девојки за сува кожа каков тоник/гел користете за чистење на лицето? немам акни и сл. работи, ама некако безживотно си го осеќам.. и поблед тен имам..па без пудра не ми се допаѓа, нема сјај иако е чисто и ако може да ми препорачате хидратантно кремче што сте задоволни, пробав неколку пати од l'oreal ама тоа е за зрела кожа,јас сега ќе наполнам 21 год. молам за мислење
И јас ја користев пред една година, ми ја препорача дерматологот, и сега имам чисто лице. Само додека имам добиено ми излегува по некое мозолче,али не е страшно. Повеќе не ја користам, али јас користев и апчиња витамин А.
Лосион за чистење на лице и млеко за вадење шминка наменети за сува кожа на Гарние, оние со екстракт од роза. Розова е колекцијата и имам слушано доста позитивни критики за истата. Има и крема од колекцијава исто така наменета за сува кожа и е добра да се користи дури и како подлога за шминка. Јас имам мрсна кожа и долго време ја користев зелената колекција за комбинирана кожа па ми беа супер.
Го има користено некој кремот од Young Derm од Алкалоид за длабински третман на акни и дали има некакви ефекти?
Брат ми има мрсна кожа и сега е во почетокот на пубертетот.Почна на лицето да му излегуваат акни,уствари не.Само на челото има,а на лицево има само црнки. Некој тоник\гел за чистење на акниве да ми предложите? Фала однапред
Јас го имам само што не го користам за лице туку на грбот оти само таму имам акни и има ефект, пред некое време ми испадна една голема гнојна акна и ставив од кремот на местото, врз тоа ставив памук и го залепив со ханзапласт. така преспав и утрото на местото немаше ништо. Само не препорачувам да се става на цело лице, само на одредена област оти може да ја исуши кожата.
^ Внимавајте со кремава, мене ми направи премногу црнки и со некои делови од лицето уште мака мачам да го вратам во нормала. По заздравувањето на местото на кое се наоѓала акната ми се правеа поткожни црнки. Мислам, не мора да значи дека не чини, но ете тие со осетливо лице нека припазат.
Лани ги користев сите три производа од Јанг Дерм и јас лично не сум задоволна. Ми се влоши лицето од нив. За мене дерматолог беше чарето...
Дали некоја користела Здраве крема за акни? Дали ви помогна? И само на акните треба да се нанесува или на цело лице? Спојлер
Зегин, Виола... сите подобро снабдени аптеки низ Македонија. Цена околу 970 ден. P.S Ако имаш некој од Бугарија да ти ја донесе (таму е нешто поефтина).
овака лави има едно девојче користе го и вика дека у почетоко и помагал ама послето пак и излевале Ќе може слика, цена и од кај да купам фала
lice/zelena-glina-t17526/20.html во оваа тема има слика а инаку има во космо и секаде каде што продаваат од виталиа. има за орална и површинска употреба, јас купивам за орална и ја пијам и ја мачкам на лице од истото пакување за да не купувам дупло.
Спас за чисто лице е само ова Врзани раце! Кога не се чепкам лицето, кога си користам само дневен крем, шминката си ја чистам со млеко, потоа тоник за остатоците, понекогаш и ќе си поминам пред спиење со хлорафеникол и совршенство. А штом застанам пред огледало и ги кренам рацете нагоре готово, отиде чистото лице.
Отткако ги тргнав од употреба за бришење шминка влажните марамчиња, лицето ми е во одлично состојба. Се согласувам со тоа дека се премногу практични, се вадат од лицето, но и премногу штетни за лицето (барем за моето). Имаат премногу хемикалии кои кај мене предизвикуваа нафрлување. (зборувам за секаков вид на марамчиња, од бебешки до оние специјални за вадење шминка). Така, според мене, до чисто лице може само доколку не се користат влажните марамчиња. Си постојат млека, тоници, лосиони, на кои намената им е чистење на лицето од шминка.
Женски да ве прашам нешто. Јас сум во тинејџерските години и имам комбинирана кожа. Мрсна на носот, малку брунчиња на челото и на образите незнам некогаш е сува а некогаш нормална. И имам црнки и пеги на носот, и образите ми се секогаш црвени и со малку пори. Ии имам темно плави кругови под очите Сакав да ве прашам бидејки нивеа, авон, орифлејм баш и не ми помогнаа дали да почнам со некоја поскапа марка како Avene, Vichy или Neutrogena. Дали тие фирми имаат нешто како за мојата кожа или повеќе имаат производи за зрела кожа. Сега си купив само на гарниер млеко за отстранување на шминка, но не планирам целата колекција бидејќи не сум баш задоволна од нив. Што мислите вие?