Девојки да ве прашам... досега сум користела секакви креми и лосиони, ништо не ми имаше помогнато. Еве пред еден месец одев на третмани за лице, се оддадов од пари и во почетокот се забележуваше некоја промена.. лицето ми беше по мазно ама после пак ми се направија мозолчиња. Не знам во што е проблемот, инаку што се однесува до исхраната држам строг режим (благо,чоколадо,мрсна храна, мајонези) не јадам воопшто. Редовно го чистам имам цела аптека од препарати и пак ништо Ми пукна филмот веќе не знам што да правам.
Фала на советот Hipica, ќе пробам со некој од овие лосиони и ќе земам соодветен крем. Пред некое време кога мозолчињата ми беа поизразени кожата ми беше мрсна, но сега ми е сува-комбинирана. Ќе најдам некој крем кој ми прилега.. А дали користењето на пудра може да ги иритира истите, на дерматолог ми препорачаа да не се шминкам одредено време, тоа и го практикував ама немаше резултати ..
Не мора да значи, можеш да земеш упат и од дерматолог/општ лекар и ќе ти каже точно кои денови и кои хормони да ги провериш, а можеш и преку гинеколог, со што мислам дека гинекологот доколку немаш полицистични јајници нема да те прати на понатамошни испитувања. Обично кај полицистични јајници, барем посериозните, имаат нередовни циклуси, зголемена влакнатост по телото, па заради тоа ги праќаат на испитувања. Консултирај се со некој стручен подобро, ако се пронаоѓаш во симптомиве оди на гинеколог, ако не, земи упат за на дерматологија/ендокринологија од општ лекар.
Имам еден мал проблем... на брадата ми се прават едни мали мозолчиња, не се ни мозолчиња не знам како да ги наречам исполнети со бела течност ( заради тоа што ми е мрсната кожата на брадата) и ми се прават митесери. Имам пробано да ги прицкам тие створењата ама истите значи потполно истите ми се прават на истите места. Не знам веќе што да правам како да ги излечам... Ако знае некој за што зборувам нека пише.
jas liceto sum go cistela so sekakvi losioni sto li ne do pred nekoe vreme. so edna prijatelka bas zboruvavme za vakvi raboti i mi rece deka on liceto go cistela so caj od magdonos ke svarela caj i ke go ostavela da se oladi.otkako ke se oladelo zemala pamuk i go cistela celo lice toj caj go koristela dva do tri dena i posle varela nov i jas go praktikuvam toa i sum zadovolna site mozilcinja sto gi imav aj da ne preteram site ama pola od niv gi nemam ova barem za mene e mnogu dobro probajte i vie koj imate problem so toa nisto nema da ve kosta [mod-kirilica:ezjz7tne][/mod-kirilica:ezjz7tne]
Девојки ЈАС ИМАМ РЕШЕНИЕ... и јас имав проблем со акни на лицето до пред една година сега ми е чисто мн и мн ретко ми се јавува бубулица (една на три месеци). Бубулиците ми беа големи и отечени... сами пукаа и многу ме болеа. Пробував се и сешто ама ништо не ми помагаше затоа што меѓу другото имам и мн масна кожа која сега успеав да ја стабилизирам. Решението го најдов во невеновото масло ( се купува од аптека и не е поскапо од 100 ден). Секој ден се мачкав на бубулиците со маслото и црвенилото почна нагло да згаснува. Поминав повеќе од месец во тарапија со невеново масло. Во тој период не ми се правеа нови бубулици а старите се лечеа и помалку ме болеа. За два месеци ми се исчисти лицето ама ми останаа лузни и многу црнки. Тоа ептен ме нервираше и почнав да пребарувам на интернет. Читав секакви маски и дојдов до заклучок дека зелената глина (која може да се купи од поголемите маркети и аптеки) се употребува скоро во секоја професионална маска за лице. Почнав повеќе да истражувам за глината и заклучив дека не само што ќе ми помогне да се ослободам и да ги намалам црнките туку и редовно да ја одржувам кожата почиста и посвежа. Ја купив зелената глината и после првиот третман забележав дека кожата ми е посвежа и почиста. Од тогаш редовно си правам маска од зелена глина еднаш неделно издвојувам 1 до 2 сати за моето лице. Почнаа лузните од бубулиците да изчезнуваат и да се изретчат црнките. Многу е важно порите редовно да се чистат со природни пилинзи и маски. За масна кожа препорачувам еднаш неделно (посебно пред нанесувајнето на маската) да се изложува лицето на пареа од чај од камилица или невен. Така порите се отвараат и маската или пилингот за лице можи полесно да ги изчисти порите. За секојдневна хигиена избегнувам крпи и премногу допирање на лицето. Бубулиците освен од исхрана може да се појавуваат и од алергија на кожата од сапун или крпа исперена со некој детергент или омекнувач. Лицето кое е чуствително на бубулици не се брише со крпа и не се мие со сапун кој ја суши кожата. Најубаво е да се мие лицето со чиста млака вода и да се брише со тампончина за лице. Друга најважна работа во одржувањето на секојдневна хигиена се лусионите за длабинско чистење на лицето. Нема потреба од странски скапи лусиони затоа што домашните лусиони или лусионите од македонско потекло се поевтини многу поефикасни. Лицето мора да се чисти два пати дневно и мора да се хидратира со соодветен крем. Ова мене многу ми помогна.
Паста за заби е решението Кај мене делуваше, според тоа што го опишиваш и јас имав и пред спиење ставав паста и сега ми ги нема Не знам дали кај тебе ќе делува, пробај
Јас немам акни по лицето иако сум во тинејџерските години освен по некоја ако се појави на челото или носот неколку пати во месецот и исчезнува за 2-3 дена. (пу, пу да не се урочам)... Е сега затоа пак на челото имам ситни брунчиња значи многу ситни и порано кога имав повеќе акни користев соодветни гелови (од авон и потоа од нивеа) и тие поголемите акни исчезнаа но сеуште на челото имам ситни акни многу ситни а сепак се приметуваат. Што да користам?Некоја со сличен проблем?
Може да земеш Дове пилинг сапун и со него да се миеш.Ако ти се даваат повеќе пари добро е и средството за миење од зелената линија на Еуцерин. Ако ова не ти помага правец на дерматолог и таму да ги ти решат со третмани. поздрав
Пробај од Авон едно гелче за миење лице околу 110 денари е,а стварно е ефикасно. Барем кај мене ги снема,различно е нели од кожа до кожа но не се знае можеби и кај тебе ќе има добри резултати вреди да се проба бидејќи не е скапо. Еве како изгледа.
Да незнае некоја како се викаат тие акнички ле се со ли се ги имам на образите многу такви ситни ситни поткожни ли се со ли се со се ги мачкав абе здраве ле сакаш, докторс крема ли сакас, клиндацин ли... 300 ствари и не исчезнуват и не исчезнуват така веке една една и пол година ги имам и ме нервираат дајте некое чаре и казете како се викаат
Девојки кремава не ја земајте на своја рака, имав јас пишано и порано, јас ја користев кремава по препорака на дерматолог, ама најпрво треба лицето да се третира со антибиотик па дури пото следува кремава. Се користи само навечер, никако преку ден бидејки е фотосензитивна, никако немојте да ја користите во тек на лето ни преку ден ни навечер. Јас овие три месеци кога е најжешкото паузирам од неа Инаку не и е намената да ги исчисти флеките туку само да ја излупи кожата да го оттргне површинскиот слој, за да може кремата за лузни која се нанесува после неа подобро да делува.
Ќе посетиш козметичар, ќе одиш да ти го исчистат лицето со третман Тоа ќе го правиш во месецот еднаш до два пати. Дали можам да го користам хлоракол лосионот постојано, бидејќи ми прилега?
^ Мислам дека читав да се користи еден или два месеца па после да се направи пауза некое време, па повторно.