Микродермоабразиjа во Битола или Прилеп? Некоjа феминка има правено? Цена, растоjaние од еден до друг третман, броj на третмани? Секоjа информациjа е добредojдена.
Женски ве молам за помош. Во последно време лицето ми се исфрлува повеќе, ама тоа и не ми е главниот проблем. Десната страна од лицето ми е навистина чиста, порите ми се многу намалени, немам изразени суви делови, немам флеки, АМА левата ми е хорор Пудра кога ставам сум ужас, 5 пудри пробав и сите ми ги изразија сувите делови на левата, а на десната е се супер.Порите ми се зголемени, дури и како мали лузни почнаа да се појавуваат, од самите пори.. Против мозолчиња ставам Anti Acne на Докторс, а вака обично пред пудра ставам од Авон Солушнс за комбинирана кожа...и пак не бива, стварно не знам што да правам. Т-зоната ми е мрсна... Некој совет? Како дефектна сум, една страна убава, една ужас.
Маца, а каква ти е состојбата на акните и местата околу нив - зацрвенети се, фаќаат гнојчиња или ? Мислам дека и ти тешко се одделуваш од пудрите како мене, па би ти предложила да ставаш малку, колку онака за изедначување на тенот, ако веке ептен ти е незгодно и не сакаш да излегуваш без пудра, а на самите брунчиња ставај коректор (ако ти се зацрвенети, зелен ќе ти заврши работа и нема да се познава откако ќе нанесеш пудра). Ставај облоги од камилица да го намалиш црвенилото и остави ја Анти-акне, најискрено. Избегнувај пилинзи, чисти ги „фатените“ места со акни со поблаг лосион, ете ти го предложувам Дермогал. Или, имаше една маска, толчиш една или две таблетки Апирин, капнуваш неколку капки лимонов сок и нанесуваш само на акните. Мене ова многу ми помага, па пробај. Да напоменам, имаме ист тип на кожа, затоа ти пишувам што ми било мене од корист во борбата со акниве.
Ако тоа ти се појавува подолго време и никакво средство за чистење лице не помага, тогаш веројатно станува збор за полицистични јајници,оти тие може да предизвикаат појава на акни, не мора да значи дека од пудри се појавуваат и слично.Така што треба да се проверат хормони, за да се види зошто се појавуваат, ако е до хормоните, тогаш со соодветна терапија, за некое време ќе се исчистат.Инаку какви и да се користат препарати за прочистување лице, нема да го реши проблемот, затоа би требало и тоа да се провери, доколку проблемот не се решава на било каков начин подолго време.
Маца акни или бубулички? Ако се бубулички провери кој е причинителот, да не го држиш телефонот од таа страна, да не си ја потпираш баш таа страна од лицето на раката, итн. Ме сфаќаш нели? Земи некоја маска за смирувачки ефект и мавни ги лосионите со алкохол доволно иритирани и суви ти се местата, пробај со Здраве особено навечер тој нели го смирува црвенилото.
Прво, благодарам за советите. Е сега, мозолчињата кога се појавуваат најпрво ме болат, поголеми се така, ама често знаат и такви бели да станат, зависи.Проблемот мислам дека всушност е откако ќе почнат да се залекуваат, настануваат како лушпички да речам околу и помеѓу нив, и пудра кога ставам се познаваат многу. Баш пробав со домашен пилинг, тој со шеќер, мислев дека ќе ми помогне, ама еве гледам денес не. Црвенило имам само мозолчињата кога се, после не. Мене ме чудат и порите многу, зошто се ваму толку проширени и се прават како мааали лузни на оваа страна. Кога забележав прв пат, одма се замислив да не спијам само на таа страна, ама баш спротивно, на другата спијам - десната, на таа го држам телефонот... Лосиони престанав да користам, само со Дав од краставица ја измивам шминката навечер.
Ми велеа дека од овој гел од Орифлејм многу врвеле акните.. го зедов па засега не гледам промена, има некој искуство со него?
Јас го користев пред некое време, има многу убав мирис и не е многу груб на кожата, но затоа па не ми ја вадеше цела шминка Во врска со акните, мене не ми помогна многу, само ми ги смири црвенилата. Но затоа зелениот коректор од истава колекција е феноменален, преку ноќ ми ги сушеше мозолчињата.
Па овој гел не е за вадење шминка, ами тоа е тоник, што треба да се стави на памукче и со него да се помине по однапред исчистеното лице од шминки и козметики. Има и гел за миење од истава колекција. И тој не е за вадење шминка, ами за миење на лицето. Јас ја имав колекцијата со лаванда и боровинка и немав некои видливи резултати со акните, ама затоа лицето ми беше меко и нежно. Ги користев највеќе затоа што прекрасно ми мирисаа, а ефект, пак ќе кажам - немаше некој ептен забележлив, од типот акните да се чистат по забрзана постапка или да спречува појава на нови. Единствено ги смируваше црвенилата.
Мишела, јас како што разбрав(а не можам да ја зумирам сликата), девојчето праша за гелот за миење на лице, а не за тоа што се става на чисто лице. И потенцирав дека не ја вади доволно шминката бидејќи јас прво поминував со влажни марамици на лицето, и после со вода и со гелот, и пак имав траги од пудра кога ќе се измиев. А сите гелови што сум ги користела ми ја ваделе цела шминка, тоа е разликата.
Вака незнаев кај да прашам но ми се појавија на лицето ситни брунчиња малечки незнам од кај излегоја Не сум алергична досега си јадам тоа што си јадам ништо ново и користев неделава вагиналети, Да не има од нив некое дејство или тоа што треба да ми дојди? Прв пат ми се случува ова имам на цело лице најмногу кај пределот на очите и ако му ставам крем или нешто слично ме печи. Сакав тука да прашам да не има некој слично искуство пред да одам да се проверам :/
Па мојот коментар се однесуваше на твоето мислење дека лосионот не ја вадел убаво шминката. Ако претходно поминуваш со влажно марамче, значи дека марамчето или средството со кое се миеш не e од тој тип за да ја вади доволно шминката и ти треба нешто што подобро ќе ја извади пудрата, како на пример млеко за лице и соодветно сапунче според типот на кожа. Јас секогаш вадам пудра со млеко, па влажно марамче, па мијам со сапун и на крај ставам тоник - памукчето е кристално чисто. Лосионов конкретно е за освежување на лицето и прочистување од нечистотиите и мртвите клетки, а чинам и за ублажување црвенила и средување проблеми со мозолки, па не очекувајте да вади и шминка ако веќе се миете со него - за тоа треба нешто „поагресивно“, како што веќе спомнав. Тоа ми беше муабетот, ама како и да е ...
Немам на лицето мозолчиња, ептен ретко да ми излезе некое, но ми се појавуваат пликови кои ме чешаат и ми стојат така црвени после како флеки од мозолчиња, незнам од што е, не сум алергична на ништо и чудно е што само на лицето ми излегуваат такви, моја претпоставка е дека се од некоја состојка што ја има ви дневните креми. Да не има некој сличен проблем, сум пробала секакви креми за лице но ниедна не била успешна. Последна ја зедов Леа, знам ја користат многу па ке видиме како ке се покаже, но не сум оптимист.
Дали сте задоволни од сапунчето на Dove од краставица, дали добро го чисти лицето од шминка или мора после тоа да се исчисти со лосион? И дали ја суши кожата?
Мене така ми се нрпави пред извесен период, како црвенило на некои места на лицето и малце ме чешање и после ми се направи лишаи. Веќе ми поминаа ги мачкав со маст од невен и мислам дека ми беа од времево. Иначе и јас не сум алергична на ништо ама ете овој пат ми испаднаа. Пробај мачкај ги со маст, ако не ти поминат за брзо време оди на лекар
Oдлично го чисти лицето, ама мене по миењето секогаш ми беше како благо-затегнато и ставав малку од млекото Бекутан, едно зрнце зашто повеќе ми ја мрсеше кожата - имам мрсна кожа. Мислам дека каков тип на кожа и да имате, сепак по миењето со сапун поминете по лицето со безалкохолен лосион наменет за вашиот тип на кожа или малку крем.