Јас имам осетлива кожа и еден период си имав доста маки со лицево. Пробував доста работи, ама ретко нешто да делуваше. Сега користам гел за миење лице на Refan И крема на Young Derm за проблематична кожа И најважно - престанав да користам течна пудра! Страшно ми ја иритираше кожата, ма не знам каква пудра не пробав... Од секоја пудра ми се исфрлаше лицето. Сега користам само коректор доколку имам потреба и камена пудра. Лицето ми се нормализира, мерак ми е кога гледам колку ми е чисто
Коректоров го користам постојано ,многу е добар.Зеленото е за покривање на црвенилото.Освен што покрива исто и ги суши акните.
Можеби не е за чисто лице, но за почисто е сигурно .Четката за лице ја користам скоро пола година и можам да кажам дека вистина го чисти лицето подобро одколку само прстите. :up:
моето лице е полно со такви ситни брунчиња, цело чело образите, ми се појавија флеки од страните како темни кругови па дури и вратот ми се нафрла. Ова ми трае веќе подолг период пробував све и свашта стварно незнам како да си помогнам многу се нервирам бев и на стискање на дерматолог ама џабе. Ве молам ако некој имал ваков сличен проблем да ме посоветува што да правам, почнувам да се искомплексирувам со лицево
Темните дамки се појавуваат од изложеност на сонце. Оној кој е со осетлива кожа, си има мака. Затоа, преку ден користи крем во кој се содржи max 30 заштитен фактор. Но при купување, внимавај да не купиш крем кој е за постара кожа бидејќи тие се најчесто со таков фактор. Комбинација од крем против акни во кој се содржи и заштитен фактор е одлична опција. Користиш пудра? Ако е така, веднаш исфрли ја од употреба на поголем период за да не направиш уште поголем проблем. Еднаш неделно прави ексфолијација на лицето бидејќи според тоа што го напиша, веројатно имаш мрсна кожа.
Коректорот го имам користено, ми стои две години, лицето ми стана уште толку поцрвено од предходно и искрено кажано, за ништо не вреди..
Девојки ова почнав да го користам и навистина ми помага,ми ги суши брунчињата..(го препорачувам најискрено)
Јас лично ги немам користено, но бев зачленета во орифлем и авон, и луѓето ги порачуваа и едните и другите и позадоволни беа од тие на авон, сега не сум зачленета ни тамо ни тамо така да не е реклама поззз
Досега најмногу ми помогна сода бикарбона.2 пати неделно правење пилинг е сосема доволно.Доколку имате чувствителна кожа и мислите дека пилингот би бил премногу груб(иако не е ,но сепак зависи од типот на кожата) мијте го лицето со раствор од сода.Вреди да се проба ,сепак не е штетно и не е скапо.Јас сум задоволна
Девојки, некоја да не има користено јаболков оцет за акни? http://denesen.mk/web/2013/04/05/foto-ovaa-ubavica-go-cisti-liceto-so-ocet/
Јас озбилно се мислам да си направам домашен крем за лице. Нешто као мевлем од пчелин восок ќе му дојде. Ќе ги правам од невен, може рузмарин, нане, камилица да ставам плус. Може и некое масло. Нека биде ноќен крем. Се мислам, да додадам и нешто друго, што би можела, а ?