми рече дека веќе е застарена формула и не се користи веќе за лечење акни. Пробај со "SONA" на Belupo хрватска компанија за лекови. Доста е ефикасна за два дена ги суши акните, но само се употребува на местото каде што имаш мозолче , не преку цело лице/ образ. Има ист ефект како Скиноренот, само помалку чеша и пече. После тоа употребувај хидратантен крем, зашто многу ја суши кожата :( ии употребувај ја навечер, зашто не треба да се изложуваш на сонце. :)
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Мене дерматолог ми ја препиша соната, ама се става на цело лице освен на оние со акни, бидејќи кремава многу ја лупи кожата па не можеш заради тоа на акни да ставаш, содржи овошни киселини и деривати на вит А па не смееш да ја ставаш преку ден, само навечер пошто во контакт со сонце настанува депигментација на кожата.

    Како и да е јас не би играла со вакви креми на своја рака, зошто не отидеш на дерматолог? Еве јас кај што одам плаќаш само преглед 300 денари и ништо повеќе контролите ти се бесплатни, само одиш да ти го види лицето и да ти каже што и како да ставаш. Мене лицето ми се исчисти скроз од акни, а и јас вака се занесував и фрлав пари на секакви производи што ке ги видев, и само повеќе си го расипав лицето.

    Не го оптеретувајте толку многу лицето, со пилинзи маски гелови и свашта. Колку поедноставно толку подобро.
    Имаше период кога не можев да замислам да не ставам пилинг или крема, е еве од септември навака немам ни маска ставено ни пилинг а лицето ми е почисто од било кога.

    За миење на лицето е доволно само обичен бебешеки сапун ( ова е по препорака на дерматолог) ако не ви одговара сапунот земете полесно гелче за миење, оние на нивеа со огранско потекло што се со арганово масло се супер.
     
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ако прашањето се однесуваше на мене, јас бев на дерматолог и тој ми ја препиша оваа крема заедно со лосион за миење лице од Еуцерин, така да не си „играм“ на своја рака. А за девојката погоре што рече дека е застарена, можеби, но мене сеуште ми врши работа, па ако престане, ќе ја земам оваа што ми ја препорача, во консултација со дерматолог. Фала за препораката :)
     
  10. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Мене ми одговараа и двете креми, за сега не користам ниту една, зашто долго одев на дерматолог и немам некои екстра резултати. Чекам резултати од хормони, зашто по толку одење на дерматолог не ми се среди проблемот.... :( :( :( си користам само облоги од чај од камилица кога имам црвенило или некое ново мозолче....:) Се согласувам со девојката погоре, колку е поедноставно толку е подобро ;)
     
  11. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.204
    Допаѓања:
    10.111
    Заштеди си на време, нервози и пари и пости дерматолог, не се залажувај со домашни лекови и кремчиња што ги правеле баби, штом ти се влошува состојбата доктор најмногу може да ти помогне. Ако не реагираш брзо проблемот може да биде поголем и потешко да се исчистат акните штом почнале да се шират.
     
  12. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Oxymoron пред се постот го пишав за tikvi4ka992, бидејќи прочитав дека ја става кремата на цело лице, а до некаде и за тебе, бидејќи ти ја препорача соната да ја ставаш само на акните, а всушност е спротивното, се става на цело лице, само не на акни ;)
     
  13. tikvi4ka992

    tikvi4ka992 Активен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    6
    Незнам, изгледа секој дерматолог различно кажува, мојот дерматолог ми рече дека се ставала само на мозолчиња, заради тоа што содржела adapalenium киселина што ја намалува активноста на лојните жлезди. И да предизвикува луштење на кожата и значително ми ги намали акните, но сеуште имам :/ така даа...мора да имам проблем со хормони изгледа, зашто долго време ги лечам ама некако не се повлекуваат :( ... сепак јас мислам дека е поубаво да се свртеме кон бабини лекови отколку кон овие хемикалииве. Последно користев една крема Кралица беше на природна база, со некои тревки и витамини А, Д, Е, К ја користев само две недели и имав одличен ефект.
     
  14. Oleeenka

    Oleeenka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    523
    Сакам да прашам. Која е разликата меѓу ова кремче здраве [​IMG] и ова [​IMG]. :)
     
  15. 12masima

    12masima Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    29

    И јас исто го имав тој проблем , но го најдов решението :) Оди во аптека и побарај го кремчето "Имекс"
    Прво изми си го лицето со сапун или исчисти го со тоник, а потоа нанеси малку на местата каде што имаш брунчиња , кремчето е сосема малечко во бело мало кутивче а инаку има боја како на кожа ...
    Пробај и да видиме што ке се случи ! ;)
    Позз[/quo
    Magica me interesira od koj grad si i od kade go kupi kremceto Imex ? mene mi go preporaca dermatolog...se nadevam korisno e poz
     
  16. izabela63-64

    izabela63-64 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    44
    Јас кога имав 14 години мојата постара сестра ги имаше истите проблеми.Нејзе и се појавуваа акни и на лицето и на грбот.Но таа исто така правеше многу голема грешка што ги чепкаше.Отпрвен си купуваше разни креми од аптека(кои ги плаќаше многу скапо),но ниту тие не дејствуваа. :( По некое време таа престана да ги чепка и акните се повеќе и повеќе исчезнуваа.Кога посети матичен лекар и кажаа дека може да исчезнат мозолчињата на тој начин што треба да ги мачка акните со ракија(знам дека идеја ви звучи многу старовремски и чудно но резултатите беа многу ефикасни).Сестра ми на почеток не сакаше бидејки таа мислеше дека нема да има никакви резултати,но по некое време се согласи.По само две недели лицето и беше скоро исчистено,а сега веке нема ниту едно мозолче ниту на грбот а ниту пак на лицето.Па затоа девојки ја би ви препорачала да го пробате и овој начин,затоа што нема што да изгубите.
    Позз! :) :D
     
  17. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Само ова :up:
    [​IMG]
     
  18. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Девојки,ми треба ваша помош,не за мене за мој близок..
    Која крема за лице би ми ја препорачале за овој вид на кожни проблеми?
    Значи,овие на сликава се некои како грутчиња тврди на кожата,претпоставуваме се јавуваат од сонцето,блага изложеност на сонце,не болат,но многу често се јавуваат...
    Ако може некој нека ми препорача нешто..
    Ви благодарам,однапред,се надевам ќе споделите нешто...
     

    Прикачени фајлови:

    • PHOT0380.JPG
      PHOT0380.JPG
      Големина на фајлот:
      129,1 KB
      Прегледи:
      300
    • PHOT0381.JPG
      PHOT0381.JPG
      Големина на фајлот:
      110,4 KB
      Прегледи:
      298
  19. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ^ Најдобро е да си одите на дерматолог, матичниот ке и даде упат, и најмали промени на телото не треба да се занемаруваат,(поготово кога се работи за постаро лице) може да се показател на нешто посериозно, а и не мора да значи, за тоа си има стручни лица кои дипломирале во таа област.
    Поздрав
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Да,бевме на дерматолог,но ни препорача крем,незнам како се викаше,но не помогна,затоа прашав тука да не знае некој крем,за ваков вид на кожен прблем.
    Сепак благодарам. ;)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.