Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Kozmeticharka

    Kozmeticharka Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Гледам дека има многу задоволни од кремата на чичкото Ке може да добијам негов број во лп? Благодарам..
     
  2. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Дали помага за лузнии од акни ??
     
  3. alexsandraa

    alexsandraa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    И мене тоа ме интересира :)
     
  4. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    девојки бе не чекајте на секое прашање што ке го поставите секој посебно да ви одговара, наназад е многу пишувано на темава, а и имате горе поле во кое може да пребарате, еве така ви го најдов бројот од Саше, потрудете се малку.
     
  5. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17

    Биди сугурна дека ја пребарав темата и знам за полето за пребарвање не мора да ми кажваш АМА за лузни не прочитав никаде, само за акни дека помага, а тие две работи не се исти. Значи ако некој знае ме интересира дали помага за лузни.
     
  6. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    523
    Допаѓања:
    1.522
    обожавам домашни рецепти на природна база, па ќе пробаме.. :)
     
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.213
    Пол:
    Женски
    Немам некој посебен ритуал,не ставам ни маски ни пилинг правам ништо, лицето го мијам прво со Дове сапун од најобичниот и после ставам крем со матичен млеч од авон, после тоа лицето во текот на денот ми е преубаво и чисто и мазно :)
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Бидејќи незнам од која причина ми го избришаа мислењето, еве пак ке пишам.
    Јас преку истата опција успеав да ти го најдам одговорот незнам како ти не успеа :^)


     
    На Candice.S и Kozmeticharka им се допаѓа ова.
  9. Kozmeticharka

    Kozmeticharka Активен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2013
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    5
    Прашање до ППараскева колку чини кремата? Благодарам
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Цента колку што знам и ја покачува постојано.
    Прво беше 1400, па 1600, и последниот пат кога ме известија по ЛП ми рекоа дека е качена на 2200. Ама ова беше пред една година. Јавете се најдобро и прашајте - информација од прва рака :D

    Ама не е само една крема, две се за таа цена.
    Еда од 100мл, и една од 50 мл.
    Едната за цело лице, едната само на критичните делови.
    Човеков е од некое село во Скопје, па кога ке ја порачате ке се договорите каде и како да се сретнете да ви ја даде.
    И он ке ви објасни како да ја користите, колку и со кој препарат да го чистите лицето.

    Искрено прво и јас бев загреана за кремава, ама кога подобро размислив, дојдов до заклучок дека е подобро да си отидете на лекар- дерматолог.
    Барем знаете дека има диплома и го препуштате лицето во сигурни раце.
    Вака ако слушате кој што кажал и предложил ке треба сешто да ставите на лицето.
    На дргарка брат и дури и средство за чистење шоља си ставил на лицето.

    Јас си го средив лицето без кремава, и да ја земете и да ви помогне, ако проблемот е нешто друго, акните пак ке ви се појават.
    Најпрво отидете на лекар, можеби е хормонска причината.

    И да се едитирам, пишав и прееска ама незнам од која причина ми го избришале мислењето, и толку се напнав што немав нерви пак истото мислење по втор пат да го пишувам |(

    Имаше слика постирано едно девојче на темава, какво и било лицето пред да ја користи кремава и после користење, одкако завршила со терапијата, побарај те ја наназад, баш да видите разлика на лицето ;)
     
    На Nymeria и Emotional123 им се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Само да ви кажам, да не се лажете многу по се што ќе прочитате на форумов. И здраве кремата сите толку многу ја фалат, а на мене ми направи повеќе проблеми отколку што имав.
    Дека постои чудотворна крема која преку ноќ ги брише акните, лузните и сите проблеми, не постои, колку сакате вие верувајте на мислења од членови со по 1 пост и тоа на темава и тоа со реклама, да можеше така лесно да се реши таков проблем, сите ќе го имаа решено.
     
    На Snowbell и UnknownLadyDi им се допаѓа ова.
  12. girl-21

    girl-21 Активен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Женски некое решение за стрии на лицето? Мене од Афлодерм и сл. креми кои ми ги даваа за акни ми го оштетија и ми го исушија лицето и сега имам стрии на него. Помош, очајна сум!
     
  13. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    И пак одговорот е - Дерматолог.
    Имаш доста добри да не кажам одлични дерматолози кои работат приватно и тоа за 300 денари.
    За 300 денари јас не би дозволила да ставам секакви производи на лице.
     
    На Snowbell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyNitro

    LadyNitro Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2013
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    31
    Имав многу мозолчиња пред една година на Т-зоната иии :@ ми пукна филмот и отидов на дерматолог кај д-р Николина. Ми препорача еден крем, Скинорен. Се мачкам сеуште пред спиење. Ми се исчисти лицето :o и ми се појавуваат мозолчиња чат-пат, сепак во пубертет сум. |(
     
    На mihaela55555 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17

    Сигурно нема да се одлучам од едно прочитано мислење да купам крема за лице, сепак треба да се прочитаат повеќе искуства, барем за мене за тебе незнам.
     
    На erdana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Го користам Леа лoсионот и чист гел од Алое вера а може и крем тие се од иста фирма и исто ми помагаат (барем мене) без разлика дали го имам купено гелот или кремот. И лосионот и алоето можат да се најдат во зегин. За миење на лицето го користам Докторс сапунот со ментол (доктор ми го препорача) и то је то. Мене ми помага многу а и така немам мн акни (пу пу да не се урочам). Лосионот мислам дека е околу 200 ден а Алоето е 90-100 ден. Сапунот незнам зашо не го купував јас. xD
     
  17. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    и јас го користев леа лосионот и гелот и навистина многу помага ама не се корсти долго време, сега веќе не корситам ништо освен сапунчето на аментол од докторс и од кремата здраве си ставам кај што имам мозолки и флеки , и влажни марамици бекутан..
     
  18. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    Имам навистина многу нежна кожа, и склона кон алергии не дај боже да се допрам со нечисти раце.
    Користев сапун Еуцерин -150 денари кој што воопшто не ми помогна.Редовно си користам Декотал крема кога ќе забележам алергиски плик...многу ми помага.Сега користам глицерински сапун, бекутан марамчиња и дермогал лосион.Единствен лосион што не ми ја суши кожата како Клидамицинот и Хлораколот.Можам да се пофалам со чисто лице. :)
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако за еден кремата/лосионот е одличен, не мора да значи дека и за другите ќе е така.
    Се зависи од самата кожа.

    Ме интересира дали сте користеле од САТВА лосионите или кремовите и колку сте задоволни ?
     
  20. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Како мислиш не се користи долго време? Зошто?? :?: