Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Девојки ја користи ли некој оваа ноќна витаминска крема од Сатва, како сте задоволни?
     

    Прикачени фајлови:

  2. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    заради моево лице не ми се испаѓа денски време, навистина веќе не знам што да правам, немам акни такви големи, туку по некоја бубулица, ама проблемот е тоа што иако пред 4 ден почнав да јадам само здрава храна, и чаеви, зелен чај, нане, камилица, но моево лице е ко на баба.
    понекогаш сум зацрвенета, немам убав тен, некако не сум свежа ич ама баш ич, ајде да јадам мајонези кечапи ок е, ама верувајте многу здраво се хранам, и вежбам ама воопшто немам убав тен?
    а имам и мрсна т-зона и јас, па лицето секое утро го мијам со сапун од докторс(мента), а пред да си легнам со камилица и ставам пудра, течна,(онаа ѕа сипаници) кај што имам црнки и по некое брунче.
    дали треба да користам некој крем со матирачки ефект според вас? а имам и пори, дајте ми некој совет ве молам, имам правено и маска од глина ама ајде 4 дена ок ми е лицето после се исто и така во круг, особено пред да добијам цело лице ми се нафрлува. како да си го вратам свежиот тен? само немојте д ами кажете со ладна крпа зашо и тоа го иам правено, баш некни си ставив ладна крпа и само тој ден 4 часа беше ок а после пак се враќа масниот сјај, порите, и нечистиот тен.. многу се нервирам,дај кажете нешто..
     
  3. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски
    Појди си на дерматолог, најпаметно ке ти биде.
     
  4. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    бев на дерматолог уште од летото и ми препорача сона крема, ј акористев 1 недела и толку ептен ми ја исуши кожата и цела бев цревена и од тогаш не сум била. бев во струмица, зашо таму живеам и не можам да одам на друго место, знаете ли добар дерматолог во струмица?
     
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Направи пауза од вежбање, испитај си хормонален статус, акните не се лечат со чаеви
    Мораш да знаеш кој е изворот на акните па после да дејствуваш.
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.014
    Допаѓања:
    5.417
    Пол:
    Женски
    lalitas јас забележав голема разлика откако го променив начинот на исхрана, но си треба време... и чаевите го прочистуваат организмот, а особено зелениот е добар за акните. Така што здравиот начин на живот и те како влијае. Сепак, хормоните си го прават своето, а ова е како превенција, јас не ги подржувам апчињата на база на хормони, бидејќи ова е период. Мене лично пилингот од сода ми помага и потоа хидратантна крема. Исто така темелно чистење на лицето од шминка после доаѓање дома, не само со влажно марамче, туку и лосион. Се надевам ти помогнав. :)
     
  7. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Па тоа е нормално така делува кремот,треба да продолжиш да го користиш ако ти го препишале и тоа само навечер да ставаш а преку ден обавезно хидратантен крем.Треба да помине време за да видиш побрување.
     
  8. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    фала на советите на сите, иначе не користам јас воопшто шминка, кога си доаѓам од училиште само со камилица си го мијам лицето и толку. а и си направив зелен чај и чај од нане, така ќе продолжам, а дали некој го има користено мерима сапунот? оној детскиот, зашто другарка ми ми рече дека е добар, го прочистува тенот, се мислам да го земам зашо од овој докторс уште малку и ќе ми се истроши. а и утре ќе одам до аптека која хидрантна крема да ја земам според вас, на мои години(15) сум, некој од докторс? или? иначе кажав имам мрсна т-зона, и некое кремче со матирачки ефект да земам, белки малку ќе ми се освежи лицето..
    а иначе онаа сона нема шанси, да продолжам зашо немам јас акни, туку бубулици,црнки..
     
  9. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    149
    Како што ти кажаа во постовите предходно за на дерматолог си, и само со креми нема да го средиш лицето, мораш хормони да испиташ првин, па на дерматолог и тогаш да ти се даде терапија( креми и апциња). Најпријателски совет зашто и јас бев како тебе, потполно те разбирам. Зелен чај и такви глупости тоа воопсто не ти помага... поздрав
     
  10. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    149
    Ако имас сува кожа користи ја( мене не ме бендисува) ги имам пробано сите од линијата.За истите пари можеш да купиш нешто многу поквалитетно. Пиши ми каква кожа имаш и ке ти препорачам соодветна крем.
    Поздрав :)
     
  11. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    Пред месец нешто така, пишав тука дека многу ми помогна Здраве кремата.
    Првото паковче што ми беше од Здраве, многу помогна, второто веќе немаше ефект.
    И така лицето ми беше за никаде.

    Пред недела така, отидов на козметичар, ми ги исчистија црнките, ми ставија маски.
    Нема подобрување, а козметичарката ми препорача Клиндамацин
    Валда точно го напишав :D
    Па еве од денес ќе почнам и ќе ви ги кажам резултатите, се надевам дека ќе се позитивни :D
     
  12. Venera.13

    Venera.13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Чисто лице без хемикалии практикувам бидејќи од такви препарати ми е преку глава што све не сум ставила и пак никаков резултат нема само кожата си ја оштетувам.Јас користам зелена глина и правам секој трет ден пилинг со маслиново и шеќер или сода, и бидејќи кожата ми е масна секој ден ја мијам со медицински сапун и потоа и нанесувам крема.Исто така мачкам мед и лимон на критичните места (со црнки) и тоа се барем засега, добро се покажало.
     
  13. xxAngelxx

    xxAngelxx Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    968
    Пол:
    Женски

    Имам комбинирана кожа?? :)
     
  14. 5girl5

    5girl5 Нов член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    кокосово масло

    дали некојa го користи Кокосовото масло што се јаде за лицеto? сум слушнал дека е добар :)
     
  15. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    ПОМОШ !! веќе цел месец како се борам против акните на челото и брадат читав тука некои совети тука од форумов ги пробав но ништо не ми помогна. Бев и кај кожен лекар ми даде некои креми и тоник дадов 2000ден за нив и ништо. Јас кога бев во пубертет немав акни сега во 20 години. Незнам веќе што да правам. Да не ми е можеби од пудрата што ја користам :(
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.707
    Допаѓања:
    9.436
    Пол:
    Женски
    Natalijjja,бидејќи си повозрасна може да е некој проблем со хормоните,исто така може да ти помогне здрава исхрана значи масна храна и слатки исфрли од менито да видиш ќе се подобри ситуацијата,исто така пиј повеќе вода и спортувај.A и стресот придонесува за нечиста кожа,така да многу работи имаат улога.
     
  17. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    Па не јадам мрсна храна со оглед дека сум и на диета.А редовно спортувам одам на зумба и аеробик.Сега баш прочитав да направам густа смеса од сода и малку вода и да нанесам на лицето. Но незнам да не ги иритирам уште повеќе.Ако некој слушнал за оваа маска ве молам пишете ми.
     
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    6.014
    Допаѓања:
    5.417
    Пол:
    Женски
    Наталија јас ја користам таа, еднаш до два пати неделно, како пилинг му доаѓа на лицето и ги суши акните. Ја ставам И чекам околу 10тина мин и потоа го плакнам лицето. Потоа ставам крема и лицето е многу помеко и помазно.
     
  19. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Имам чисто лице отприлика али кога ќе ми излезе некоја бубулица, излезена е!! Многу ме нервираат и ги стискам, а и кога сум дома ќе го исчистам лицето со тоник и ќе ставам јака паста на бубулицата, ја гори брзо и не остава лузни, па пробај!
     
  20. natalijja

    natalijja Активен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    13
    Ви благодарам.Ќе се обидам и така нема што да изгубам. Па ќе ви пишам за резултатите :* Дај боже да помогне.