Имаш на Авен, Виши и Еуцерин линија за проблематична кожа, тоа можеш да го употребуваш бидејќи не е анти ејџ. Јас сум задоволна и од Виши и од Еуцерин тука некаде ми се со квалитетот, најдобро прашај во аптека ќе те посоветуваат најубаво што да земеш. А сигурно ќе ти треба гел за миење лице, тоник за лице и крема.
Од било која аптека, јас ја земав до аптека Бисер во ТЦ Бисер со гратис мало пакување гел за миење и беше 900 денари. Овој производ мозе да го нема, јас ја купив кремата хисеак и гелот за миење од зегинот на зелезницка и ги имаше повеќето продукти од брендот.
Формула за чисто лице - Редовна хигена + Редовна посета на дерматолог. Инаку, бидејќи сум во пубертет, имам акни на лицето. Секојдневно го мијам со гелот на Eucerin. Наутро ставам крема со заштитен фактор, исто така од Eucerin. Навечер, повторно го мијам лицето и ја ставам кремата Microbaкt (Мислам дека вака се вика). Еднаш неделно правам пилинг на лицето. Одам на козметичар и на дерматолог на секои два- три месеци. Мој совет е доколку имате премногу акни, одете на дерматолог. Тој/ Таа ќе ви препорача одредени гелови и креми кои се соодветни за вашето лице. Исто така, пиете многу вода.
Еве машко сум ама си го негувам лицето. Со девојка ми се договараме секогаш пред спиење истовремено да си ставаме маски и супер е. Прво се срамев да кажувам, ама кога дознав дека и некои други го правеле, сега веќе не се срамам, па ги советувам и другите да го прават тоа.
Сите можеме да ти препорачуваме, но вистина е дека секоја кожа е различна и што му одговара на еден може да му создава проблеми на друг. Најдобро ти е да си посетиш некој добар дерматолог и според твојата кожа да одреди што треба да користиш. Мене лично, оваа колекција најмногу ми одговара: И сум презадоволна што ја открив.
Да ви кажам едно решение кое можеби ќе ви помогне.Маска со морска сол и вода!И мијте си го лицето со солена вода и кожата е видливо помека и помазна.Е сега зависи од лицето, за да се исчисти,било да е препарат или природна маска ,мора да се користи одредено подоллго време за да има резултати!
Да се надоврзам за ова со морската сол и вода, по неколку недели редовна употреба навистина има огромни резултати. Мој познаник го користеше ова, наутро и навечер се нанесува на критичните места. Лицето му беше катастрофа, огромни акни, по некоја поткожна и премногу црвенило, а сега му е скоро очистено, само по некоја мала бубуличка од време на време. Е сега, не би го препорачала за оние со екстремно сува кожа како мојата никако. Дополнитело ја суши и плус на оние места каде што ставав кожата почна да ми се лупи. Мислам дека би било идеално решение за оние со мрсна кожа склона кон акни.И уште еден совет, доколку се решите да го употребувате ова, пробајте да не ставате ништо друго барем некоја недела
Моментално го користам овој лосион од орифлејм Pure Care со екстракт од арника и алое вера, немам многу акни, па не можам да забележам дали делува. Имам еден другар и заедно се мачкаме, а нему лицето му е катастрофа, акна до акна, целото црвено, па забележав дека дејствува. Сакам да прашам дали и некој друг го има користено и дали е задоволен. Исто така ако може да ми ја каже цената на ова, бидејќи мене ми е поколонето ! Многу ви благодарам! Како се прави оваа маска, ако може да ми кажеш, а? !
Сум забележала дека секогаш, ама буквално секогаш кога ќе ми дојде до контакт кожата на лицето со сапун, шампон и слично, дека ми се појавуваат ситни брунчиња. Никако миење со вода и грубо триење. Единствено го чистам со лосион од Кливен и веќе долги години наназад не сум имала никаков проблем со кожата на лицето. Еднаш во месецот употребувам и маска, која е совршена за делот околу носот и устата, посебно за оние мали црнки кои ги имам на носот, бај бај. Тоа е мојата формула и имам Фала Богу, многу чисто лице и свеж тен, што ми е уште поважно.
Имав пишано тука дека имав многу акни.. И се решив веќе еднаш да ги снема.. -После толку многу гелови, лосиони и сл ми помогна само Здраве кремата. -На сабалје и навечер се мијам со Dove сапуност. -Преку ден (ако не одам никаде) го користам здраве, и навечер. -И на секој втор ден лицето го редам под пареа, од чај тука читав на Фемина, и маска за лице (Сол и вода) -- И еве помина една недела, ми се исчисија акните, останаа уште неколку ама кај да е и нив ќе ги нема. Многу многу сум задоволна, и многу внимавам со рацете да не го чепкам лицето .. Кога скроз ќе ми е чисто, ќе ви пишам пак тука Спомнав погоре и јас таа ја правам, голем резултат има Инаку еве како се прави: СОЛЕНА ВОДА Солта на природен начин ја чисти кожата. Таа не само што ги прочистува порите, туку и ги суши веќе појавените акни. Пливањето во солена морска вода е одличен третман за акните, но бидејќи не можеме да си дозволиме во текот на целата година да сме на море, добро е да ја користиме моќта на солта во домашни услови. 5 мали лажички сол (морска или за готвење) вода Во солта додајте една по една неколку мали лажички вода. Постојано мешајте и постепено додавајте вода додека не добиете густа смеса (паста). Оставете ја смесата да стои 10 минути, а потоа нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 20 минути. Измијте го лицето со топла вода.
Се става во тенџере една лажица морска сол и околу еден литар вода, се "вари" додека не се растопи солта убаво, потоа се става во шишенца па кога ќе се излади може да се користи, 2-3 пати на ден. Се нанесува со памукче само на критичните места и треба да стои околу пола саат-саат. И тоа е тоа
Не користете пудра одредено време Секој вечер лицето тријте го со ракија (на памукче) Ставете крема (некоја полесна) за пред спиење толку добро го чисти лицето и ги суши и акните и се друго ракијата Малце лошо звучи ама на сите им помогна да се спасат од акните... Единствено ме јадат моментално подочњаците, кои ги имам од раѓањето..
Пред малку го триев лицето со ракија на памукче .. можам да кажам дека ракијата е одлична дезинфекција за лицето.
Да , колку пати со сапун убаво ке го истријам и после тоа кога ке поминам со ракија ми останува уште пудра ...После тоа со крема за да не ти е суво(Ракијата го суши ) и тоа е тоа
Имам проблем со мозолчиња! Имам 16 години. Мојот проблем се јави значително пред година дена во доцната есен. Тоа беа мозолки со општо црвенило во пределот околу устата, црвенилото преовладуваше.. Пробав 300 чуда и решив да појдам на дерматолог. Ми дадоа некои креми, препарати и лосиони за кои платив околу 5000 денари и плус диета Од целата приказна немаше никакви видливи резултати.. Несакам да бидам заморче навистина, ама сакам да го санирам овој проблем
^ Мислам дека ти се случува она што му се случува на скоро секој тинејџер - пубертетски акни. Купи си лосион за чистење на лицето (Хлорамфеникол, Хлоракол) и купи си крема за лице што најмногу одговара на твојот тип на лице, крем што нема да ти ја суши кожата, туку ќе ти ја прави хидратантна и свежа (впрочем, ти најдобро си знаеш кој крем најмногу ти одговара). Ќе си го чистиш лицето наутро и навечер и ќе нанесуваш крем после чистењето (зашто лосиониве што ти ги набројав ја сушат кожата). За крем, ете доколку имаш изразено многу акни, на форумов доста ја препорачуваат Здраве кремата. Јас лично не сум ја користела неа, туку ја користев од Докторс крем против акни со камилица и навистина ми помогна. Имав мрсно лице и кремот ми ја доведуваше кожата до некоја нормала. Кога почна да ми се менува кожата од мрсна во комбинирана, овој крем ми стана пресув па преминав на Нивеа Софт. Пак ќе ти речам, во зависност од тоа каков тип на кожа имаш, таков крем ќе си купиш.
Значи вакаа.. си го стаив лицето на пареа и убаво го истискав носот, и не сакав да се стискам по лицето па со талог од кафе многу силно се протријав..абе без осет,лом сум се направила и сега ме пече, некоја идеја што да си ставам? моментално имам павловичева маст на лицето,ама сакам нешто др да ставам, дури како некоја кора ли нз кака да опишам круто ми е.. го повредив лицето ептен од што многу сакав... ени адвајс?