Се согласувам со тебе ама доколу имаш чисто лице. Тоа е веќе еден вид на одржување. И јас така правам. Значи само со сапун Dove и после Бекутан. Толку. Од време на време пилинг (природен) и завршена работа. Морам да напоменам дека пудра гледам да ставам најмалку што можам. Посебно кога пред добиено ќе ми излезе некое мозолче, тогаш не ставам ич пудра. Зошто пудрата само ја влошува работата. Меѓутоа за тие што имаат попроблематично лице склоно на акни тогаш во никој случај неможе со ваков третман. Тоа ти е исто како да си болна, а ти се лечиш со витамин Ц и чај, а гориш од температура. Мораш да се лечиш со посебно одредени лекарства за таа намена. Исто е и со лицето.
Наутро кога ќе станам и навечер пред на си легнам си го мијам со... Спојлер Навечер си ставам... Спојлер Кога се бањам користам вакво... Спојлер И најзадоволна сум од кремот... Спојлер
"За да си помогнете сигурно сте пробале многу креми, лосиони и серуми за избелување на кожата, кои најчесто не даваат некои драстични резултати. А природните извори се најдобар избор, и покрај сè. Така, ви предлагаме да користите маска за избелување направена со квасец. Земете мало парче пекарски свеж квасец, додајте му неколку капки млеко и неколку капки сок од лимон, нанесете на исчистено лице и оставете да се исуши. Исплакнете со чај од камилица." - Оваа го прочитав на некоја страна како лек против дамки на лицето па сакам да прашам дали некоја од вас која што имала ваков проблем го користела оваа и дали има ефект ? Поздраав
Stella, јас ја имам правено оваа маска лани летово и навистина многу го подобрува тенот, многу избелува, ама јас направив грешка дека маската ја ставав на лице со акни и уште повеќе ми излегоа, така да сега користам медецински сапун и кремот Sona-само навечер, и лицето скроз ми се исчисти
за да се има чисто лице пресудна е чистотата во домот.тоа е на прво место секогаш не велам сега дека тие што имаат мозолчиња не им е чисто дома но ако земете прости примери како навлака на перница и пешкир ќе видите дека е стварно така.иначе јас си немам некои големи проблеми имам ситни мозолчиња се губат не користам ништо освен хидратација и дав сапун за миење
јас веќе една година користам хлоракол, не го купив поскапо од 100 денари, во иста паковка е како клиндацинот, само пишува chloracol.Ставам само на местата каде што имам бубулици,за најмногу 2 дена ми ги гори и не остава никакви траги.Го користам и за лице и за на грбот http://static1.framar.bg/product/klindacin.jpg
јас хлораколот го користев со години моментално ќе ми изгореше некоја бубулица и толку.не ми беше баш од помош,можеби заради тоа што бубулиците ми имаат друго жариште и ниедна локална употреба не помага
да бе да , сите ние што имаме проблем со акни дома ни е гадно и пешкири и навлаки никако не менеме на гадни си спиеме , на прво место ти е генетика зенска, знам ги 100 девојки што стварно не водат никаква хигиена па лицето и е сткало чисто , точно дека хигиената е важна ама на прво место ти е генетиката
Девојки јас имам многу чисто лице и пудрав немав цел живот користено и задоволна бев но, во посчедно време добивам чудна боја на лицето многу сум бледа и морам да ставам пудра за да не изгледам како дух.. Има ли некој искуство.. Некој совет? Бидејки не сакам да ми заизлегуват мозолчиња од пудрата..
прочитај ми го постот прво што го напишав убавоо!!а пешкирите и навлаките ги дадов како прост пример.
Исто како мене. И на мене многу ретко ми се појавуваат мозолчиња. Тоа се случува пред да добијам. Ништо не им правам. Додека бев средно имав многу мозолчиња. Ги стискав и сега имам дупки на лицето. Сега ги оставам да исчезнат. Пред некое време во емисијата Доктор Оз, тој кажуваше дека мозолчињата не треба да се стискаат, туку да се боцнат со игла за да излезе гнојот. На тој начин нема да останат дупки на лицето. Сега тоа го практикувам. Избегнувај да јадеш мајонез. Тој је причина за појава на мозолчиња.
Дали некоја од вас користи, или има користено гелот и лосионот од ЛЕА ?? Дали сте задоволни од неа? Дали ви го исчисти лицето ??
Прекрива мозолчињата и истовремено ги третира. Прво нанеси од зелената страна која го смирува црвенилото, потоа стави од беж страната која има корективен ефект. Спојлер Ставаш го на црвенилото штом ќе се појави... Спојлер Суше ги мозолчињата. Спојлер
Чисто информативно - избегнувајте козметичари. Колку почето одите на козметичар, толку полошо. Паталец - гаталец!
Лосионот е одличен, има и антибиотик во него, само немој да користиш многу долго. Потроши едно шише направи пауза од 2-3 недели па земи друго. А гелот не е ништо посебно мислам дека нема никаква функција.
јас ги имам користено но многу не сум задоволна пошто не ми помогна .. лосинот е многу јак и имав чуство дека ми ги гореше но сепак не ми помогна на мене
Лицето ќе ви биде чисто ако го миете често со ладна вода и да не го допирате со гадни раце, затоа излегуваат тие брумчиња...за две недели сте како нови, поздрав