Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Одреден период ми се појавуваат слични на овие бели точки,и никако неможам да ги исчистам,некој имал ваков проблем?

    Исто имам и црвенило низ лицето :(

    [​IMG]
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Ова не се тн митисери? :^) Овие лесно излегуваат.
    Да не мислиш на оние како бели, тврди, масни ткивца? Тие со холрамфеникол маст исчезнуваат. Обично излегуваат околу очите. И на козметичар може ги боцкаат и малтретираат, ама тоа е причината зошто повторно ви се појавуваат. Не смеат инванзивно да се третираат.

    И освен ако не морате, односно имате нечисто лице со акни и митисери (очигледни и во лоша состојба), не би требало да одите да ви го стискаат и чепкаат со игли. Последиците се гледаат мноооогу покасно. Салоните секако нема да ви го кажат тоа никогаш. Ама никогаш! Можете да правите кај нив пилинзи (па дури и тоа, јас откако се зезнав со хемиски пилинг, реков НИКОГАШ ПОВЕЌЕ и тоа докторка беше во прашање, пластичен хирург), маски и слично, ама тие стискања и боцкања само ако имате сериозен проблем со кожата.
     
    На ladyb89 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    964
    Допаѓања:
    4.033
    Пол:
    Женски
    И мене ми се појавија проблеми со брунки, онака големи на челото се и кога ќе ги допрам чувствувам како и внатрешни да се.
    Кога забележав веднаш си купив Здраве крема и ставав на брунките не помогна, само се зацрвени кожата, прекинав. Лицето веќе еден месец го мијам со Нивеа сапун и задоволна сум
    [​IMG]
    На брунките почнав после миењето да ставам павловличева бидејќи имам сува кожа одлично ми делува.
    Е сега сакам да ми предложете некој крем за хидратација и сува кожа за да можам да го нанесувам на цело лице.
     
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.428
    Пол:
    Женски
    ^ Nivea розевиот за сува кожа и од оние новите Гарние во тубичка, мислам дека пак розевото е за сува кожа, но ако не се лажам има повеќе видови за сува кожа, па оди во маркет - ги има во речиси сите подобро снабдени и одбери си. :)
    Нивеата гарантирам дека е многу ефикасен, а сигурни и Гарние, но немам информации, можам само да ти кажам дека ако се сите како тој зелениот за мрсна кожа, навистина би биле супер. :)
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr му/ѝ се допаѓа ова.
  5. erdana

    erdana Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    ве молам дали некој може да ми каже како да го најдам саше сакам да го нарацам мастот за акни однапрет ви благодарам
     
  6. erdana

    erdana Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Како да ја најдам јас таа кремата на Саше, како да стапам со него во контакт? Те молам кажи ми.
     
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    072276954 еве ти бројче, слушни се со него. :)
     
  8. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Девојки јас ја користам сона кремата ама навистина не помага многу, немам многу акни ни пак воспалени,туку обични пубертетски, ама ќе ја баталам сона кремата зашо не ми помогна, сакав да прашам што според вас да земам гелот далацин ц или лосионот хлоракол,клиндамацин?
     
  9. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    149

    Јанг дерм се крш,јас им дадов шанса кога излегоа во новото пакување ама ми се влоши од нив лицето.Комбинации имаш мал милион зависи колку пари ти се даваат. Лосион можеш да земеш Леа а крема Неутрогена ( околу 300 денари) или некоја медицинска Авен,Еуцерин, Уриаж итн... :)
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.045
    Допаѓања:
    81.428
    Пол:
    Женски
    Клиндацин.
    Јас последно од Зегин го купив 211 денари - го покачиле, ваква останав - :o кога ми кажа девојчето колку треба да наплатам. Обично го купував за стотина денари, но откако им ја смениј амбалажата, во пакет отиде и цената. :D
    Небитно, сакав да кажам дека лосионот е доста квалитетен, мене само тој ми помага за да ми се повлечат акните без да ми останат флеки, без да ми се изиритира кожата како што беше случајот со Јанг Дерм и Хлоракол и ми ги намалува порите.
    Пробај прво со него така како еден од поевтините, па ако нема фајде бирај друга варијанта.
    Но, не очекувај резултати по првото користење - нормално.
    Дај му прилика 1-2 недели со редовно користење, па и подолго ако е потребно. :)
     
    На Nutri001 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    77
    Веќе немам живци! Цело време се трудам за лицево, без успех! Немам акни, но целото лице ми е ПРЕПОЛНО со црнки ли што се којзнае, како точки црни се на кожата кога ќе ги стиснам бело излегува. Моментално го чистам лицето со млеко на Леа, значи нема алкохол, со сапуни сум пробала со благи тоници, со далацини гелови, клиндамицини и џабе. Си велам, да не е некој внатрешен проблем, имав нешто читнато демек расипани заби ако имаш се појавува овој проблем на исклучително нечиста кожа иако водам секојдневна нега ;( го има ли некој овој проблем, решение, било каков совет ? :(
     
    На HoneyAxl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    487
    Си ги пробала ли лентите на нивеа, нема којзнае колку голем ефект ама барем испаѓаат по малку, и јас имам црнки и мрсна кожа и го мијам лицето со сапун на докторс ама пак ми изглагаат и или зелена глина или ленти, порано ги вадев на пареа сама се стискав ама така повеќе пори ми се праи лицето.
    Иначе може ли некој да ми каже која му е намената на клиндацинот, за акни ли, за црнки, за што?
    јас имам како црвени точки не многу големи, ама сакам да имам чисто лице, што д аставам веќе, користав леа, само повремено помагна исто и здраве крем, сона не ми помогна ми се вцрвенуваше многу лицето, глината само за освежување ама не ми поминаа акните, скрос, сакам дс имам чисто лицее и јас..
    да го пробам ли клиндацинот? совети? иначе во пубертет сум
     
  13. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    10.800
    Пол:
    Женски
    Клиндацинот е за акни .Јас го користев пред 2-3 месеци и супер ми го исчисти лицето т.е. челото(имав гадни подкожни мозолчиња) кои со ништо не ми поминуваа освен со ова :)
     
  14. onesweetgirl

    onesweetgirl Активен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Значи, види и јас го имам истиот проблем :envy: се нервирам многу, од нервоза ги стискам, но единствен начин е да не ги чепкаш :fubar: а може и да го пробаш сапунот и кремата на DOCTORS, а после него кремата Јан Дерм мене ми помогна :P
     
  15. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Далацин ц :) Имаме објаснувано назад во темава зашто, побарај.
     
  16. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    149

    И јас бев како тебе и мој совет е да посетиш дерматолог. Можно е од внатре да е проблемот ( хормони, полицистични јајници, лоша исхрана...). Треба некој да те упати што да правиш и што да користиш.Ако сакаш ќе ти пишам број од добар дерматолог- истиот што мене ми го оправи лицето. поздрав :)
     
  17. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Balea зелениот гел за миење лице со овошна киселина мене ми помогна 99 ден го земав од ДМ.
     
  18. elanor

    elanor Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.047
    Пол:
    Женски
    И јас цел живот не сум имала акни туку само црнки. Црнките значат дека доаѓа до запушување на порите и почнуваат да се собираат маснотии-тоа е она белото што го истиснуваш. Моја препорака е, всушност јас ова го практикувам со години, редовно чистење на лицето. Најважно е наутро кога ке станеш покрај со вода лицето темелно да го исчистиш и со тоник. Во текот на ноќта кожата си лачи маснотии и доаѓа до запушување на порите. И обавезно чистење навечер пред спиење. Исто така еднаш неделно маска peel-off која дополнително ќе ги исчисти порите.
    Значи време измина дури го најдов решението, ама верувај помага.
    Зелени глини и други слични чуда мене воопшто не ми помагаат затоа што имам сува и понекогаш и чевствителна кожа.
    Се надевам дека помогнав ;)
     
  19. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    Дали некој го има миено лицето со чај? имам слушнато за камилица нане зелен чај, дека се добри и за лице, иначе јас имам пори низ лице, што би ми помогнало, ама нешто природно?
     
  20. lanceska

    lanceska Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3

    во тенџере со зовриена вода ќе ставиш камилица чај , било каков, и можеш и неколку лажички сол. Ги отвара и ги чисти порите.
    На истиот начин може и со зелен чај, тој темелно ги чисти порите бидејќи е и антиоксиданс.
    Можеш после тоа еденн пилинг со сода бикарбона растворена со малку вода.