______________________________________________________________________________________________ Пробајте со ICE Plant MED крем мачкајте се 3-4 пати дневно околу една недела. Ќе видите колку брзо ќе се повлече. Малку е поскап околу 1200ден. но има многу голем ефект
Имав чисто лице до пред 2 недели. Но, само на образите ми е нафрлано и тоа не се акни туку како некој осип, но не е алергија бидејќи не ме чеша. Редовно го мијам лицето со сапун Dove и го мачкам само со кремче Becutan. Пудра немам ставано последниве 2 недели ич. Што да ставам за да ми помини овој осип? Многу ми е нервозно!
Девојки дали некој може да ми каже дали го има користено Пјур Нејчр Органик Масло за чистење на кожата со екстракт од чајно дрво и рузмарин и гелот, какви ефекти има ?
Денеска ми спомнаа за линија на производи од Green Master, германска фирма со препорака за крем за акни од чајно дрво. Подолу го има каталогот на бугарски. Неможев да го најдам новиот од 2012/2013 ама и во овој го има, на 105 страна. Има чуено некој за оваа фирма? Некои препораки / искуства? http://www.green-master.eu/images/rekla ... 1_2012.pdf
Добро вие ја разбирате разликата помеѓу АКНИ и МОЗОЛЧИЊА. Неможе да ви се појават “акни“ пред добивање . Ајде да не бегам од темава. Имам прилично суво лице па немам многу проблеми со мозолчиња, обично ми се појавуваат неколку пред добивање ама не од оние со стискање. Го мијам лицето со Дав сапун, но сега почнав да го мијам со гелот од Авон 3 in 1 како понежен ми изгледа.
Не знаев каде би го вметнала ова но сметајќи дека нема кокретна тема за пилинг на лице, секаде би дошло добро (а можеби овде најмногу). Оваа крема од невен ја користам за чистење на лицето и доаѓа како пилинг. Ги вади нечистотиите од лицето. Откако претходно со тоник ќе го исчистам, нанесувам од кремата на лицето или на памук и со него го нанесувам на останатиот дел од лицето употребувајќи мал притисок. Бидејќи е многу мрсна, за да се постигне добар ефект, ова треба да се прави со ново памуче (или две, во зависност од тоа колку е потребно) се додека да ја снема маснотијата и вишокот од кремата. Ја купив од Зегин околу 170ден. На Regina е и е големо пакување, така да, ќе има за давање и на соседи
Незнам мене ми е чисто лицето..Незнам шо да ви кажам..Па не го чепкајте многу и мите го со млака вода и сапун
Па незнам јас имам една крема лола лала нз како се вика мала е паковката и со розева боја и мама ја користи инаку имам другарка користи нешто од орифлем нешто како тубичка е и така средно е по висина и со сина боја незнам пробај со кремата мислам подобро е
Сте слушнале ли за кремата Дермазан? Јас пробав малку ставив на мозолките и ми се засушија. Сега продолжив да ставам по малку само на местата кај што имам мозолчиња, па ќе видам резултати. Инаку, кремава е на природна база, има прополис, восок и масла од неколку билки (ај да не правам реклама ). Ако има резултати ќе пишам овде
Јас го користам лосионот и гелот Lea, исто така и еден крем на Doctors се вика Antiacne, мене многу ми помогна.
Денес земав глицерински сапун за лице, бидејки користев Докторс и сакав малку да сменам. Ве молам, доколку сте имале искуства со сапунов, да ми кажете. Прекрасно мириса, ама денес ми е прв ден да го користам (користам сапун сабајле и навечер) и битно ми е сапунчето да е добро. Па доколку има негативни искуства, а сапунов е за лице, кажете ми. Не е за зафркавање
Еднаш сапун на Докторс користев со еден посебен лосион и повеќе ми се направија проблемите со акни сега 3 години само со пилинг и маски за лице и морам да кажам дека подобро ми е лицево многу пати... Од гарниер пилинг за чистење е супер и маската од авон од краставица и од кал и она е супер...
Здраво Дали некој го има користено Дермону гелот против лузни од акни? - Ја имам гледано рекламата и не ми е верлив резултатот...чисто лице за неколку недели.
здраво, јас имам 21 год. и пред година - две почнаа да ми се појавуваат бубулички на брадата кои константно се тука(само што ќе поминат пак се појавуваат), сега гледам и црнки на челото ми се појавиле. Лошо изгледа зошто поголемиот дел од лицето ми е OK само брадата упаѓа во очи. Би сакала да Ве замолам да ми пишете дали постои нешто што ќе ми ја исчисти кожата на брадата. Aко во начинот на пишување и изразување погрешив, не ми замерувајте... нова сум.
^ Aма си се наплашила... Туку, имаш навика да ја наслонуваш брадата на рака? Верувам дека тоа е причината, ништо повеќе. Ако е така, обиди се да ја отстраниш таа навика.