Ај да ви се вклучам во муабетов... Последно време користам природен пилинг, го најдов на YouTube. Кесичка зелен чај (си правиш чај, чајот си го пиеш, кесичката ја вадиш, ја сечеш и го отстрануваш чајот), оризово брашно (има во продавници, но јас сомлев ориз во машинка за мелење шеќер, така остануваат повеќе гранули) и мед. Ефектот е ОДЛИЧЕН, и мене ми е подобар од било кој пилинг што сум го пробала. Во последно време немав мед при рака и ги измешав чајот и оризот во зелена глина - уште подобро. Прво оставам да отстои како маска, ама не дозволувам да се исуши (обично под туш, па го влажнам малку лицето), а после правам пилинг со истото. Вака е уште подобро, забележувам дека лицето ми е почисто и посјајно. Зелениот чај е супер за кожа, а оризот наводно помагал против лузни. Како и да е, супер е рецептов. Друг добар начин за пилинг е четка со природни влакна за лице. Нема хемикалии, не ја сушиш кожата, не ја правиш зависна од козметика а ефектот е супер. Има на Али Експрес убави четки за лице, e сега, со синтетички влакна се ама меко изгледаат. http://www.aliexpress.com/item/free-shi ... 93542.html
Полицистичните јајници се една од причините за акните кои се појавуваат, така да најверојатно од тоа ти се повеќе изразени
Јас веќе не знам што да пробам, за да ми исчезнат флеките на лицето? За време на пмс ми се појавуваат некои акни, ама за брзо време исчезнуваат. Но што да правам за флеките? А во последно време почесто ми се појавуваат и поткожни акни. Еве, мислев дека кога ќе отидам на море, од солта ќе ми се исчисти лицето, но напротив. Мислам дека уште толку ми се влоши состојбата.
пробајте со сапунов, помага јас го користам pure nature се вика од oriflame https://encrypted-tbn3.gstatic.com/imag ... R0hFYUIIlw
Еве јас да ви кажам што користам за нега на лицето.По двапати ви неделата го парам со зелен чај а потоа му ставам маската од oriflaime Pure nature од онаа со жолтите листови по неа,потоа исто така кремот од pure nature,секое утро и вечер го мијам лицето со Dove сапунот а потоа ви текот на денот го мијам само со ладна вода и тоа е тоа но порано не беше се вака лесно и морав да му ставам триста глупости ама сега е само ова и понегош пилинг и толку инаку имам многу мрска кожа. Позз
Џабе сите пишувате кој каква крема користи, на кој што му помогнало кога сите имаме различен тип на кожа. Точно е дека некогаш од форумов можете да најдете одговор на вашето прашање, ама ако имате ептен проблематична кожа, со акни и сл. најдобро е да посетите козметичар, затоа што ќе ви го исчисти лицето најубаво, сите пори ќе се исчистат иако подоцна пак ќе се наполнат со маснотии и гадости... И плус козметичарот ќе ви каже што да користите и што е најдобро за вашето лице. Исто така можете и да посетите кожен доктор.
Јас НАЈТОПЛО ви ја препорачувам триакнел кремата на Авене! Веќе два месеци ја користам во комбинација со гел за чистење на лице од Гарниер, обична крема за лице од Зиаја и Авене СПФ 30 крема и кај мене има предобри резултати. До пред два месеци не можев да се замислам да искочам надвор без пудра, сега воопшто и не ми е проблем. Не ми е 100% исчистено, ама еве, во ПМС сум па само две активни акни имам на лицево. Лузните и пигментациите од предходни акни ми се скоро сите исчистени, кожата ми е помазна, помека До сега ништо што сум пробала не било вака ефективно.
^ Околу 1000 не ми текнува точно на цената ама така нешто беше. Јас во Зегин ја земав, би требало и по други аптеки да ја има
цинкова паста мене добро ми делуваше, ја има во сите аптеки и е ефтина, 30 грама околу 60 денари на фито фарм, но е многу густа, како здравето што е, од прилика таа густина
Едноставно се нанесува, се втрива на проблематичните места, колку пати што има потреба дневно, но не и да се претерува оти може кожата да ја исуши. Ако имаш црнки, најдобро е да истискаш од нив колку можеш и да нанесеш слој кој ќе се познава бело... Најдобро е да се нанесува на вечер
И мене ми помогна многу цинковата паста , онака навечер си ставав пред спиење и не ни очекував резултати за 60 денари ама после некое време стварно видов дека помага е сеа ја суши кожата али помага и за акни и за флеки.