Имам фрлено многу пари по козметички препарати, креми, третмани и се` само ми го влошувaше лицето. Посебно многу ми се уништи последен пат на козметичар кога буквално ми ставаа игли по лицето за да се повлечат.. Сакам да кажам, последниве недели се пареам со чај од камилица и кантарион а после тоа ставам домашна маска мед и цимет (3 лажици мед и една цимет) и има очигледни резултати, црвенилото малце по малце го снемува и тие внатрешни акни што ги имав се исчистија Плус црнките што ги имав со пареата по неколку дена ги снема. Секое лице не е исто нормално, ама мислам дека прво би требало да почнете со домашни природни третмани и маски а доколку тоа не помогне префрлете се на хемискиве..
Др.Николина Лазаревска од Медикоз е најдобриот дерматолог и топло ви ја препорачувам. Долго време имав проблеми со акни (со години) летно време после одмор знаеше да ми се смири но за еден месец повторно истиот проблем, без пудра неможев да се замислам преку ден, се решив конечно да посетам дерматолог и како и секогаш пребарував по форуми да видам кој е најдобар, најефикасен и со нормална цена што можам да си ја дозволам..од прочитаното заклучив дека има само позитивни искуства и мислења за др.Николина.Си закажав преглед(чини 300 ден), ме виде..и ми кажа да користам Далацин Ц гел (антибиотски гел) 3 до 4 пати на ден( аптека Виола), да се мисајм со лесен сапун два пати на ден(Бекутан, асо дерм) основата секогаш да ми биде гелот..а доколку излегувам на надвор на сонце преку ден..врз гелот.. крема со заштитен фактор +50( Еуцерин, Авен, или Рок), кога ќе се вратам го мијам лицето и повторно од гелот ставам, јас ја земав Рок како најефикасна по препорака на Др.Нина околу 1090 ден. После две недели бев на контрола( не се плаќа ништо) и ми кажа дека црвенилото е смирено , лицето е добро(активни бубули`ки имав 2-3)..и наредна работа што треба да ја правам е само навечер да се мачкам со Авен Клинанс К емулзија( на некој места кај што имам актвивни мозолчиња да НЕ ставам) бидејќи е со овошни киселини и може да ја воспали уште повеќе..преку ден повторно +50 фактор...сега ќе видам како ќе биде состојбата, од денеска почнувам да ја користам Клинанс К емулзија крема. После две недели идам повторно на контрола, и ми кажа дека тогаш ќе ми направи некој третман. После две недели повторно ќе ви пишам како се поминало. За лузните од акни што ги имав од претходно..ми кажа дека и за тоа понатака ќе правиме третмани( од септември)..едвај чекам конечно да имам чисто лице и засекогаш решен проблем Со препораките на Др.Николина трајно се решава проблемот, а не само повремено.
пред 2 години имав голем проблем со акните ама сега за среќа ми поминаа. за дерматолог не викам дека е лошо да се оди ама јас кај што бев дерматологот имаше сигурно склучено договор со таа компанија и сите производи кои ми ги препиша беа од (мислам дека се викаше) златна пчела. за 3 мали креми јас платив 3000ден кои можеби ми траеја само 1 месец, што значи скапо. а уште посмешно што кај мене немаше ама баш никаков ефект, е сега тука е прашање на различна кожа. па така решив сама да најдам решение а тоа е, на сабајле и невечер лицето обавезно го чистам со хлорамфеникол лосион за лице од фитофарм и ако имам некои бубулици на нив ставам декотал крема(има и декотал маст, ама кремата е подобра и чини смао 150ден). со тоа што по некое време престанувам да го користам и лосионот за да не ми се навикне лицето па после немам резултати, а декотал кремата се користи до 3 пати на ден и не смее да се користи повеќе од 3 дена. јас ја ставам 3 пати на ден и тоа само на местото на кое имам бубулица, и после 3 дена престанувам. а што се однесува до црвенилото него го третирав со домат значи има неверојатни резултати и спречува појава на нови акни. и секако женски нека ви биде навика барем еднаш неделно да го парите лицето со камилица бидејќи мн е битно. а за креми најдобро е да користите некои што содржат невен бидејќи се право чудо за проблематично лице, јас лично ја користам бубхен и сум мн задоволна, ама морам да кажам дека јас имам мн сува кожа така да за оние кои имаат мрсна не знам најдобро ќе биде да се консултираат со некој или да видат по интернетов. поздрав
Не си го разбрав дерматологот најубаво.. Ми рече да ставам од кремата на Avene Cleanance-K на чисто лице.. т.е. онаму каде што немам активни бубулици (гнојаници). Прашањето ми е дали може да ставам од кремата на флеките и црвенилото од претходните бубулици?
http://www.youtube.com/watch?v=hxell-bB_zs Можеби оваа маска против акни не можете да ја направите доколку ги немате потребните состојки,во овоој случај папајата.Но има многу маски против акни што можете да ги направите во домашни услови.На крајот на видеото има многу интересни совети кои можат да ги спречат акните и нивното појавување,погледнете ги.
Јас имам голем проблем со акните и брунчињата исто...Имам 14 години, а од 8 години ги имам Во Америка татко ми има братучетка и таа е доктор...Ми препорача неколку креми и ги користам и навистина помагаат... На Clinique се...
Не сум имала до сега проблеми со лицето, ниту во пубертет не ми се појавија акни и мозолчиња. Пролетта многу ми се нафрла лицето, целото ми беше со едни ситни мозолчиња, дури и како поткожни изгледаа, на светлина ми изгледаше како да имам буквално осип на лицето. Прво помислив нешто алергија, но не беше ништо такво. Потоа и поголемки акни се правеа,по лицето имав 1 до 2 покрај овие другите ситни мозолчиња. Прво ставав Клиндацин никаков ефект немаше кај мене единствено за оние што беа повоспалени се познаваше некое подобрување. Потоа купив Хлоракол и се забележа подобрување, но далеку од тоа да ми се опорави целосно лицето. Додека се мачкав од Хлораколот, си порачав крема и стик од Авон од колецијата Clearskin. Кремата е 2 во 1 хидратантна крема против мозолчиња и можам да кажам дека сум презадоволна, лицето ми се исчисти за неполн месец и ви ја препорачувам да ја пробате таа колекција, скептик бев од очај но, не се знае што може да помогне. Пред секое ставање од кремата со го мијам лицето со Dove сапун, сега порачав уште едно пакување од кремата ќе продолжам да го користам на проблематичните места каде ми се јаваат мозолчињата (ако продолжат да ми се јавуваат). Спојлер
почнав да користам еуцерин од зелената линија еве века 3 месеци ама нешто не сум премногу воодушевена од него сепак имам пак акни али не толку многу како порано
Девојки, сто пати прашувам, уште си го немам пронајдено соодветниот пилинг за лице. Ми треба некој екстра груб, што отстранува навистина мртви клетки, зошто од овие благиве со трчи трчи сопни се гранули, забележав дека ми се флека лицето, односно останува мртов ептиел кој побрзо потемнува од сонцето... Некој по пристапна цена и ефикасен, да си ја врши основната намена, дополнителната нега ја очекувам од кремата за лице, пилингот не е пресуден за тоа.
обиди се со бакрдан и кисело млеко. ставаш бакрдан во еден сад(доволно за да ти го покрие лицето) и ставаш едно 2 лажички кисело млеко и тоа го мешаш. Потоа смесата ја нанесуваш на лицето и се трљаш. Убаво трлај и подолго време, за да се извади тој слој на мртви клетки.
Лилит, има еден на Alverde дали 145 или 149 ден. беше не се сеќавам точно, ама за тие пари е екстра. Еве слика. Инаку, јас сум во план да го купам розевиот на Avene, ама го немам никаде сретнато. Ве молам, ако го види некој, нека ме извести.
Лилит го имаш пробано на Афродита? Мене овој многу убаво ми го чисти лицето, посебно затоа што ми се лупи челото од што ми е сува кожата отстранува се од лушпичките. Околу 300 денари му е цената, незнам точно. Исто ако ти за пред одмор или за на одмор можеш да си земеш од маскиве за лице за една употреба со пилинг што се, многу се ефикасни, јас сум презадоволна од нив, ќе можеш едно пакување да го искористиш два пати, и онака еднаш неделно е препорачливо да се користат. Цената им е околу 70 денари. Незнам која од маскиве беше точно како пилинг разгледај си ги убаво, ги има во Космо и по маркетиве ги имам гледано.
Лилит, ако не ти се отстрануваат мртвите клетки од поблагите пилинзи кои се наменети за лице, со претпоставка дека си пробала повеќе, тогаш проблемот не е во пилингот туку во кремата што ја користиш, не ти дава доволно влажност на лицето и постојано ќе ти се прават лушпи. Барем според моите искуства секогаш така било, а сум го малтретирала лицево со многу многу груби пилинзи до степен иритација да направам.
Претпоставувам дека мислел на цело лице да ставаш, на претходно измиено... сигурно тоа мислел кога ти кажал на чисто лице. Бидејки таа крема е токму за акни, па нема логика да ја ставаш на местата каде што ги нема.
Не,не, сега немам проблем толку со луштењето на кожата, колку флеките од сонцето што прв пат во живот ми се појавуваат од што нерамномерно пилингот ми ја отстранува мртвата кожа. Баш тие потемнуваат повеќе, после пак ги тријам со пилинг или со луфа за лице и исчезнуваат. Пилинг маски користам на редовна основа, барем еднаш во неделата и за длабинско чистење на порите плус, тоа не е проблем,ама реално од ова пилинг маскиве па и немам видено некое особено фајде колку што ми дава некое чувство дека преземам се во врска со кожата на лицево,да не речам, фрлам пари за џабе. Ми треба нешто што онака ваааади се. Хемиски пилинзи само беља ми направија и никогаш повторно,ни-ко-гаш. И тоа ми беше жива женска глупост,ама ај друг пат ќе пишувам на таа тема,зошто се срамам од себе си колку знам да направам глупости. Ама ќе ви го пишам за да си имате на ум за искуство. Лепра е слаб збор да ви опишам... се распаѓаш и се криеш од секој сончев зрак. А друго е што се ова мислам дека ми е последица од тоа. Го имам пробано и овој на Афродита, не беше лош на препорака од Ливинг уште ехеееееее одамна. Арно ме потсетивте. Јас сум од оние луѓе што не купуваат два пати иста работа или ретко ако ептен,ептен се вљубам во производот... секогаш барам нешто ново да пробам,па лост ин транслејшн останувам на крајот. Заборавам што ми пријало,а што не и нон сто ново и ново барам. А овој Авене, розево е за осетлива кожа,мајка ми го користи. За нејзиното малце нали подостаренко и отенчено кожиче е суперски, за моето воопшто. После проблеми со хормони и сите глупости што лицето ми ги претрпи,еден добар период се шетав со страшно оштетена кожа,па ова чудо воопшто не ми врши работа. Ќе ме читате некогаш по весници. Пробувала сешто на себе и умрела од труење од секакви препарати, киселини, тешки метали и бази. Или жената што си направи дупка во лицето и живее така за да биде за ум за останатите жени или до каде може да отиде женската глупост, девојката без кожа. Ви благодарам на сите!