Девојки за лузни на лицето од акни дали можи да се користи контрактубекс? Mислам дека така се викаше, сите го фалат за лузни многу помагало
Ова го сретнав на јутјуб... Незнам дали го имате видено. Јас планирам да го пробам http://www.youtube.com/watch?v=V61IJIE7sH4&feature=fvwp
јас од прозводи за лице многу сум задоволна од ДЕКОТАЛ крема,помага за секаков тип на алергија и кожата ја прави мека сјајна,дава ефект за кратко време 1-2 дена.На рецепт е 20 ден. а приватно 150
Јас го негувам, редовно, без пропуст секое сабајле и вечер. - Насабајле се мијам со млака вода и го чистам со млеко од Афродита, после тоа пак го мијам со млака вода и ставам дневна крем од невен, исто на Афродита. На вака топло време, кога се потам и редовно се фаќам за лицето, го чистам и после факултет со млекото на Афродита, крема не ставам. - Навечер се бришам со влажно марамче, па го чистам со млеко, пак се мијам онака површно, па ставам ноќна крема на Афродита и крема на Цолиќ, против брчки, околу очи. Од скоро почнав да користам и зелена глина на Виталија, ама тоа еднаш неделно. Имам чувстителна кожа и сфатив дека морам да одвојувам по 15 (корисни) минути за моето лице, два пати на ден. Лицето засега, ми е ок (пу, пу да не се урочам ), ама пак си имам некои флекички ситни од акни и планирам да земам некој добра маста против тоа, но уште сум во фаза на проучување на мастите, гуглање и сл. Пред да купам нешто, добро го проучувам, зошто сепак на лице го ставам и никако не експериментирам со било што.
Контратубекс е да за лузни - јас го користев после операција.Доктор ми кажа дека треба подолго време да се мачкаш месец-два за да почнат резултатите
Моето лице е катастрофа, морам на дерматолог. Може ли да ми кажете кај поточно се наога д-р Николина ?
Секој може да ја користи без разлика на возраста,ги отстранува нечистотиите од порите,помага и за акни.
Decotal не е обична крема туку е наменета да се користи против алерги, алергиски реакции и црвенило и доколку не е препишана од доктор, не треба секој да ја зема.
Оваа за надворешна употреба е негде 215 денари, во ДМ конкретно, додека пак таа за внатрешна ( oдносно за пиење ) е 180 денари.
Зелената глина ја има во Тинекд маркетот, 194 денари. Има една за орална употреба (за пиење) и оваа за надворешна употреба, која никако не смее да се пие.
Пред три дена ја купив од Зегин 178 ден. таа за надворешна употреба,а таа за орална употреба е уште поефтина.
Да се пофалам дека денес и јас ја земав зеленава глина на Виталиа, па да видиме резултати Негоо.. ме интересираше, на пакувањето пишува дека е и за густа и сјајна коса? Што значи ова? И на коса ли се става?
И мене ми привлече внимание зеленава глина, меѓутоа се плашам да не има некои несакани ефекти? Или пак за џабе да си ги фрлам парите... Не е којзнае колку скапа, ама се изморив од фрлање пари за секакви производи за лице, а ниту од еден не сум била задоволна. Имам мрсна кожа и имам флеки на лицето... што мислите, ќе ми помогне?
Па и немаше баш неки видливи резултати,јас ја користев Контратубекс скоро 2 месеци (секој ден треба да се мачка на местото со кружни движења се додека кремата не упие на местото).Јас мислам дека доволни се 2 месеца за да има било каков резултат,али кај мене многу слабо. Но,јас не ја користев за лузни од акни,туку ти кажав од операција али јас за лицето користам козметика на база на Алое Вера знам дека е добра за лицето па да пробаш нешто така на природна база