Triacneal на Avene успеа толку евтино да го најдеш? Јас од зегин го земав за 1000 и нешто. Вака, не значи дека мораш три месеци да тераш, мислам дека не пишав три месеци Ке го користиш на цело лице, да имаш од него нон стоп ставено, кога ке можеш ставај, јас обично ставав 3-4 пати на ден, зависи кога како, ама важно е да ти е постојано, на цело лице. На почетокот постои можност да ти се влоши лицето, ама тоа е нормално, ги турка сите подлабоки жаришта на површина. Е кога ке ти се смири лицето, и ке имаш ретко ретко акни, тогаш почнуваш со авен триакнеал. Ама пази со него, никако на светлина, ако дојде во контакт со светлина може флеки да се појават. И треба да знаеш дека триакнеалот никако не се става на акните. Да сумирам, користи го далацинот, постојано и преку ден и ноќе, се додека акните не ти се изретчат. Кога ке почнат да се губат, тогаш далацинот ставај го само на акни, повторно 24часа да го имаш на тебе, ама навечер, ке ставаш од триакнеалот секаде освен на акните, значи таму каде што немаш акни. Се надевам ме свати, ако имаш некој проблем пиши ми лп слободно. А за крема, си земав исто на авен. Ме фати 1000 и нешто, бидејќи е со 50 заштитен фактор е поскапа. Ми рече докторкава дека може и поевтина може и поскапа да си земам не е проблем, битно да е висок фактор или 30 или 50. Јас ја земав еве оваа барав за мрсна кожа ми ја препорачаа оваа за комбинирана. И ја имаш истата само како тонирана крема, потполно истата само што ке ти даде малку боја на лицето ако не сакаш да шеташ без пудра, се зезнав што не си ја земав таа. Ја земав во зегин, ако ја земаш истата провери пак во виола колку е може ке е поевтина, како со триакнеалот. Единтвено лошо е што тешко се размачкуваат, ако не припазиш ке шеташ со бело лице И гледај да не ставаш пудра. Со другарка го имавме истиов проблем, и двете заедно почнавем со иста терапија, она не ставаше пудра јас ставав. Верувај дека на неа за дупло пократко време и се излечи лицето. Дерматологов ми рече ако веќе сакаш пудра некоја полесна, и само навечер и тоа максимум 3-4 саати никако на сонце со пудра. Ке ти биде тешко можеби ама верувај кога веќе ке се откажеш и ке се навикнеш без пудра, после кога ке ставиш пудра лицето ке си го осекаш валкано. Мене ми беше чудно, никогаш не излагав без пудра, ама еве се навикнав, и ми го фалат лицето, поубава сум им била без пудра Сеа кога ке ставам едвај чекам да дојдам дома и да ја измијам, осекам како тон прашина да имам на мене а додуше и пудриве уште толку ги истакнуваат акните. Башка и кога ке почне да се лупи лицето од триакнеалот, ако немаш пудра не се познава. ама стај пудра на такво лице и сите лушпи ке ти се видат
Постов ви го пишува девојче со многу проблематична кожа Имав многу лоша комбинација, лишаи и делови на лицето што се суви, други мрсни, а воедно и многу акни почнаа да ми се множат. Луѓе партал ми беше еден период лицето од акни, не можев да замислам да излезам од дома без пудра. Што се не пробав за да ги откачам лишаите, а и акните. Бидејќи ништо не помагаше, мајка ми ми го купи сапунов и ми нареди ништо друго да не користам освен сапунот. Ја послушав и го видов господ! Значи откачив се, и само со сапунов се миев, а на излегување пудра ставав (Seventeen natural velvet, без подлога бидејќи самата пудра е доволно течна и како самата да содржи крема). Од тогаш не ми излезе нова акна на лицево, и лека полека се повлекоа сите! Сега само уште неколку бледи флеки од акните се познаваат ама се повлекуваат и тие полека, се со време. Слободно можам без пудра да си се шеткам сега. Две-три недели отприлика користам и ви го кажувам резултатот. Совршено делуваше на мојата кожа, се си зависи од кожата, ама нема да изгубите ништо ако пробате.. just sayin' .. толку било просто решението. Инаку кај ушите ми излегле две акни бе таму дека не ставам од сапунов за да не ја намокрам косата, значи негде мора да ми излезе мене, не бира место. Ама не ми пречат и онака не се гледаат.
А да ми кажевте некоја маска или некој гел за длабинско прочистување на порите и за третирање на митесери?! Јас си прашав ама не добив одговорче
И јас имав многу проблематично лице но почнав да го користам Lea гелот заедно со лосионот и кремата на Doctors-Herbal cream, исто така и еден ден во неделата си го парев лицето и ми се исчисти лицето.
Си направив! Ми се зачисти лицево Многу обично! Ставив саќе во масло, имав само сончогледово, ставив и мед и нане. Го стопив и капкав по малце водичка и мешав. Се залади и почнав да го мешам. Супер е. Наредниот пат поубаво ќе биде. А и ќе одделам еден дел и ќе му ставам цимет и и двете ќе ги користам како маска преку ноќ и насабајле плакнеш. А претходно се мијам со гел, а може и со водичка и домашен тоник. Што да кажам џенски, верувајте и на природата. Лиценцево стакло ќе ви биде! И благодарно ќе ви биде што не го мачите со секакви хемикалии. И да бидете креативни како мене. И штета од природното баш и неможе да имате.
Па ако не ти е тешко кажи ја постапката за крема и ние да си направиме... и количински што и како стави....
Објаснив, ама пак ќе кажам. Татко ми од комшијата донесе саќе од мед. Еве и слика да знаете за што ви зборувам. Оној дел каде што саќето беше празно, без мед, значи крајните делови ги отсеков. И од око ставив масло, односно целото го потопив и го ставив на тивок оган да се стопи. Пчелиниот восок се топи на 45 температура. Значи да не се изгубат хранливите состојки немојте на силен оган. Ставив и саќе полно со мед една лажичка. А инаку она празното саќе прво го згмечив за да не ставам многу масло, оти ми е мрсна кожата. Ставив и нане. И откако се стопи нането го извадив со лажичка. Откако го извадив нането почнав капка по капка да ставам вода и мешав многу брзо за да се соедини водата со маслото, да не излезе на површината. Послем се залади и медот падна долу а восокот горе па продолжив да мешам се додека скроз не се излади и не ми се соедни. За нареден пат ќе си знам да не ставам мед бидејќи лепи откако се стави. И помалку масло ќе ставам бидејќи восокот би ми бил супер и за дневна крема. И ќе ставам и други билки ситно исецкани и послем ќе прецедам. Тоа ви е исто како и мевлем, мевлемот така се прави. Тој на пареа се топи ама може и на тивок оган. Бидете креативни, барајте по интернет и ставете некои етерични масла ако имате, ставете повеќе билки и ако имате мрсна кожа ставете помалку масло. Ова го направив на зафркација ама супер испадна. И за нареден пат ќе знам за да ставам повеќе состојки, поубаво ќе го направам и ќе ставам помалку масло без мед и ќе ми биде дневна крема. И да задоволна бев што брзо ми се впиваше, знаејќи го фактот дека на кожата и се потребни ендо 26 секунди за да впие. Затоа не им верувам на козметичките продукти. И верувам на природата, а за ова сум 100% сигурна дека е природно.
Кои сретства се користат за лице без брчки? Моја роднина има повеќе брчки на лицето, па ако знаете нешто... кажете... Фала однапред.
Пенатенот и Здраве би требало горе-долу истот дејство да го имаат, нели? Затоа што видов, и на Пенатенот пишува дека содржи цинк оксид. Која е подобра?
Јас ја имам користено колекцијата. Убаво ми делуваше на кожата, ми го регулираше масниот сјај, тоникот е многу нежен на лице и прекрасно мириса, ама во врска со акните и не забележав некоја огромна промена - нив си ги имам периодично, најчесто нешто пред и по циклусот.
Има во тинексот едни Дермогал и Хлоракол тиа купи си ги и чисти го лицето , истотака не го фаќај со валкани раце , можиш го направиш онаа третман за лице со пареа баш го има на фемина тоа многу многу помага... исто така од Космо има еден тоник Cera di Kuppa тоа можеш истотака ако н си во добра финанасиска состојба можеш со ракија да го чистиш .Ама најмногу ти ги препорачувам они од Тинекс најмногу Хлороколот дека сум ептен задоволна од него
девојкиии !!! пред некој ден братучетка ми рече дека ставала на лице вазелин и дека после тоа е многу убава кожа и јас како за беља пробав вчера ставив на цело лице и можеби чекав пола саат и со сапун исчистив и кога навечер случајно со рака да поминам и исто како алергија црвено цело лице со точки како акни и потечено незнам што да правам татко ми рече да исперам лице со чај од камилица и така заспав и се будам денес исто е ставив мед на лице ете од мака незнам што да ставам и ме пече исто како да сум се изгорела на сонце ве молам незнам што да правам ??
^ Ништо не можеш да направиш. Си имала алергиска реакција. Освен да посетиш доктор и нема којзнае колку работи кои што би можела да ги направиш. Камилицата смирува. Медот исто така е одличен но не знам колку би ти помогнал во оваа ситуација. Било што и да ти препорачаме, нема да биде како што би ти препорачал доктор, бидејќи и од работите кои ние би ти ги посочиле, може повторно да имаш алергиска реакција.
и сестра ми го имаше истиот проблем..ама се се реши со сапун од козјо млеко има у космо види ефтини се докај 150 денари ама стварно помагаат
Здраво. Имам проблем со црнките и бубулиците. Ми се прават многу во пределот на вилицата, како гнојарчиња се, и јас понекогаш ги стискам, но ми остануваат лузни. Јас користам dove сапун, го мијам редоно лицето со тоа, и понекогаш го чистам со алкохол. Исто така користам и здраве крема, и некогаш не ги стискам, тие се сушат од кремата и на местото ми остануваат флеки и лузни, а не ги стискам. Знаете ли нешто против лузните и како да се справам со ова ? Ве молам помогнете, ужас ми е лицето Ви благодарам многу однапред.
^ Лузни ипори се затвораат со лимонов сок. На многумина помогнало, па можеш да се обидеш. Го стискаш лимонот и сокот со памук го нанесуваш тапкајќи на кожата за да може подобро да го впие.
Конечно јас да се изјаснам на темава. Прво да си кажам, никогаш сум немала особено проблеми со акни но ги имав. Всушност јас немам акни, туку прееемногу чувствително лице. Во секој случај не е потребно многу за да се разниша самодовербата, особено на женско и особено во време кога ни се наложени слики на совршени модели. А јас крај не можев да му фатам на лицево. Имав на некои места акни, но ако користев некој производ за таков тип на кожа, чувај боже ако има салицилна киселина е ваква станував: И потоа недела дена ми требаа за да се повратам во нормала. Е сега ќе речете, па што не си ставала крема? Имам историја и со нив. Буквално секоја крема што ќе ја ставев, и тие што најмногу сте ги фалеле мене ми створаа ужасни поткожни акни од кои не со денови, ами со месеци не сум успевала да се опоравам. Тука вбројувам хидратантни креми, со овошни киселини, против акни, со витамин Ц, нарачувани од Америка, од Англија, од ваму, од таму, ма јок бре. Ништо не ми помагаше. И луѓе, мене веќе страв ме фати било каков производ да купам, си викам е веќе не се мијам па што сака нека биде! Не можев НЗС да најдам, ништо не ми одговараше. Ви се верува ли дека сум давала по 8000 за глупав серум што воопшто не ми помогна? Ај остај парите, бар да помогнеше. Јок. Сума сумарум, ако пресметам колку пари сум дала добивам огромна цифра, и ништо од тоа не вредеше. И пред некој месец си викам дај пресметај се Домино, земи запиши што како, знаеш што НЕ ти одговара па да видиме дали воопшто има нешто што ти одговара. Дојдов до заклучок дека ако го мијам два пaти дневно. освен во лето, се претвора во сликата погоре, така да решив, особено во зима најчесто да го прескокнам тоа. За цела среќа, најдов супер гелче што не е агресивно кон мојата кожа, Во допир со вода створа пријатна топлина и убаво ја мие кожата. Спојлер Го користам навечер и потоа ставам од кремата Здраве (бог да ја благослови) на некои покритични места. Наутро, обично по допир познавам дали треба да го мијам лицето. Ако ми е посуво, знам дека беља ќе си направам и само поминувам со влажни марамчиња за чистење на лице. Ако почувствувам потреба да го измијам се мијам или со Асо дерм или со чист козји сапун. Порано ги користев на Балеа влажните марамчиња (слика во спојлер), но ми здосади мирисот па сменив на Лореал. Спојлер И потоа нанесувам крема, и тоа едно мое прекрасно откритие, а аптекарката ме убедуваше да ја купам, луѓе верувајте УПЛАВ имав од креми. Она ми вика земи, јас Се тегневме, се мкневме и на крај ја земав. Одлична е. Ми ја дава сета хидратација што ми е потребна и на мојата кожа и се допаѓа овој кандидат. Спојлер Еднаш неделно ставам маска, некогаш купечка (имам многу) некогаш домашна и обавезно ставам од крамата и од време на време ставам од оние лентичките за вадење на црнки од Нивеа. И нешто многу, многу важно е редовно да ја менувате навлаката на перницата. На три дена. Ако неможете, бар чиста крпа ставете. Секогаш спијам на левиот образ и забележав дека ако имам акни, ми се појавуваат на таа страна. И пробувајте да спиете на грб! Второ, крпата за лице не е помалку важна. Се собираат многу бактерии и гледајте најчесто што можете да ја менувате. И трето, ама најважно, слушајте ја кожата! Многу работи ќе спречев ако за момент си го поставев прстот на чело и размислев. Не, не во ред заради новиот лосион да не можете да мрднете со мускул на лицето зошто се плашите да не ви распука кожата. Не, не е во ред да се чувствувате затегнати како мајка ви да ви ја стегнала премногу плетенката. Не е таков ефектот, туку не ви одговара производот. Верувам дека многу од вас тука пробале стотици производи и точно знаете што ви одговара и што не. Направете сума сумарум. И пијте многу чај и вода! Ама озбилно. А две чаши вода не се многу течности. Премалку се. И а да, што се однесува до мојата кожа, сосема ми се исчисти. Немам воопшто акни ниту пак ми е сува на било кој дел. И немам никакви лузни или било што. After all, имало спас. Amen!