Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    Тој лосион беше околу 300 денари ама може да е поскап сега ,го има во Зегин и во другите ама го има секако ;) Се мачкаш пред спиење и само ако имаш масна кожа,пред спиење дека остава жолто на лицето ама е предобар и на природна база :!: За мене се чудам како може од толку акни што ги имав ниту една лизничка да не ми се направи,а ништо друго не користев никогаш.Со среќ,пробај па пиши како е :D
     
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ko што сум си баксуз за 2ри септември се разбудив со лицево ко трактор да ме згазил и ми беше страв и у огледало да се погледнам,иако по 3 пати на ден со Асодерм се мијам,го искомбинирав со Леа лонсионот и гелот.Кое девојче и да имаше пишано за него,фала му многу,еве ми се оправи,ми се направија на 2 места како лишаи од што ставав паста,немојте да ви текнало да се будалеете ко мене со паста,зашто полошо ке ви биде.И си поминав со едно од pure natural од алое вера,ставав на тоа ми се среди,лонсионот и гелот си ги користам и еве сега чисто ми е лицево.Нема да ми текне више да ставам паста на лицево.
     
  3. sunygirl

    sunygirl Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    8
    Вака значи секогаш кога ставам пудра на лицето на носот ми се појавуваат како мали лушпички може ли да ми кажете нешто за да не ми се прави така :|
     
  4. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    10.694
    Пол:
    Женски
    Сува ти е кожата на носот , а и може пудрата да не ти одговара.
    Кога ке ставаш пудра стави крем на носот , можеш да си земеш од BB кремите , супер се за сува кожа . :)
     
  5. girl-21

    girl-21 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Женски ПОМОШ!! Очајна сум, во депресија и не ми се живее повеќе. Цел живот имав БЕСПРЕКОРНО лице без никакви проблеми, но во мај месец почнав да имам проблеми со него. Бев на лекар и мислеа дека е алерија и ми даваа терапија за алергија, адвантан и афлодерм и сл работи и не поминуваше. Отидов во Ремдика и ми кажа докторката дека се всушност акни , но не ми даде никаква терапија зошто скроз ми беше суво лицето од лековите туку само ми препорача колекција за користење без парфеми и сл. Во меѓувреме состојбата ми се влошува и се уште имам ужасни болки на лицето и ме печи многу. Дали можеби има врска тоа што држев диета пред да ми се појави проблемот со лицето и не јадев скоро ништо некое време? Како можеа докторите во државно да не препознаат акни? Не знам кој пат да го земам, не ми се живее повеќе, гледам дека и лузни веќе почнаа да ми се прават. Имам 21 година.
     
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Јас би ти препорачала да направиш испитување на хормоните, а не би било лошо да посетиш и гинеколог, зашто ништо чудно проблемот да има врска со нешто од тој тип.
    Избегнувај козметики и агресивни лосиони колку што можеш, прави си (ладни) облоги со чај од камилица - неколку пати дневно нанесувај со памучна вата и остави ги ватичките на местата каде што имаш акни за да делува.
    Набави си маст од невен - ја изработуваат во домашни услови и мене многу ми помогна во намалувањето на црвенилата и иритациите. Бавно делува и нема видни резултати да речеме по два-три дена, но верувај дека предобро го смирува лицето. Мрсна е малку и можеби би било малку незгодно ако имаш мрсна кожа, но откако темелно ќе го отстраниш од лице нанесуваш крема за мрсна кожа (со благ матирачки ефект) и ќе немаш проблем.
    Ако имаш сува кожа, мелемот ќе ти дојде како кец на десетка, верувај. :)
     
  7. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.896
    да не знае некој

    имало крем наменет за оние со мрсно лице и комбинирано склоно кон акни (било дека од лицето ;) ) ..се миело прво лицето со сапун потоа се ставало од тој секојдневен крем -го прочистувало лицето од акните...од орифламе бил... некоја зачленета во орифламе да знае за што зборувам или некој/а феминка да има користено па да ми каже...

    благодарам однaпред
     
  8. Devil99

    Devil99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски

    Еве вака да прашам нешто, купив Здраве кремата и сеа ми е чудно, не е во течна состојба ко другите, а рок има до 2016, дали е во потврда состојба зш мојата кога ја отворив сеа таква беше или не треба да е таква?
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.876
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Devil99 не грижи се, таква и е структурата, по густа е, како паста.
     
  10. StormRider

    StormRider Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    52
    Се сложувам за невенот, ја смирува кожата. Можно е да има врска диетата посебно делот дека ништо не си јадела, па посвети големо внимание на здрава исхрана, почни со тоа. Можеме да кажуваме совети, но треба да откриеш што и одговара на твојата кожа. Пробај со природна "козметика", мед, ладно цедени масла ( невен и сл. ) .
    Секако се е индивидуално, ќе набројам некои производи со кои јас сум имала позитивно искуство.
    Еуцерин за осетлива кожа ( сапунот е одличен и благ за кожата ) .
    Кремата Здравје за проблематични места ( може дополнително да ја исуши сувата кожа ) .
    Даровите од природата ( мед, лимон и сл. ) .
    Ладно цедени масла ( невеново, рицинусово, маслиново и сл. ) .

    Пробај да се релаксираш малку, сигурно е нешто минливо и ќе помине. Се надевам дека ќе го пронајдеш вистинскиот избор. Среќно.:)
     
  11. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Значи откако почнав да ставам мед и цимит лицето ми е преубаво и мазно..Ќе си продолжам секогаш со оваа маска.. :hai:
     
  12. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Знам дека темата не е соодветна, но морав да прашам. Денес некако ,,ме боли'' лицето. Не буквално да ме боли, него ме чеша и мрсно ми е многу. Дури и грозно ми е така. Вчера се депилирав со ленти на лице, во домашни услови сама. Откако се издепилирав ставив крема Dove и потоа бебешка пудра Бекутан. Исто така купив сапунче за лице Dove од зелениот со вкус на краставица. Утрово се измив и одма ставив крем Dove. Од тогаш лицето цел ден ме чеша, црвено ми е. Не знам што да направам за да го смирам. Дали да одам да купам маска за лице или...? Ве молам одговорете ми побрзо доколку знаете, зашто ненормално ме чеша и не можам ваква мрсна во лицето да се поднесам :(
     
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Каде поточно те чеша лицето и каде го чувствуваш иритирано?
    Ако е во областа каде си се депилирала, тогаш можеби е некоја блага иритација од влечењето на лентите и не ставај никакви препарати како маски и креми, туку нанеси бебешка пудра и остави го така лицето, немој да го досушуваш со сапуни и слични нешта.
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. richgirl998

    richgirl998 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    286
    Таму каде што сум го депилирала ме чеша, а останатиот цел (челото) ми е мрсен.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    Eпа нормално е ако имаш комбинирана или мрсна кожа тој дел да ти е мрсен и не е ништо страшно - таква ти е кожата. На иритираните места стави си бебешка пудра и остави ги да се повлечат црвенилата, а челото чисти го со памукче и лосион за лице. :)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    интересно ке сакаш да ми кажеш само дали има посебна подготовка на маската? :D
    а и уште нешто може е малце надвор од темава ама лицето ми отекува да не знае некој некое решение ко надуена жаба изглеам некогаш :rofl:
     
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.349
    Пол:
    Женски
    ^ Jaс мислам дека имам читано некаде дека циметот, т.е. маските со цимет делуваат при прочистување на тенот и такви ми ти работи, ама колку е ова вистинито ич не сум сигурна зашто ретко кога кај мене се покажало веродостојно.
    Медот убаво делува на кожата, на неколку лажичиња мед додај лажиче цимет, намачкај, остави да се стегне малку и измиј.
    Ефикасен „лек“ за овие отоците мене ми се покажаа ладните облоги од камилица, па пробај го и тоа, сигурна сум дека ќе делува. :)
     
  18. redhat

    redhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    222
    фалаа највеќее ќе промам со камилица да видам сега дали отоците ке поминат :* :D
     
  19. storina

    storina Активен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво..
    Отидов кај козметичар и ми кажа дека третман за флеки е 700 денари имало ефект но за целосен ми покажа едни креми 150мл,тоник,крема и нешто како пена.Цените на кремите 400,и другите две 900.
    Што мислите дали ке помогне тоа или? И дали знаете за кои креми станува збор?
    Благодарам..
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.876
    Допаѓања:
    5.214
    Пол:
    Женски
    Маската од сода многу ми помогна, ми ги исуши акните, а истовремено си направив и пилинг :)