Или далеку подобра опција е антибактериска навлака за перница која спречува бактериите кои се хранат од изумрената кожа која пропаѓа во перницата, да дојдат до површината и со нивната нечистотија да наштетат на кожата на лицето. (Се згрозив само пишувајќи, но тоа е реалноста)
Искрено прв пат слушам за тоа, благодарам за информацијата. Можеш да кажеш каде ја има и отприлика колку чини?
Аха да, доктор Оз во една од претходните емисии зборуваше за таквите навлаки и перници, иначе немам видено тука некаде нешто такво, антибактериско али ако најдам ќе ве известам.
Јас скоро почнав да идам кај Др. Николина и ми препорача третман со миробакт и триакнеал. Е сега да прашам нешто ...миробактот ми кажаа да го ставам 3-4 пати на ден нон-стоп, но дали треба прво да го измијам предходно ставениот слој или над него да ставам? Тогаш кога бев не ми текна да прашам.
Јас имам земано од страна. А во Македонија, прогуглајте, има повеќе резултати и се надевам дека нема да се со превисока цена. Може ќе има и во поголемите продавници за постелнина.
девојки и јас имам мрсна кожа и ми излегуваат бубалици на образите долната вилица тој дел скоро го земав SOS Spot Killer на ессенце. шишенце со четка внатре течноста е бела малку изгледа како коректор хаха пред легнување се мијам лице и си ставам со четкицката на бубалиците оставам да се засуси пред да си легнам наутро кога станам лицето ми е чисто е сега не дека некои исчезнуваат преку ноќ ама со ставање секоја вечер има ефект ми се допаѓа многу инаку е 195 денари пробајте може ќе ви помогне
^ Штом ти се појавуваат на тој дел, дали кога седиш пред компјутер или било каде притоа ја потпираш (главата) вилицата на рацете?
па не баш ама мрсна ми е кожата мнгоу и ако ставам на пример одредена пудра сто не ми одговара на лицето одма ми излегуваат така да ова ми помогна колку толку си носам врзана коса без да се замарам какво ми е лицето
Па вака јас немам мн.брумки имав до скоро ама ми се исчисти лицето сега имам некој белези кој останале од тие брумки и страшно ме нервират поради нив сум принудена да ставам пудра на лицето што навистина мразам ако знаете нешто како можам да ги отстранам пишете.Фала однапред!!!
Морам да ги пофалам кремите за лице на Балеа со овошни киселини, тие што се по 149 или 159, така нешто се со цените. Од линијата за млада кожа се, ама каков ефект добивам, чудо некое. Имав некои флекички останато на образиве од моите фамозни гнојни акни (појавени или од ББ кремата на Гарниер или од гелот за миење на Алвердето, некако уште не сум сигурна иако пишував во темата ), и кремата ја купив вчера, се измив лице, ставив, се нашминкав и испаднав. Кога се вратив, верувале или не, се бришев шминка, гледам на лицево, ми ги нема, избледени и речиси снемани. Сабајлево ми беа целосно исчезнати. Едно ПМС бубуљиче, кое мислев дека ќе расте и гнои барем 3-4 дена, го среди и исуши инстантно. Почисто лице во ПМС сум немала. Почнав пак да ставам ББ крема по малку, чат-пат, и ми нема испаднато некое акниште, што ме тера да помислам дека можеби и гелот на Алверде е виновникот за најкатастрофалниот период што некогаш моето лице го видел. Ќе видиме сега пак, ќе ставам секој ден, а ќе го мијам лицето само со сапун на Дав и ќе ставам од кремава. А да, сликиче во спојлер. Спојлер
^^ Внимавај со кремите или било што кое содржи овошни киселини, колку што имам слушнато и прочитано не е добро да се користат на топло и сончево време. Може грешам ама прогуглај ќе најдеш валда нешто или нека ме исправи некој
Мислам дека ваква антибактериска навлака и перница може да се најде во Дормео.Провери на интернет имаат голем избор на перници а 90 % им се антиалергенски.
Odnapred se izvinuvam sto nemam mak. Font Vaka liceto imam mozolconja ne mi precat bidejki imam pogolem problem nosot i obrazite mi se celi so crni tocki mnogu boli koga ke gi stisnam a i mnogu se verojatno se pori koi se polni so necistotii pa ako nekoj znae nekoja krema za ovie kako da isceznat ili iscistat ili nekoj domasen recept ve molam da pisee
Јас понекогаш си варам чај од камилица и на пареата од чајот со го омекнувам лицето (се надевам ме разбра).Кога доволно ќе ми се омелне лицето ќе си ги истискаш и мозолчињата и црнките .После тоа ако имаш некој пилинг (јас користам еден од Орифламе) и на крај се мачкам со крема иста како пилингот или со лосион чист на база на алое вера. Поздрав
Јас мислам дека треба да пробаш ова со камилица што ти го пишав,убаво истискајго лицето после измиј се убаво и стави лесен крем за лице.Може и на Нивеа.Прави го ова пред да си легнеш зошто ќе ти се вцрвени лицето. За маска незнам...никогаш не сум користела