Ја незнам од перфетно чисто лице до цело изфрлано приметив секој пат кога одам на море за 10 дена 80% исчезнуваат..........ама после па ми се нафрла... ....Бев на кожен и Скинорен ми даде......Помага ли?...........За колку време ги чисти?
Ако мислиш на др Николина, Медикоз, во дебар маало кај што се бараките кај матичното за регистрација на бракови, е, во близина на улица Орцениколов бр 111. тоа ти е од солта затоа што солта ги суши акните
Ако мислиш на др Николина, Медикоз, во дебар маало кај што се бараките кај матичното за регистрација на бракови, е, во близина на улица Орцениколов бр 111. Да, на нејзе мислев Фала
имав лице со акни,мрсна кожа...но еднаш неделно :со сапун палмоливе си ги сапунисам рацете и втријам на лицето и веднаш плакнам....потоа малку крем нивеа втријам на раце и поминам преку лице отпосле ставам малена пудра и не мора сега имам лице ко бебе а ми беше дупка до дупка и брунче
за флеки и лузни најдобро е келокот, или епителиал. Во зегин околу 1000че до 1200. Ако ти се појаки лузни и флеки првиот крем ако не вториот
Го имав и не баш ми се свиѓаше. Брзо ми се мрсеше лицето после него. Ама пробај го ако си решила. Може тебе би ти одговарал.
И една моја другарка го користеше и не беше задоволна. Но секој има различен тип на кожа така да можеби тебе ќе ти одговара.
Феминки да ве прашам колку е пари Леа гелот против акни, а колку лосионот? ^^Значи види сеа тиа сите Здраве кремите се на Арома (така се вика фирмата) а таа со цинк ке си ја земеш сината.
Фала ти, ќе си го купам после Иначе гелот и лосионот се во едно пакување, лосион плус гратис гел, јас едно време ги користев, мислам дека се 200 до 250 најмногу, не се сеќавам баш
Таблетите се 100 евра, се пијат после 18 год. и ти го прават лицето ЏАМ кристално ни црнка ни акна не останува на тебе, едноставно добиваш бебешко лице. Еве ви упатства и информации: Во Шведска се Roaccutane: *http://www.netdoctor.co.uk/skin-and-hair/medicines/roaccutane.html Во другите земји се Аccutane: *http://www.netdoctor.co.uk/skin-and-hair/medicines/roaccutane.html Напомена: Таблетите се опасни се споредуваат дури со дрога! Затоа постојат строги упатства кој и како треба да ги пие! На овој линк има слики какви последици има доколку не се почитуваат правилата за искрана за време на таблетите, исто така не се изложува лицето на сонце за време на користењето на таблетите! https://www.google.com/search?q=accutan ... =638&dpr=1 - Кликнете само на Images
Може ли да ми препорачите некој крем што ја смирува кожата од црвенило? иначе сум 15 години некој маст од невен имало, дали помага, ако имате искуство кажете ми..или пак некој крем со камилица и невен. исто така имам флеки и ситни дупчиња, значи не пори, дупчиња, за нив што да користам? читав некаде дека лала кремот помагало ама не знам, вие што би ми препорачиле? бладорам однапред
Мене ми кажаа дека дека е 240 ама во аптека на мајка ми и кажале дека блага верзија била......мислам не нешто многу јако
Јас бев на преглед во петокот кај др.Николина Медикоз, ми даде антибиотик Далацин Ц, 3-4 пати во денот да се мачкам па ќе видиме како ќе биде.Инаку сум задоволна од докторката, убаво ми објасни за што се работи, дека е бактерија во прашање која треба да се лекува па после да се чисти лицето. Кога идев кај Самоникова одма почнаа со стискање, секој работи различно Е сега, сакам да прашам некој кој ја има користено кремава(антибиотикот), дали ве чешало лицето откога ке се намачкате?
^^ Далацин Ц е антибиотик во форма на гел, транспарентен по боја. Многу е нежен и воопшто не чеша лицето од него (барем мене не ме чеша никогаш). Се нанесува на претходно измиено и добро исушено со крпа лице.
За чисто лице не треба сенешто ставање на кожата. Јас од искуство го видов тоа. Ставав сенекакви креми, чуда и полошо ми беше. Имам една брачеда, наголемо размазена од дома, само виси по парфимерии, има од најскапите пудри, креми, само оди по козметичари, а лицето и е толку упропастено, нафрлано и остарено. Јас моментално само обично го мијам (со благо средство или купувам рачно изработен сапун) и хидратантна крема ставам. 1-2 пати неделно си правам домашни маски или ставам мед. (Само по потреба ставам плус некое средство)