Jас имам кристално баш лице чисто,имам сува кожа ,лицево го мијам со од авон 3 во 1 едно гелче многу ми ја прави мека кожата,ги чисти нечистотиите,и има многу свеж мирис го освежува лицето....исто многу добар е сапунот на дове од краставица презадоволна сум...моментално ја користам кремата од биотен за сува кожа и супре е исто свеж мирис и хидратација...ги користам маските од авон од планет спа...и лицево ми е стакло... малку ми сметаат само црнки неколку на носов но не се познаваат јас ги примечам на страната онаа како зум од огледалото хехе и ги цицкам не знам како да се отарасам..
Го купив овој лосион, и веќе по недела дена, резултатите (барем кај мене) беа очигледни. Презадоволна сум. Им го препорачувам на сите кои имаат мрсна и проблематична кожа со акни
Јас имам во последно време проблем со Т-зоната , мислам немам нешто бубулици видливи , ниту па некогаш сум имала , меѓутоа таму лицето ми е помрсно , но истовремено и ми се лупи некако кожата , мислам не е нешто премногу забележливо ама ме нервира ,во исто време како да е и масно и суво , правам и пилинг , но никако скроз да се израмни , пак имам како да се лупи , не знам како да објаснам , но страшно многу ме нервира ... некој совет ?
Последниве неколку недели мака си мачев со лицето, милион такви глупави мали ситни бубулички кои само ме нервираат. Во секој случај, по препорака на вујна ми отидов кај нејзина пријателка козметичарка и сега сум вратена во нормала. Со женава баш фин муабет си направивме и она ми рече млада кожа дека никако не треба да се малтретира ни со третмани ни со хемија и чуда. Ми препорача редовно да нанесувам маска од мед, дури и секој ден по можност и да ви кажам навистина мене барем ми помага. Лицето ми е почисто и меко. Може на некој ќе му помогне па затоа да си пишам. Неверојатно проста е, се меша лажичка мед со лажичка вода, се нанесува на лице и се остава минимум 15 минути. И толку. За мене дефинитивно не се оние пилинзи и маски од продавница, после секој тип после ми се исфрла лицето. Решив да баталам тоа, си терам сега со маскава секој ден после туширање а за пилинг само со оној со шеќер.
Си купив денес Еуцерин против акни со заштитен фактор 30, па ќе ви пишам дали функционира. Тоа ми е последна надеж
И јас го имам користено пред неколку години, ама не ми се допадна затоа што остава премногу боја на лицето. Од почетокот не заприметував и еднаш ми се случи да излезам на училиште намачкана со тоа, целата портакалова во лицето. А и не мислам дека имаше некои поголеми ефекти на акните. За чисто лице имам едно свето правило: НЕ ГО ЧЕПКАЈ ЛИЦЕТО СО ПРСТИ!
Двапати во неделата си го парам лицето на камилица и си го чистам после со камилицата со памукче, после ми е меко, нежно и свежо лицето.
Јас стварно го препорачувам овој крем на Алое Вера Сум пробала многу работи од Авон, сапуни, но само тој ми помогна. Си вреде и за парите, 850 денари е ама ептен сум задоволна. Препорачувам :up:
Девојки, видов денеска на една реклама на Fox, еден производ од Vichy за акни, дејствувал за 2 часа и нешто како веднаш го снемува мозолчето.. Да не знаете како се вика, каде може да се најде и колку отприлика е цената?
^Јас имам користено многу од производите на Vichy од Normaderm колекцијата за акни и масна кожа, но мене лично не ми имаа многу ефект овие производи. Секој дерматолог ќе ти потврди дека не постои препарат кој ќе направи за час да исчезне мозолчето, може да го намали црвенилото, да го смири, ама не се залажувај дека може да исчезне.
Сите продукти на Неострата се фантастични( имам работено со професионалната линија). Конкретно овој ти е за масно лице. Не знам каков проблем имаш со лицето но само тоник или средство за миење не може да ти помогне многу. Еве еден совет од мене во случај да имаш масна кожа со акни. За миење на лицето користи Dove сапун пилинг, крема земи некоја медицинска за масно лице( Еуцерин, Авене, Гамард) и на акните можес директно да мачкас крема Сона или Скинорен. Поздрав
Мене ми беше супер за чистење на црнките и лупешките кои ми се создадоа при користење на еден агресивен лосион против акни. Дефинитивно не е за оние со сува и нормална кожа, а дури и ако имаш комбинирана или мрсна - не го употребувај секој ден. Два до три пати неделно е сосем доволно.