Го имам користено само лосионот. Кога имав најмногу акни и мозолчиња, најмногу ми помогна. Во комбинација со сапунот од Докторс со биоактивен сулфур.
Како го користите тој лосионот од Леа, треба да се става само навечер или и на сабајле? Јас си го земав и го користам во комбинација со сапунот од Dove, се надевам ке ми помогне.
Јас секое утро и вечер после миење лицето го поминувам,чистам со вода во која има јаболков оцет и навистина има резултати доколку имате мозолчиња веднаш се познава разликата исто така и секојдневно ставам мед и цимет за акните и мозолчињата..позз пробајте можеби и вас ке ви помогне
Имам чисто лице, но понекогаш ми се појавува понекое мозолче. Кожата на лицето ми е сува, па еве што правам: Сабајле и навечер користам лосион од Genera- Тonico Аnalcolico, а навечер откога ќе се избришам со лосионот ставам крем Afrodita Calendula Nutri или Nivea Classic.
Пред неколку дена бев на кожен лекар и ми препишаа терапија Еуцирин гел место сапун ,потоа крема еуцерин за преку ден хидратантна, и на крај за навечер Аирол само на акните . Е сега место еуцеринт ѓелот и кремот може и некој други ама мене ми ги тие кажаа па тие и ги зедов мада го имам користено Еуцерин и не видеов никакви резултати . Проблем ми е тоа што за 3-4 дена лицето од Аиролот почна да ми се перути и лупе и кога ставам пудра кога морам, изгледа страшно ... Сега за сега мислам дека е рано за резултати , јас лично не забележувам но мајка ми ми вели дека имало подобрување . Ме интересира дали некоој има искуство со Аирол и дали има резултати од него , знам дека некој на темата го имаше спомнувано но сега неможам да ги најдам постовите, и во врска со перутењето некој совет да не е толку Впечатливо кога морам да ставам пудра . Поздрав
што има разлика помеѓу двете креми Здраве? јас немам многу бубулици, ми се појавуваат од време на време, која да ја земам?
Se izvinuvam sto pisuvam na latinica.sakav da prasam dali vo makedonija ima proizbodi za cistenje na lice ..YOUNG AND PURE?mnogu mi e vazno.blagodaram
Маста за очи така ? Или друго е ? Ако е маста , слична е на енбецин која за жал веќе ја нема во производство си го потрошив последното . Ќе ја пробам дали ке биде замена за мојот драг енбецин Ми се појавуваат 2-3 пред циклус и енбецинот чуда правеше .
Jaс мислам дека станува збор за лосионот, ако сум грешка - се извинувам. Мене ми беше баш океј, но кога го нанесував само на акните. Онака да поминам со памукче низ целото лице немаше шанси - веднаш ми се појавуваа лупешки, преагресивен ми беше. Но јас имам осетлива кожа, не се ориентирајте многу по мене.
Има и маст за очи хлорамфеникол ја земав денес , ќе ја пробам кога ќе имам несакан гостин на лицето Па ќе видам дали е исто ефикасна . Инаку лосион не би користела премногу ја суши кожата .
Не мора таа за очи да ја купувате, има и Хлорамфеникол маст за кожа. Баш вчера ја купив 86 ден. од Зегин.
Ама јас барам маст за очи слична на енбецин , овие што се за очи делуваат ептен , ама не се за чистење на лице туку делуваат локално , на акна која се појавила . Многу дерматолози препишуваат маст за очи или капки мислам дека прокулин беа .. Се утепав барајки го енбецинот ама никаде го нема .. Пробав со гарамицин , бивацин ама ниедна го нема нејзиното дејство , па се надевам на хлорамфениколот Ако акните не се како последица на хормонално пореметување најдобро е да се користи антибиотска маст .
Јас го имам користено Аирол и можам да кажам дека перутењето е нормална појава но колку што се сеќавам за мене неколку недели ставав само секој ден а потоа докторката ми кажа да ставам еднаш во недела бидејќи е многу јак и имаше резултати.Би требало да го прашаш својот лекар до кога треба да ставаш секој ден бидејќи ако продолжиш овака целото лице ќе ти се излупи и задолжително ставај хидратантен крем бидејќи многу го суши лицето.