Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    260
    Ако нешто ти значи мене многу ми има помогнато можам слободно да кажам дека единствено нешто што ми го исчистило лицето је таја крема што ја прави сашо, помага и тоа како помага....... не само мене туку и на сите шо ги познавам а ја употребувале крема...... можеш и поназад да побараш мој мислења на темава кога сум ја земала и какви резултати имало, това ти је това ако нешто ти значи моето искуство.
     
    На pearlll му/ѝ се допаѓа ова.
  2. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Да си ја раскажам и мојава битка со кожата на лицето.
    Значи вака, јас си имав прилично чисто лице(зборам една до две бубулици максимум ако ми се појавувале) се до пред 5 месеци кога некако постепено почна многу да ми се исфрла лицето со бубулици, си викав период е, ќе помине, заради стрес од факултетот, ама ете уште не поминал.

    Јас имам комбинирана кожа, мрсна ми е само на Т-зоната.
    Прво што пробав беа производите на Јангдерм, ги фалеа, и плус ефтини и ај да ги пробам. Го купив лосионот и кремата за мрсна кожа(белата со вилетово). Единствено добро од ова излезе лосионот, длабински ја чисти кожата, а кремата ич не сум задоволна многу ми ја сушеше кожата и ме чешаше, после пробав од кремата само да ставам на бубулици, ама џабе, не ми помогна.

    Второ што пробав е секојдневниот пилинг на Неутрогена(Visibly Clear-daily scrub)
    [​IMG]
    Прво го користев секој ден, па после сменив на секој втор ден да го користам зашо сепак не ми беше толку сигурно да користам пилинг секој ден иако пишува дека е секојденевен. Уште го користам ама пак не ми се исчисти лицево од бубулици, а веќе два и пол месеци го користам. Навечер прво чистам лице со пилингов и после се мачкам со Здраве
    [​IMG]
    -кремата што толку ја испофаливте на форумов и реков морам да ја купам ваљда ќе ми помогне, ама ете и тоа го користам исто толку време. Можеби малце ми се подзачисти лицево ама пак не приметив некоја драстична разлика со користење на Здраве.
    И трето.. денес си го купив сапунот за лице од Dove, и тој глеам доста го фалат
    [​IMG]
    и ја купив хидратантната крема на Нивеа,
    [​IMG]
    прочитав од некоја форумџика дека МНОГУ е битна хидратација на кожата па ќе видиме што ќе биде.

    Сега ми е планот сабајле после станување да го мијам лицето со сапунот на Dove, па да ставам од кремата на Нивеа, а навечер да го чистам лицето со пилингот на Неутрогена и да ставам од Здраве само на местата кај што имам бубулици. Добар ми е планов или нешто грешам? :)
    И да.. стискам бубулици, гледам да избегнувам да ги стискам ама па не можам некои кои само што не пукнале да не ги стискам :$
     
  3. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Го има некој користено ова? Го видов во космо денес дека е ново, па го земав да го пробам. :^)
     
  4. nobody1

    nobody1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2012
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    74
    незнам мене ова ми се чини како премногу мое мислење е да си отидеш на дерматолог и тој да ти препорача некоја терапија бидејќи сево ова ќе дојде премногу за лицето иако не се баш толку штетни некој производи сепак е тоа хемија.. поз :)
     
  5. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Подолго време не бев активна , но еве да пишам за сите оние кои неуспешно бараат лек за лицето.
    Имам во оваа тема и претходно пишувано за моето проблематично лице и за тоа колку пари имам фрлено по дерматолози,козметичарки,кремови,масти,тоници,лосиони и што уште не. |(
    Eпа пред 2 месеци ,започнав да ја користам кремата Аирол и после тој период можам да заклучам дека има гоooлеми резултати.
    Акните ги снема,црнките исто така ,останаа само флеките да се средат.Нормално сеуште лицето не ми е стакло исчистено но во споредба со тоа што бев претходно, сум многу задоволна.

    Пробајте го, не викам дека ќе има исти резултати и на вашето лице но вреди за околу 300 денари. :)
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    554
    ^^ а каде ја има кремата? по аптекиве или?
     
  7. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Јас имам прилично чисто лице, со неколку црнки, вечна битка водам со нив, ама ми е многу мрсно, посебно околу т-зоната .
    Имам користено повеќе работи ама досега не можам спасот да го најдам.
    Помош може ?
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Купи си некој лосион за лице без масла, наменет за мрсна кожа и наутро и навечер, а по потреба и во текот на денот кога ќе приметиш дека лицето ти се мрси нанесувај и чисти ја кожата од мрснотијата.
    Не дека е којзнае какво решение, ама барем го стопира на некое време мрсниот сјај. :)
    И нанесувај крема со матирачки ефект на Т-зоната, тоа би требало да биде најефективно.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nimphadora

    Nimphadora Активен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Мене најмногу ми помогнаа Nivea young derm производите :) Значи имаш гел deep cleaner се вика после плакнење на на лицето со вода се става, почекаш да се впие го плакнеш па го чистиш лицето со лосионот и после лосионот ставш од кремот :)
     
  10. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Ја има само во Виола аптеките или од Гр.ако може да ти ја донеси некој.
     
  11. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    го има некој користено? задоволни сте?
     
  12. barbyyy

    barbyyy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    јас имам користено глицерински сапун за лице,и помага,а разбрав имало некој крем 50 денара е здраве се вика и ги горел брунките ке го купам сега и ке ви пишам
     
  13. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Сега последниве дена забележав..
    Што помалце лосиони кремови користите тоа поубаво..
    Т.е користете ама не сите различни..

    Еве јас имам акни, си се мачам со нив |(
    И за да ги исчистам имав еден лосион, па некој друг прочитав, па трет, четврт.. Па крем, па сапун..
    Што не изнаредив на него, и се повеќе се прават.

    Ама веќе една недела си користам само сапун и хидратантна крема, и многу е подобро.
    Има и резултат, полека ми исчезнуваат.
    Сега незнам кај вас како е, ама кај мене така беше .. :)
     
    На pearlll му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MariaFederer

    MariaFederer Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2013
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    6

    Го имам користено и се уште ми стои, мислам дека го чувам една година :lol: како и да е, мене воопшто не ми помогна околу акните, дури и повеќе ми излегоа..
     
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.765
    Пол:
    Женски
    Користев Еуцерин од зелената колекција пилингот и тоникот, препорачано од дерматолог. Само требаше да се мијам со пилингот, да се поминам со тоник, а креми и лосиони не.
    Малку ми беше чудно секој ден пилинг, но ми помогна, ги снема акните за многу брз период.

    На лицето му обврнувам многу внимание. Имам прилично неблагодарна кожа иако се грижам постојано за неа. Обавезно мијам лице наутро и навечер, крема под пудра, ако немам потреба од пудра ја избегнувам итн.

    Навлаката на перницата ја менувам многу често, затоа што навечер лицето ко да ми лачи повеќе маснотии, па кога се будам сум цека мрсна, светам, а и навлаката е ужасна. Не само поради ова, обавезно менувајте често навлаки!

    Мене лицето ми се нафрла со огромни акни, болни на допир, воспалени неколку пати годишно. Не е постојано цело нафрлано иако постојано имам акни. Најверојатно е до гените и мајка ми на нејзини 60 има акни.

    По препорака на другарка почнав да се чистам навечер после миење со Еуцеринот, со хидроген 3% и да се мачкам со Гентамицин, тоа е гел антибиотик. Морам да признаам дека многу ми помогна, но антибиотик се користи најмногу недела дела.

    Лицево најверојатно престана да соработува со Еуцерин, па акните почнаа пак и пак да се појавуваат, такви големи и воспалени.

    Пред речиси две недели бев на гости, но не знаев дека ќе останам да преспијам и не земав ништо за миење на лицето. Бидејќи девојката е козметичарка ми позајми нешто за да го исчистам лицето. По миење и ставање крема лицето ми беше смирено, нежно, меко, а утрото чисто. Немаше воопшто црвенила.

    Ми даде гел за миење на La Roche Posay - Effaclar, пилинг на Афродита и крема на Avene. Гелот се утепав барајќи го низ Скопје, но не го најдов (ако случајно знаете каде има ве молам лп). Во разговор со аптекарките дознав дека има многу што не се задоволни со Еуцерин, па ми олесна дека не сум само јас. Се одлучив за гел на Avene 870 ден, и крема 860 денари. Но, Еуцерин е тука некаде со цената а помалку количина има.
    Гелот преубаво мие, после миење пешкирот е чист, нема траги од шминка. Мене малку пецкање ми предизвикува. Кремата убаво го негува лицето, меко и нежно го прави. Па и добра подлога за пудра е, иако само еднаш имам ставено пудра од кога ги користам овие прозиводи.

    Дознав дека гелот на La Roche Posay - Effaclar го има во Србија, па ми го донесоа од таму.
    Морам да признаам дека е малку подобар од овој на Avene, понежен е, одлично чисти.

    Заклучив дека моето лице не сака поекономична нега, па не жалам што фрлив малку повеќе пари кога ќе го погледнам колку за недела дена изгледа нежно, негувано, здраво.

    Еве што користам:
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На glosipgirl, MacaLove, senza.parole и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас имам другарка што мака мачи со акни, кои и' се појавија на нејзини 25 години. Претходно имаше чисто како солза лице, но и' настана некакво хормонско пореметување и цела е исфрлана со акни веќе 3 години. Нема што нема пробано, и сега последно дерматолог и' ја препорача колекцијата Avene Cleanance, поточно гелот за миење лице и кремата Cleanancе Марама што ги има ставено.

    Другарка ми е презадоволна, состојбата на лицето и' е многу смирена, ја гледам секојдневно и се забележува разлика. Акни се уште има, но не и' се толку големи и воспалени како порано. Знам дека паралелно со Avene, користи и некој антибиотски крем препишан од дерматолог, но не знам како се вика.

    За 1-ви мај бевме заедно 7 дена и имав прилика да го пробам гелот Avene. Се заљубив во него, одлично ми ја извади шминката и на пешкирот немаше ни трага од пудра. Претходно кога другарка ми ми зборуваше дека со гелот вадела шминка, јас ја карав и и' викав дека нема шанси гел за миење лице темелно да и' извади шминка. Но откако го пробав Авене си го повлеков зборот. Плус, гелот освен што го чисти и мие лицето, наменет е за борба против акни и проблематична кожа. Јас немам проблематично лице, ама морав да го пробам и сега обавезно ќе си го купам. Кожата после миењето е мека, свежа, не е затегната и сува, туку баш навлажнета. Мислам дека и за луѓе со ептен чувствителна кожа би бил погоден. Феноменален производ :)

    Кремата Avene Cleanance не ја пробав и не можам да кажам, ама што се однесува до гелот за миење, другарка ми (а и јас, и тоа само од една проба) се колне во ефикасноста :) Таа вели дека и кремата и' одговара и и' помага доста, задоволна е многу :)
     
    На glosipgirl, senza.parole, passion.for.fashion и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60

    Би сакала да се надоврзам во врска со производите на авен. Веќе подолго време спремам рецензија па ова е моментот.
    Истата приказна и кај мене, неколку месеци, околу 6 мислам, ја користев целата зелена линија на еуцерин. Резултати имаше но повремени, некогаш бев многу задоволна од изгледот на лицето а некогаш разочарана. Инаку имам кожа склона кон акни, не е страшно но зошто воопшто да ги има. Всушност поголем проблем ми се флеките од истите.
    Едем ден случајно во Зегин во гтц влегувам да купам Еуцерин кремата кога начекав дермоанализатор кој со душа чекав да наидам некогаш на такво нешто за да точно ми го одредат типот на кожата и потребните производи. Беше што беше, дерматологот што беше таму ми препорача креми на Авен и гел за миење. Преморена од целочасовното дремење по парфимерии и аптеки за да одберам крема, си реков да пробам авен, вајлда знае нешто женава.
    Неполни три месеци ги користам производиве, можам да кажам дека НЕМА СПОРЕДБА со ниту еден друг производ што сум користела!
    Како дневна крема ја користам емулзијата која ја регулира маснотијата на кожата, претставува одлична подгола за пудра и што е најважно ја спречува појавата на акни.
    Ноќната крема, Триакнеалот се става само навечер, на целото лице. Делува на акните и на флеките. И гелот за измивање, го користам наутро и навечер и нормално за отстранување на пудрата. Ќе излажам ако кажам дека лицево ми е во целост изедначено. Можам да кажам дека за неполни три месеци кај мене има видливи резултати. Постоечките флеки добија за неколку нијанси побледа боја, намалени се во обем а некои во целост исчезнати. Понекогаш ми излегуваат акни,мали, ситни во ПМС но не се страшни. Црвенилото е редуцирано. Како поминува времето така оди се на подобро и подобро. Минимални употреба на триакнеалот е 3 месеци, па очекува подобри резултати со тек на време. Инаку исплатливи се многу. Уште го користам првиот гел за миење, потребно е мала количина за темелно да се ислисте, концентриран е многу, за разлика од еуцеринот кој на две недели купував нов. Кремите верувам дека ќе ми траеја уште но дека ги порачав истите од Франција со надеж на подобар квалитет од таму, веќе започнатите ги тргнав на страна и ги започнав овие францускиве. Тврдам дека се подобри од нашите, но нема огромна разлика да речеш кај нас е ш-класа! Не! Јас имам бел, светол тен, црвенило неможеш да скриеш, а производиве ме направија како памучна во лицево, прилично изедначен тен, добив здрав изглед на кожата...
    Јас би ве посоветувала, инвестирајте во оваа козметика, вреди секој денар, утка нема дефинитивно. Всушност зависи од самата кожа но мојава е чудо на природата а и прија, значи екстремно чувствителните и проблематични кожи ќе си го најдат спасот. И пред се, трпение! Преку ноќ резултати нема од ништо на светов за трајно искоренување на проблемот. Вечно ќе и сум благодарна на женава од зегин што ми ги препорача авен.
     

    Прикачени фајлови:

    На senza.parole, marama и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  18. lokumche

    lokumche Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    7
    Значи јас што не сум користела , нивеа,џонсон, здраве,органски некои кремови све и свашта, но некако немам резултати.Сега користам гарниер како некоја хидратвна крема против појава на акни и ги суши ,па сега чекам 4 недели да видам резултат.
     
  19. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    Хеелп ! Имам мноогу сува кожа,искрено многу ми помага кремчето на бекутан,меѓутоа имаше и период кога ставав многу паволовичева маст за преку ноќ.. прекинав да ја користам, зашто иако ми е многу сува кожата,од вакви мрсни работи почнаа да ми излегуваат црнки на носот и околу носот,а со акни не сум имала проблем до сега..имам пробено повеќе продукти за сува кожа,но сеуште не сум пронашла нешто што ми годи.сакам некој гел за сува кожа,и некое кремче кое ќе го ми хидратира лицето.. и притоа да ги загубам некако црнките кои не се вообичаени за сувата кожа. Би ви била многу благодарна доколку ме посоветувате :angel: :)
     
  20. anna.jerry

    anna.jerry Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2013
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    16
    има ваков во Cosmo може не е ист ама сличен е, една другарка го користи и вика дека не и се појавувале мозолчиња толку често:)