Седумдесетина денари е, мене ми беше супер за чистење на лицето, вадење нечистотии и корички, ама не ми помогна околу црнките затоа што пилинг ефектот е пренежен. Барај си некое средство за миење лице - по можност со гранули за пилинг, кое ќе биде со салицилна киселина. Таа помага во чистењето на црнките. Јас ваков пилинг имав купено од Авон и е најдоброто нешто кое ме спасуваше од досадните црнки.
Здраво на сите! значи вака, имам 15 години, како и сите во пубертет и мене почнаа да ми се појавуваат акни,црнки,мозолки, мислев дека ќе ми поминат за неколку дена и да не си го оптеретувам лицево со глупости не реагирав многу, не не испадна така. од ден на ден се зачестија, лицево ми се напраи катастрофа, неможев да излезам од дома сред бел ден. Почнав да користам крем здраве, не ми помогна, после ова го земав кремот од козје млеко, ни тој не ми помогна, додека не го земав лосионот Леа, заедно со гелот, и кремот на докторс, ги користев околку 2 месеци, лицето ми се исчисти колку толку, и тогаш престанав да ги користам, но сепак лицево не ми се исчисти скроз како што треба. Бидејќи повише немав нерви, сакав ептен чисто лице, отидов на дерматолог, таму ми препорачаа сапунот на докторс со ексракт од ментол заедно со сона кремот, кремот многу ми го сушеше лицето, но сепак ми поминаа сите мозолки, кремот го користев околку 2 недели и престанав зашо ептен ми се сушеше лицето, а сапунот го користам еве веќе 2 месеци, многу добро делува. Исто така еднаш во недела си ставам пареа на лицево и после тоа маска од зелена глина, и навистина лицево ми се среди потополно и многу сум среќна, ви посакувам на сите да ви се реши проблемот
Пилинг од оризово брашно Измелете го оризот за да добиете ситен прав, па помешајте го со павлака. Користете ја оваа смеса за пилинг на целото тело еднаш неделно, и ќе се заљубите во сопствената кожа. Редовна примена на пилингот гарантира отстранување на насобраните мртви клетки од кожата, поради кои таа делува нездраво и без сјај. Незнам колку е ефикасно го најдов на нет
дали некој ја има користено кремата борогал-к и дали можи да се користи за девојче од 15 години? зашто некаде прочитав дека ја стареела кожата, ве молам ако знаете, пишете ми...
Започнав еден ритуал за лицето пред неколку дена и веќе имам задоволителни резултати. Дефинитивно ќе продолжам на овој начин.. .. Сабајле го мијам лицето со овој сапун од Dove и ставам од оваа крема на Nivea . Пред спиење го чистам лицето со тоникот на Eucerin и ставам од кремот Zdrave на бубуличките .
Дечки,може прашањево ке е глупо,ама навистина не знам и немам користено досега..па ме интересира Што е разликата помеѓу тоник за лице и моистуризер за лице?
^ Тоникот е течност - дали за да чистиш шминка со негова помош или да ги залекува кожните проблеми и да го чисти и освежува лицето, а moisturizer-от најчесто е крема, т.е. навлажнувачка крема која му дава хидратација и свежина на лицето.
јас имам проблем со црнки на лицето (и поткожни митисери) и не знам дали да си го земам ова од лаш или од јонсонс тој што е моистурајзерот http://www.lush.com.mk/shop/product/pro ... tree-water инаку,2-3 пати неделно си го мијам лицето со гарниер пилинг,а со секое туширање дав сапунчиња. П.С Фала на одговор Мишелке
За црнките спомнав и претходно некаде низ темиве, не се сеќавам точно каде - да си барате пилинг за лице кој содржи салицилна киселина. Кога ќе си бираш пилинг нареден пат, прочитај позади во состојките дали продуктот содржи salicylic acid и одбери некој таков. Јас сум речиси сигурна дека во секој пилинг би требало да ја има, но никаде конкретно ја немам сретнато да ја пишува на самата амбалажа од напред.
Тоникот се користи за отстранување на мртвите клетки на лицето и отстранување на остатоците од гелот-млекото за чистење на лицето. Исто така ја подготвува кожата за нанесување на крема, без тоник кремите многу потешко се впиваат во кожата, а тоа значи и помал ефект на кремата. Секогаш треба да се користи средство за чистење-миење на лицето па тоник па крема. Моистѕризер е всушност крема која е навлажнувачка, хидратантна. Значи има голема разлика во тие два производа. Не ми е јасно зашто некој користи или тоник или млеко за чистење на лице, па тоникот не служи за чистење на лицето од шминка Како и да е, едното без другото не може, или може ама кој како сака
Moisturiser или навлажнувач е замена за крема, не е крема која хидрира, има малку потечна конзистенција и можеби повеќе накај гел така нешто, не е толку густ и пастест како кремата, и најчесто ја нема таа типично бела боја што ја имаат кремите, побрзо се впива за разлика од крема и ретко остава мрсен слој на лицето. Навлажнувачот се смета за револуционерен производ што треба да ја замени кремата, нешто како ББ кремите во светот на пудрата. И да напоменам, денеска скоро на секој производ пишува moisturiser, да не се збуните значи не секаде каде што пишува тоа е навистина тоа, можеби така потенцира производителот дека тој производ е наменет за хидратација, со користење на такви маркетинг трикови, бидејќи во странство скоро и да е исфрлена стандардната крема од продажба, па најверојатно „триков“ пали во држави како што е нашата. Значи, прво оди гел или млеко или сапун за миење на лице, потоа тоник или лосион за лице, и на крај крема или навлажнувач, тоа се тие познати 3 чекори за нега на лицето.
Денес ми стигна од Авон кремата за лице perfect tone демек за избелување е и ставив ама малку почна да ме пецка. Другарка ми ја фали и го избелило лицето а мене сега малку почна да ме пецка. Кој има искуство со ова крема нека пише дали јас сум комплицирана и чудна кожа имам па ме пецка малку незнам а и несмее покрај очи да се става. Еве и сликичка
Незнам другарка ми ја користи има 21 година. Јас како што знам оние кремите од Anew се за постара кожа.
Девојки јас воопшто не сум задоволна од Dove пилинг сапунот. Го користам 2 месеци и почнав да забележувам многу поткожни акни на брадата и образите. Пред да почнам да го користам немав на тие места. Сега, ептен сум загрижена како да се ослободам од овој проблем. Дали некој решил проблем со ситни бели митесери???? Ви благодарам однапред!!!