Многу лесно ,земаш една лажичка сода ,ставаш многу малку вода колку да се направи паста и со неа го триеш лицето,па плакнеш.Или пак може да се направи раствор,отприлика 1-2 лажички во чаша вода раствораш јас некогаш и повеќе ставам.Ова може да се користи после миење со сапун или гел ,или пак место нив, како мислиш дека повеќе и одговара на кожата
Јас флеките, како и целото лице си ги исчистив со компир. Двапати неделно нанесував на лицето рендан жив компир (попрактично е да се ренда на ситната страна), а со течноста што ја испушта компирот при рендањето, го миев цело лице и го оставав да се исуши на мене. Потоа со Дове сапун се измивав и лицето многу набрзо ми се среди. Компирот е природен избелувач за кожа, така да ви препорачувам да пробате. Ете кај мене имаше убави резултати.
Имам доста лоша коа.. мрсна и многу флеки.. дерматофаги и поткошни митесери. Користам квалитетна козметика. поседно што купив е Лаш англиска доста скапа.. но навистина ми помогна.. го снемува црвенилото уште со самото ставање. Се трудам и го истам реедовно. Дали имате некој совет? Се молам за денот кога ке се погледнам во огледало и букбално нема да најдам ниедна мана, и ке си кажам денес нема потреба од шминка. Ставам секојдневно пудра.. но стварно внимавам да не е премногу пошто вештачки изглед ми оди на нерви.. сакам што по природно.. но за жал приморена сум да ставам пошто само така може да направам да не се во преден план. Ве молам за некој совет?
дали според генетика е или незнам, јас имам чисто лице. никогаш ништо не сум ставала, кога сакав да купувам маски,не зашто имав нешто на лицето него чисто зашто и другите купуваат, јас од претерување, мајка ми ми забрануваше такво нешто. на лицето само помада Бекутан ставам, тоа уште од како мала, и маска си правам од јајце и пченкарно брашно, и го чистам со натопено памукче со чај од камилица. и тоа е. Секогаш сите ми го фалат лицето, како го одржувам, некогаш ми е страв од толку фалење да не ми се поремети лицето хихиих кога им кажувам дека ништо не користам ова она, не ми веруваат.
Јас моето лице се до пред месец дена го чистев со garnier пилинг и чиста вода. Од помада лицето ми трпи само Бекутан. Сега пред некое време го користам и лосионот од young derm. Задоволна сум ама осеќам дека малку ми ја суши кожата.
Девојки дојдов на темава да ви кажам мене што ми помогна. Се мачев вака со вакви рецепти, компир, лимон, краставици мед, сода бикарбона и триста глупости. Потоа читав по темивие за лосиони хлорамфеникол хлоракол - само ми ја влошија ситуацијата со лицето. Затоа отидов на дерматолог. Ако акните не ви се на хормонска основа, купете си антибиотик за лице ама никако во форма на лосион, туку како гел или маст. Најдобар е Далацин ц- во форма на гел е ама морате да го порачувате од Грција ( околу 300 ден), или тука го има само во Виола аптеките поскап е за 2 евра тука, јас за Виола знам дека има само во Буњаковец. Исто и миробакт ( околу 350) како маст е, ми го препорача дерамтологот ама тоа како втора опција кога ке ми се презасити лицето од далацинот. Кај овој лошото е што многу чеша. Исто можете и хлорамфеникол од Алкалоид ама како маст 5% да си го купите од аптека ( околу 86 ден). Ставајте 24 часа од него. Лицето постојано нека ви биде со антибиотик, на целото лице значи. И обавезно преку ден крема со заштитен фактор ( сонцето ги фиксирало лузните и флеките и потешко се чистеле така). Ставјте без ралика дали врне, или има сонце Можеби првите дена ке ви се влоши состојбата ама тоа е поради тоа што оние подлабоките жариште ке почнат да избиваат на површината, ама тоа е добар знак. По некое време ка имате се помалку акни. Е кога ке дојдете до таа фаза да имате само по неколку локализирани, а не по цело лице ставајте од антибиотикот пак 24 часа, значи нон стоп да имате од него, ама само на акните. Ама сега почнете за користите преку нок триакнел на авен е, како жолт маст е/ крема ( поскап е околу 1000 ама вреди)-третионин има во себе и не смее да се става преку ден, не смее да дојде во контакт со светлина. Улогата на кремов е да го отстрани горниот слој на клетки за да може потоа да се излечат флеките. Поради тоа лицето ке почне да ви се лупи ама токму тоа и и треба на кожата. Истово на почеток на темава го има пишувано НИНА24, потрудете се да почнете од таму да читате, истото што го препорачува доктор го има пишано и она. И најважно НИКАКО ЛОСИОНИ можеби ви се чини дека ви помагаат ама полни се со алкохол, и по одредено време кога ке престанете да ги употребувате лицето нагло ке ви се исфрли, бидејку алкохолот ја исушил кожата и лицето почнало да созадава себум во поголема колина што е причинта за акните. Мене токму овие лосиони што ги користите и препорачувате хлоракол, хлорамфеникол и нез уше кој беше ми го уништија лицето, не ставајте тоа по ниедна цена на лице, не за џабе се забранети во некои земји Заборавив да напоменам, лицето мијте го со благ сапун - најобичен детски најмногу два пати дневно ако сте поголемиот дел од времето излезени надвор.Ке си приметите сами по себе, ама немојте да претерувате па дополнително да го сушите. Пред да појдам на доктор, не можев да си го замислам лицето ако не направам пилинг или ако не ставам маска за чистење на лицето. Ке си го измиев лицето со гел за миење и пак си го осекав мрсно. Сега одкако сум на оваа терапија- од август немам ставено ни маска нити па пилиг направено на кожата. Немам потреба од тоа. Се надевам ке ме послуша некоја од вас
Simoncelicius, фала ти што сподели. Инаку баш ме израдува со информацијата дека Dalacin С го има и тука. Еден период, одамна беше, го користев и лицето ми беше СТАКЛО ! Сплет на околности не можев да го најдам повеќе, го пробав и лосионот исто од Dalacin C, ама не беше тоа тоа. Го најдов пак гелот од Грција, арно ама имав чувство дека кожата ми се презасити од него. Сега пак ќе си го купам од тука, ма колку сака нека биде поскап. И те молам известувај не и за третманите и искуствата со д-р Николина, планирам и јас да ја посетам крајот на месецов.
драга simoncelicius сето ова сто го напиша верувам дека многу ќе им помогне на повеќето девојки кои имаат слични проблеми и се радувам што си нашла соодветни креми и други работи кои ти помогнале за да имаш чисто лице. Но ако не се лажам оваа да ја наречам терапија е за исклучиво мрсна кожа, така?! јас немам мрсна кожа, нормална накај комбинирана ми е, а има периоди и кога некои делови од лицето ми се суви. и јас имам пробано триста глупости но неможам да си најдам совршена крема и гел за чистење, па читајки по форумов решив да ја посетам др.Нина од Медикоз, но за недела две Каде одеше ти на дерматолог? А иначе од тој клиндацин или клиндамицин и хлорамфеникол лицето ми стануваше уште полошо, затоа не се ни трудам да барам лосион (тоник), не ми одговараат и потполно се согласувам со тоа дека се полни со алкохол и му штетат на лицето.
cocopuff мислам дека ако ставаш на акните од гелчето не би имало проблем сепак антиботик е. Јас имав мрсна кожа, и акните ми беа насекаде, ретко ама на цело лице, незнам како да кажам ама имав по 3-4 на цело, по 4-5 на образи, на секој дел. Ама ако си во план да одиш на дерматолог, почекај и види што ке ти каже. Јас одам кај Нина, женава мн ми помогна, нема да згрешиш ако отидеш. Имав пишувано во темата за дерматолог, да не бараш еве ке постирам тука Во дебар маало е, улица Орце Николов 111, телефонот е (02) 3131 386 Инаку senza.parole пишав и во темата за микродермоабразија за третманот, ако те интересира прочитај го
Имам проблем со лицето меѓутоа ништо не ми помага и како што ми кажа гинекологот имам полицистични јајници кои се причинители на акните, а одговорот за помош беше ''нема лек''. Дали некој има слушнато за ова предходно?? Лосиони и такви ствари не ми помагаат а ако зимам апчиња кои би ми ги препорачал дерматолог мислам дека би било привремено сето тоа..
Здраво дечки,до сега сум немала некој проблем со кожата ама во последно време си забележувам црнки во пределот на брадата и носот...И порите околу носот како да ми се раширени и ко ке се видам онака скроз одблиску како да ми се полни со нечистотија...А редовно користам лосион за дезинфекција,за прочистување на лицето...Е сега дали има некоја маска или некој препарат со ексфолијати што го имате пробано и функционирал...Оти до сега се имам раздаено пари по гелови за митесери итн од авон,орифлејм...
Девојки, имам 15 години и имав навистина проблематично лице, имав преногу акни и црнки но со помош на LEA гелот, лосионот и кремата на Doctors Herbal cream, лицето после 8 месеци навистина ми се исчисти, сега сакам да си земам сапун на Dove i кремот Antiacnе на Doctors. Сакам да прашам дали ќе ми штети ако го користам овој сапун со тој крем?
Како бре рекол дека нема лек значи за аполицистични јајници ги даваат диане35 и уште едни, моментално не ми текнува како се викаат. Исто е добро да си провериш хормони и да отидеш на дерматолог. Повеќе можеш да си прочиташ тука bremenost/policisticni-jajnici-t1888/ Лек има да знаеш, мојата другарка го има истиот проблем, пие апчиња и лицето почна да и се средува.
Ann.loves.you само што сакав да ти пишам ама гледам веќе ти одговориле, мој совет ти е да си го смениш гинекологот, појма си нема очигледно. Ние од општа култура знаеме што препишуваат кога ке се јави тој проблем, а овој ама ти кажал ти нема лек, како сида да е недај боже. Другарка имаше проблеми со лицето, и кај неа дијагностицираа ист проблем, и дадоа диане 35 и се реши проблемот. Ама подобро ти е да се посоветуваш со лекар, знам дека таблетиве во неколку држави се повлечени бидејќи се штетни, колку што имаше на вести и колку што се секавам во Франција починале 4 жени. Не е ова да те плашам туку колку да имаш информација да знаеш да се распрашаш. И девојки ви пишав погоре, лосиони по ниедна цена не ставјте на лицето.
И јас го имам истиот проблем .Моја другарка ги излечи пиејки некои апчиња препишани од гениколог во 3 средно но како последица на тоа не можеше да остане трудна и после 10 год маки роди син. Не ризикувај имаше една крема но сега е укината пробај исчисти ги т.е истискај ги па прво со млака па со ладна вода па намачкај ги со сок од лимон или апче аналгин растворен во вода мн малку директно на брунчето.Мн. помага, пари не фрлај по козметичари одев мин 3 год нон стоп. Пробај контратубекс мн. помагал.
Покрај редовна посета на дерматолог/козметичар и редовно користење на гел за миење, лосион и крема која ви одговара, никако легнување со шминка на лице, многу е важно да се пие МНОГУ ВОДА!!! Знам дека изгледа глупо и смешно, но пробајте - има резултати (барем кај мене)!
Знам бев на дерматолог и ми препиша анти беби пилули :\ значи испитував хормони се ми е во ред фала богу,редовна менструација и сега мајка ми кога слушна вика не се зезај со такви апчиња може само проблем да си направиш..немам доверва во нашиве доктори некако. Фала многу за советов ствив апче и многу малку ама ги смирува барем... а контратубекс што е?
Dalacin C, купен. 426 ден., од Viola аптеките, ако го интересира некој. Simoncelicius, Значи со овој терам 3 месеци, така? А, после третиот месец да си го купам Triacneal на Avene? Прашав и за овој 880 ден. ми кажаа цена во Viola. И те молам, ако имаш мрсна кожа (или без разлика каква) кажи ми каква крема со заштитен фактор користиш?