Ми се појавија мозолчиња на лице.Неколку девојчиња ми е препорача кремава дека помагала. Инаку имам чисто лице и немам акни..овие незнам што се. Страв ми е да ставам...да не ми се запустит лицево.Па совет ако може.
како вас ви делува кремава?? брзо ви ги суши мозолчињата или постепено?дали има посебно правило за нанесување во врска со временскиот период или кога сакате се мачкате?
Јас имав вечен проблем со мозолчињата и црките... Ги испробав скоро сите лосиони, од најскапи до најевтини, и сватив дека единствена помош ми беа оние со антибиотик - а најмногу ми одговара оној на леа. Презадоволна сум и имам кристално лице, а да престанам со користење за 5 дена пак сум ко некоја пубертетлика..
Најдов еден "рецепт" за чистење на лице од оние црнките. Не се сеќавам на кој сајт беше. Една лажичка желатин и една лажичка млеко. Го мешаш и во микро го грееш 10 секунди. И се става на места каде имаш црнки и после одкако ќе се исши го лупиш. И на ју тјуб имаше и баш кога го излупи девојчето сите црнки останаа на желатинот. Кај мене врска нема. Јас пробав . Ама ништо не излезе можеби имам некоја биволешка кожа
Препорачувам Eucerin. Подобри нема дефинитивно. Се разбира дека малку поскапо ќе платиш ама навистина вреди. Ова го кажувам според моето мислење,ипак секој има различен тип на кожа
Има и гелче, иста амбалажа само подруга форма е тубата Околу 200-300 денари е но можеш да го користиш секој ден неколку месеци..
Здраво, јас сум нова на форумот, па би сакала да ве замолам за помош. Лицето ми е чисто, но не беше секогаш, но пред 2 месеци ми се појавија акни на десен образ, црвени и болат, ги мачкав со лосиони, скинорен и некои такви дерматолошки креми и ништо. Дајте некој совет, некој што имал искуство??? Поздрав.
Колку пари е кремава,и се наоѓа ли во аптеките? И дали има посебни за секој вид кожа или една е,универзална?
Има ефект за неколу дена, барем кај мене. Инаку не го ставај кога излегуваш бидејки ја прави кожата ептен бела, пребледа.Дома кога си, јас пред спиење го ставам.Не е препорачливо да се изложуваш на топлина бидејки ќе почне да се топи кремата, така да најдобро е пред спиење Се наоѓа по аптеките , не е скап околу 60-70 мислам
Ништо нема да ти биде од кремата, ама не помага за мозолчиња. Кај мене барем немаше ефект. Јас ја препорачувам за гребнатини.
денес бев на контрола и повторно со себа мед ми рекоа да се третирам затоа што мене не ми излегло веќе мозолче а тие ми биле флекички,на конгресот во странство каде што мојата лекарка била и кажале мнооогу поскапи третмани така да мојот бил најефтин исто и мноогу ефективен.а со дијането морало да се продолжи
челово ми емногу мрсно само начелово имам мозолчиња незнам со да почнам да користам и ми светит од со ми е мрсно казте некој совет
Луѓе, јас одамна се откажав од овие кремите и таквите чуда.. ништо не ми помага, па сега размислувам да одам на третман за лице. Ако има некој искуство го молам да ми кажи нешто подетално, дали поминуваат и колку пати треба да се оди на третман. И по можност некој од Битола што има да ми препорача некое добро студио каде прават вакви третмани. Фала однапред
На пример си одиш во некоја добро опремена аптека и со "радост" секој месец си даваш 1100 денари, од кои 950 за Eucerin lotion 12% omega и 150 за сапун Eucerin.... и после кога доаѓаат сончевите денови одиш да си купиш Avene 50+ UVE 990ден И така да не беше матичното мое Златче јас појма немаше да имам дека постој некој си Еуцерин или Авене и така со години ќе си шетав со грдо лице и секое лето ќе си имав една прекрасна сунчаница и на мене 5кг. креми и пудри и некој си други сра*а шо врска нема и тн. ти реков ми рече Ај чао, сега. (Некој ден има да банкротираме дома од овие )
Без некои посебни кремови можете да имате чисто лице. Наутро мијте го со топла вода (млака) и после тоа со ладна, користете си кремче (нивеа, дове, или најдобро бекутан). Тоа е тоа...
^ Tоа во никој случај не смееш да го генерализираш вака зашто секое лице е различно. Во никој случај не би се согласила дека хронично заболена кожа со акни се третира само со сапунче и вода. Или само со вода, без разлика дали е млака, топла, ладна или како и да е. Или пак, дека ако го миете лицето само со вода и нанесувате крема ќе ви се исчисти. Ако имате чисто лице, да, но жива смрт е доколку навистина има некој проблем и никако не смеете да се залажувате со тоа „абе ај, ќе помине“, а сте се нафрлале како пченка пред берба. Затоа постојат препарати за лице, инаку никаде не би се продавале и колку и да изгледа маркетиншки трик, сепак не е, зашто се работи за здравјето на лицето. Дали мислиш дека акните предизвикани од хормонски дисбаланс, оние грдите гнојни и поткожни би поминале сами од себе ако се „третираат“ само со вода и универзален крем? Уште од старт ќе негирам, а верувам дека тоа ќе ти го потврдат и оние кои си мачеле сериозни, долгогодишни проблеми со акни.