Во неколку постови низ темава има совети за земање цинк, па сакам да прашам зошто е корисен и дали се купува од аптека како витамин или ?
Темов е салон кој што помага на проблематични лица, ама е скапо и плус они даваат нивни креми на природна база па третман може да чини и до 1500 денари.. Мои другарки одеа, и многу им го средија лицето Незнам колку ти е проблематично лицето. јас одам на приватно, кај жена која работела долги години по салони, а сега има сопствено студио и сум задоволна, ама немам мн проблематично лице. Плус чини 350 денари третман. Дерматологија Анчевски ја фалат исто. Ама незнам ништо повеќе за оваа.
Јас деновиве планирам да одам во Жанета, одев таму на депилација и се распрашав за третманите од 500 до 1000 им се, во зависност со што те третираат. По другарки што прашував, исто така ми го препорачаа. Е сега сакам да прашам да не знае некој за кожно во државна болница како е. Читав пред некое време дека отвориле нешто ново на кожно, дерматологија ама медицинско козметички ги лечеле акните .. ако има такво нешто
Темов козметика адреса: Народен Фронт 25/2 телефон: (02) 3113 151 Д-р Анчевски Ласер Лаб адреса: М.Т.Гологанов 28 место: Скопје телефон: (02) 3216 608 локација: до студенски дом Кузман прашај си за цени
Точно! Истото ова дервматолог ми го има кажано. NIVEA производите не се така добри како што мислиме... Јас сум задоволна од третманите во Guinot , морам да ги пофалам и Lash поточно маслото Grease Lightning наменето за мрсна кожа склона кон акни. Не го користам долго,а веќе има резултати: лицето не ми се мрси, а бубуљиците од челото почна да ги снемува... Треба и на исхрана многу да се внимава благо, луто, зачинето НЕ! 2 литри вода на ден и лицето после миење да не се бриши со крпа туку со хартија. На крпата се лепат бактерии и при бришење на лицето тие уште повеќе се размножуваат.
И јас исто го имав тој проблем , но го најдов решението Оди во аптека и побарај го кремчето "Имекс" Прво изми си го лицето со сапун или исчисти го со тоник, а потоа нанеси малку на местата каде што имаш брунчиња , кремчето е сосема малечко во бело мало кутивче а инаку има боја како на кожа ... Пробај и да видиме што ке се случи ! Позз
Цинкот е минерал и меѓудругото корисен е за побрзо заздравување на ранички, лузнички, за зајакнување на имунитетот, за регулација на лачењето на лојните жлезди.... Го имаш по аптеките. Еве во продолжение ископиран извадок од една статија од ФЕМИНА. Зошто е важен цинкот? ОстригиОстригите и другите морски дарови се богати со цинк. На повеќе од 200 ензими во телото им е потребен цинкот за да функционираат правилно. Цинкот е потребен за создавањето на многу хормони, меѓу кои и хормоните кои што му кажуваат на имунолошкиот систем како да се бори кога ќе го нападнат бактерии. Цинкот е особено важен за оние хормони, кои што го регулираат растот на телото и машкиот хормон тестостерон. Недостигот на цинк кај мажите го намалува нивото на тестостерон и бројот на сперматозоидите. Нивото на тестостерон влијае и врз сексуалната активност, големината на мускулната маса, растот на коските и сл. Затоа е потребно мажите да му посветат поголемо внимание на цинкот. Организмот се справува полесно со настинките и грипот кога има доволно цинк во него, затоа што цинкот помага за зајакнување на имунолошкиот систем. Освен тоа цинкот помага и за одржувањето на добар изглед на кожата. Тој го контролира лачењето на лојните жлезди и помага во борбата против акните. И добриот вид на очите во голема мера зависи од цинкот. Најголем дел од цинкот во телото е концентриран во кожата, косата, ноктите и очите (кај мажите и во простатата). А еве ти и линк за цел текст: http://www.femina.mk/здравје/витамини-и-минерали/цинк
А на белезите помага ли? И да не смета бидејки јас како лосион го користам Клиндамицино..па да не е нешто штетно што ке ги мешам? И колку пари е..во аптеките ли се продава..? Фала однапред..
да да ја бев во државна на кожно тоа е дерматоневролог.. мене докторката кај што бев многу ми помогна.. еве сега во понеделник пак ке одам кај неа на контрола... да не сакаш и ти на кожно да идеш?? ако сакаш кажи да ти ја препорачам докторкава супер е... позз а иначе тоа е терапија со лосиони, креми...
ај пиши која докторка каде, колку се плаќа и какви терапии ти прави баш ми интересира, си имам и јас проблеми со лицето одвреме навреме
па не се плаќа само треба упат од матичниот да си земеш и плаво талонче... а иначе кажав на клиниката за кожни болести се наога докторкава, Лидија Голева се вика...
па кажи каде најмногу ти одговара местото, кај ти е поблиску, кој дел од скопје и ке видиме што ке ти препорачаме поззич
Девојки јас денес си ставив прв пат зелена глина,кажете ми по колку време обично ја држите на лицето?