Можно ли е за време на сон некако да сум си ја расчепкала бубалицата на лицето? Ми беше црвена,голема...и единстена. И пред некој ден ми беше темно црвена,изгледаше како да е раскрвавена па засушена...Вчера случајно ми излезе гнојот и сама се тргна..Сега е во ред,ама сигурна сум дека не ја расчепкав,а ми викаат сигурно сум ја расчепкала... :geek:
Kaко не е можно. Можеби си сонувала дека си вадела нешто залепено за лицето, сигурно од триење од перницата или постелата се иритирала па предизвикала таков сон за ти да се расчепкаш. Немај гајле.
Не дека сакам да ви попувам ама овака читајќи ве како на своја рака употребувате Клиндамицин, Лосион со хлорамфеникол и остали мислам дека не е баш препорачливо да ги земате на своја рака. Сте прочитале што хемии во состав имаат?!?! Сепак тоа се медицински лосиони кои се употребуваат со препорака на стручно лице. Сите сме со различен тип на кожа и проблем.
Ве молам препорачајте ми нешто што ќе ги извади грдите поткожни бели црнки, не знам си што...се имам пробано, ве молам за помош!!
bioreto е предобро нешто за чистење и отстранување на акни, конкретно ова е гел/пилинг за миење на лице, за 2 дена ја суши акната., но е тешко да се дојде до него . Мене од Австралија ми го донесоа, не се скапи, околу 5евра, а другиве3 ви се веќе познати
јас користам едно кремче Здраве 30г е. Го има секаде во аптеки, во продавници. Многу сум задоволна една мозолка немам на лицето
Јас веќе со откажав да ги советувам да не користат никакви лосиони, без разлика која марка и кој ги произведува. Секој втор пост тоа им го кажував ама си тераат по свое. Бараат совет а кога ке им го дадеш не го примаат
И јас имав многу бубулици но за брзо време ги исшистив и сега лицето ми е цисто како стакло со лосионот клиндацин секој ден кога ке станам и пред да легнам да спијам и имам маска од авон со морска кал која ја земав 350 денари и со сапунот дове од сабајле и навешер се мијам а пудрата во прав со мат исто така ја користам таа не ги затвора порите но го прави лицето прекрасно
девојки кој сапун според вас е подобар асо дерм или сапунот на докторс од ментол? имам мрсна т-зона така да ми се појавуваат понекогаш ситни брунчиња и црвенило. кој сапун да го земам ?
Како да не !!!ц Во три различни аптеки кога побарав лосион ротив акни прв ми го понудија тој на Леа со клиндамицин зошто тогаш фармацевтите ги нудат ако не се за продажба како што викаш???
Во петок чекам роденден а лицето полошо не ми било многу брунчиња ми испаднале -.- Што да ставам до петок барем малце да го средам ? :/
Цинк паста многу брзо суши мозолчиња, се наоќа во аптека за 50-60 ден. Ставај само на мозолчињата и биди повнимателна ако имаш сува кожа.
Девојки да ве прашам дали сте користеле од оние пилинг- гелови за секојдневна употреба, без разлика дали е Гарниер, Нивеа, Неутрогена...? Или некоја друга да ми препорачате за чистење на лицето од митисери...
го имам користено неутрогената супер беше, го користев нивеа термал гелот, исто е и тој добар . можеш неутрогена да го земеш посигурен е
Фала ти, и јас сум повеќе за Неутрогена, а кој точно го користеше, и каков тип на кожа имаш, бидејќи мојата е комбинирана...