^^ Јас многу сакав да ја купам оваа на Гарние мат кремата, ама откако прочитав тука на Фемина дека повеќето од вас се разочарани од ББ кремата на Гарние, некако како да изгубив доверба во нив како фирма. Ве молам, некој кој ја користи подолг период кремава (по можност секојдневно) да ми каже дали предизвикува акни, црнки и такви мити работи? <Едит> Штета што немаме опција за означување на поважни постови во темава. Симончелишс, се изнамачи повторувајќи по стопати. Па, читајте малку бе мајка му стара. Едно те исто на секоја можна страна. Секој посебно сака да му се објасни за истата работа. Па тоа се наплаќа бе луѓе.
Ми се исфрли мене пак лицево.Таман се исчисти,ете го пак. Дај кажете ми комбинација на тоник+крема за сушење акни. Јанг дерм не помага...
simoncelicius многу ти благодарам, ќе ја земам кремата, и ќе ја пробам, само исто и јас се плашам да не ми направи митисерии и такви ствари, а знае некој колку пари е?
Си реков ај да се обидам повторно со производите на Clearskin на Авон, го имам синиот тоник и ми е супер за чистење на лицето, а сум пробала и со пенлив гел за чистење кој не беше ништо посебно.Последно го зедов крем гелот за чистење на лицето Clear Emergency и ептен сум задоволна, го користам еднаш дневно или навечер или наутро и промените се скоро веднаш видливи -лицето ми е почисто и освежено, порите намалени и појавата на мозолчиња значително намалена, а и со секојдневното нанесување тие што се појавуваат брзо се сушат, а и што е најдобро не ми ја суши кожата како др производи од Авон...
а црвенилото како да го спречам, знае ли некој, јас имам мрсна кожа ако ја земам павлоќевата нема ли да ми направи проблем? фала ви однапред
Јас! Цел месец како ја користам секојдневно - наутро и навечер, лицето си остана такво какво што беше и нови акни освен пред/после циклус не ми се појавија. Верувај ми, штом мене не ми направи проблем кремата (а потенцирам дека го имам најосетливото и најпроблематичното лице на светот), значи навистина станува збор за нежна крема. Е, само единствена замерка ми е малку појакиот мирис додека ја нанесувам, но не ми смета, напротив. Само онака информативно кажувам.
Mishela баш поради тебе ја предложив кремава. знам колки чувствително лице имаш, и кога и да сум те послушала за крема, пудра или било што во врска со лице не сум погрешила па затоа ја дадов како предлог кремава. Инаку marijaz цената е околу 245-250 денари. Инаку мишела јави се во темана за ДМ маркет ма, ни треба предлог за маска за лице баш Карина има пишано
На мрсна кожа уште павловиќева ти фали... Таа е една од најмрсните креми што сум ги пробала, инаку ја користам за нозете (ги прави многу меки)- ама на мрсно лице??? Не сум сигурна дека и некој друг користи павловиќева за лице, освен бебињата? Земи некоја хидратантна крема, јас ја користам оваа од Гарниер и задоволна сум, не ми свети лицето а имам мрсна Т- зона.
Симонче, бојкотирам зашто не ми одговара никоја дали има лосион за тело со мирис на мандарина! Да ми кажете, оти неделава ме чека шопинг во Штедлер, а таму знаете како одат парите - ако остане за леб и млеко ќе умрам од среќа.
фала ви многуу, заудтре си ја зимам кремата обавезно, иначе не би била штетна да ја корситам оти сум 15 години нели? фала уште еднаш
имам лице со акнички(најчесто пред да добијам се појавуват) кои коа ќе поминат остануваат флеки.. Не знам веќе што не пробав, се и свашта колку пари само дадов. Може ќе имаше некој минимален ефект али слабо. И вчера негде прочитав дека лимонот е многу добар за кожата и вчера го исцедив и со памукче ставив на лицето и чекав околу 10 минути и ја измив кожата и поголема разлика ја во живот немам видено. Толку некако ми се осветли лицено малите акнички скоро и да ги снема флеките ми се намалиа.. премогу сум задоволна.
Како сте задоволни од кремата на Clean & Clear во тубичка таа од 100 мл. Може ли како подлога за пудра и дали светнува луцето после некое време?
Дали некој од вас имал милиуми - бели ситни точки на лицето? Читав по различни форуми и сите пишуваат дека освен на козментичар друг лек нема, но јас не сакам да го изложувам лицето на некакво си боцкање :/ самата постапка ми е СТРАШНА! Инаку ми се појавија пред околу еден месец, никогаш порано сум немала такво нешто.. Еве како изгледаат: Ве молам ако некој се ослободил од нив да ми помогне!
i jas go koristam dalacinot veke 1 nedela, me interesira posle kolku vreme da ocekuvam rezultati, bidejki sega liceto mi e isto? p.s. izvinete sto pisuvam na latinica nemam makedonska podrska na ovoj kompjuter
Да ве прашам девојки,имам чиста кожа,мислам немам акни или некои флеки,ама имам малку масна кожа на Т-зоната,која понекогаш ми свети,помалку. А имам црвенило на лицето,особено на долниот дел на образите и кај јаболкниците. Што би ми препорачале?
И мене некогаш ми се појавуваат, и затоа одам редовно на козметичар (еднаш на месец ипол). Не е воопшто страшна процедурата на вадење (боцкање) и е многу поубаво тоа да се истрпи отколку потоа кога ќе прераснат во чирови, па лечењето е уште покомплицирано и подолго...
Имам слушнато дека против бубулици користеле цефалексин (издробен и додавале капка вода) и со тоа ги чистеле бубулиците...точно е....има ли некој пробано?