Можеш слободно да прочиташ на гоогле за оваа маска за чисто лице.ЦИметот е познат по своите антибактериски својства го чисти лицето и успат прави пилинг,а медот додатно ќе го нахрани и омекне лицето.Исто за оваа благотворна комбинација можеш додатно да си прочиташ за да видиш какви се придобивки имаш,не само за лице него за организмот поззз
Green Master се најдобри, јас кога почнав да ги користм производите (посебно витамините) се препородив мислам, поенергична сум, косата ми порасна ептен, ноктите камен цврсти и што е најинтересно сите околу мене го забележуваат тоа и оваа со чајно дрво крема ја имам, нема што немам Разгледајте ги каталозите, нема да зажалите: http://www.greenmaster.info/Publications.aspx
Срцка јас сум зачленета преку мене може или некој твој познат ако е зачленет... инаку во линкот што го пратив има се само треба да се расчиташ малку. Еве за кремот на база на чајно дрво дескрипција
Употребувал ли некој сребрена вода за чистење лице и каде може да најдам прашував во Зегин,Еурофарм и Геа немале одамна.
Крема за лице Еуцерин Сапун за лице Еуцерин Помалку пудра, ружови и други такви работи Луѓе, најискрено, носете помалку шминка. Тие што немаат потреба од шминка, зошто ја ставаат? Не ми е јасно. Некои девојчиња и со чисти лица, ставаат камени, течни, скапи пудри. Од многу убаво лице ќе направат катастрофа. А, тие кои имаат потреба, нека ставаат пудра и веднаш ама веднаш штом стигнат дома нека ја вадат со сапун и одма кремата на лице. Викендите, истотака, нема потреба од пудри, освен ако не излегувате. Но, ако имате потреба од пудра секој ден и подолг дел од денот, вадете пудра со сапун. Никако легнување во кревет со шминка. Јас вака си го оправив лицето, и сега сум Ај доста ломотам
http://www.kafepauza.mk/zivot/otstranet ... ki-kvasec/ Чистете го лицето со млака вода и некој тоник, бекутанче или слично
Женски како да не е малку маката со акните тука се и лузните. На лицето ми се појавија голем број на лузни кои не се во вид на дупки туку на лузни кои личат на исекотини , како мачка да ме има гребано на лицето. Имам такви исекотини и вертикални и хоризонтални. Бев на козметичар за совет и козметичарката вели дека е можна таква реакција од Афлодер и Адвантан кои ги користев препишани од доктори и други креми или пак можеби јас во спиење несвесно се имам чепкано на лицето зошто многу ме печи. Козметичарката вели дека не се многу длабоки. Кое е најдобро решение за мојот случај? Ласер, пластична операција? Парите не ми се важни, важно ми е да ми се врати моето совршено лице кое го имав до пред неколку месеци.
Имав многу мозолки у бубулици, ама ете ми поминаа некако, проблемот е тоа што на местото кај што имав бубулици ми останаа како црвени точки, не знам како се викаат, можеби тие се флеки или не? поминаа можеби 4 недели ама сеуште ги имам тоа црвенило на местото кај што имав бубулиици, ве молам препорачајте ми нешто..
Мислам дека се флекии јас имам такви пред некој ден купив лала крема против флеки и пеги 70 денари беше.Се надевам дека ке ми ги избледи.Имало некоја крема од леа 300 денари била и таа за избелубање,па провери по аптеките
Девојки пиете ли некои таблетки од што сте посебно задоволни, или некој чај.. што по некое време употреба дава вдливи резултати, дава сјај на кожата..
cool, ако сакаш пиши дали ти помага кремот лала и дали се нафрлуваш од него? зашто имам многу чувствително лице, и не знам дали да го купуам. иначе имам пиено бел чај и добро делува, ама нема некои ептеен големи ефекти, и треба многу време да се пие
Па го користам 3-4 дена не можамда очекувам уште сега резултати , сега за сега не се имам нафрлано .Читав по нетов сите ја фалат , па се надевам дека и нас ке ни помогне .Земија ти дневната пошто е полесна.
Девојки зашто бе се мачите со лосиони? така само повеќе си ја сушите кожата бидејќи секој лосион содржи алкохол. Алкохолот ви ја суши кожата, и таа пак мора да ги активира жлездите да произведуваат поголема количина себум, за да се заштити, и на крај пак добивате акни и се така во круг. Си пишав јас што ви е чарето, ама ако не сакате да ја спроведувате целата терапија, тркнете до Виола и купете си Далацин ц, гелче, и ставајте го нон стоп на акните. Антибиотик е што значи спречува размножување на бактерии, кои што се причина во 90% од случаите со акни.
не сум имала којзнае колкави проблеми со лицето, ама имало периоди кога имав многу бубулици, посебно пред да добијам. Пијам веќе подолго време редовно зелен чај и коприва и лицето ми се исчисти. Сега не знам дали баш од нив, ама мислам дека имаат влијание. А и кремава ептен ми е погодена
Мерц дражеите се мислам за одржување на природниот сјај на кожата, покрај намената за нокти и коса. Не се сеќавам колку чинеа, но ги има во секоја аптека, па побарај си информации. За прочистување на тенот се препорачува бел чај, без разлика дали ќе го користиш како тоник или ќе го пиеш секоја вечер да речеме. Мене ми е во план да пробам, зашто и онака почна сезоната на чајчињата, па нема да е на одмет и овој.
Мој совет ти е да не ги зимаш кремите ако не го знаеш нивниот состав, најдобро е доколку имаш поголем проблем со лицето да посетиш дерматолог кој ке ти даде соодветна козметика за твоето лице. Јас кога имав проблем со акни ( помала бев тогаш) мајка ми ме однесе на дерматолог кој ми даде медицинска крема и веднаш имаше резултати а и таму ми правеа третмани на лицето. Козметичарките не се доволно стручни и можат некогаш да ти направат поголем проблем.