За тие што одат кај Др. Николина во Медикоз, како сте задоволни, колку време и требаше за првите резултати? Јас одам веќе месец ипол, ама мислам дека наместо подобрување јас гледам влошување... или се уште е рано за резултат незнам, ве молам за ваши мислења и искуства.
и јас одам кај Николина околу 2 месеци, денес-утре треба да одам на веќе 3 контрола. и мене ми изгледа исто лицево, како да нема подобрување, иако она вика дека има. е сега, јас пола ден го поминувам со пудра на лице и тоа ми го успорува лечењето. инаку користам далацин ц на брадата(каде што имам акни) а на останатиот дел од лицето каде ми е чисто ми даде друга крема со овошни киселини, мислам се викаше Креаклил(така нешто). и јас сум нова кај неа, кога ја прашав колку време треба да помине за да има резултати, ми рече дека е индивидуално. си го имам проблемов веке неколку години искрено не очекувам нешто брзо и да помине, се надевам дека за едно 6 месеци ке можам бес пудра да излезам од дома
Девојки ми треба ваша помош. Кога бев помала,т.е. кога бев во пубертет имав многу акни на челото и на пределот околу носот. Кога ми помина тој период акните ми поминаа и веќе немам, но сега тоа место цело ми е затнато со некои ептен ситни дупчиња, не ни забележав кога ми се појавија. Ако не се црнки на пример, што би можело друго да биде ? Инаку имам мрсна а пред се многу осетлива кожа, не можам ништо да нанесам на неа а да не се нафрла па дури и од најобичниот бебешки( Бекутан) сапун....??
дали некој знае некој крем за флеки, ве молам кажувајте било што или некој домашен лек, неможам надвор да испаднам, ги имам флеките само на едниот образ на другиот не се примеќаат ама другиот се како црвени точки и со ништо не поминуваат, дали леа е добар крем за флеки или на докторс оној за белење од магданос, само за лала не ми кажувајте ми се изнафрли лицето од него и од сапунот мерима, ептен чувствителна кожа имам единствен сапун кој не се нафлам е докторсс.. инаку nice girl, со сапунот докторс од мента, и мене ми се нафрли од бебешкиот мерима од бекутан од дове, само од оној на докторс не, али сепак различно лице имамме сите.
Девојки другарка имаше користено чај, го пиеше. Се става ајдучка трева, коприва, и незнам уште што, и се пие по 1 литар дневно. За неполн месец и се исчисти лицето скроз, а и беше покатастрофа од моето. Го барам рецептот ама никако не можам да го најдам. Ако некоја знае нека го постира. Нема да има штета од ова, чај си е.
Ќе сечете парче лимон, и на него ќе ставите малце мед. Со тоа ќе го триете лицето, па ќе го оставите да делува 10-15мин. Лимонот ги избелува флеките и намалува брчките, а медот ја храни и хидрира кожата. Пробајте, јас веќе го практикувам 10на дена, прекрасна е кожата после тоа! Мед за лице
Те подржувам и јас истото го практикувам и навистина кожата на лицето ми е по мека исто така се намалува и црвенилото на акните.
јас еднаш ставав мед на лице, и потоа цела се вцрвенив, се плашам да не ми се направи како тогаш, стрва ми е да пробувам зашто тогаш цела поцрвенив, а лимон имам ставено и навистина ги белее флеките, ама сепак не скрос, уште се познаваат, а за чајот ако некој знае како се прави сетоа тоа нека објасни, ако сака, инаку јас секој ден пиев бел чај, тоа лани и колку толку ми се исчисти лицето и тенот ми се подобри, ама во мојот град неможам да го најдам, така да си пијам зелен чај обавезно секој ден и има резултати навистина. кој друг чај е добар за лице?
БЕЛ ЧАЈ Значи имаме сега гледав во тоа што белиот чај е сега ние ќе одат за да на различни бенефиции едно лице може да се добие од користење на овој производ. 1.Анти-вирусни и анти-бактериски Ефекти Истражувањата извршени на Универзитетот Пејс покажале дека белиот чај може да извлече профилактична апликации кои можат да помогнат да се забави растот на бактерии кои може да предизвикаат инфекции Staphylococcus, Steptococcus инфекции, пневмонија и забен кариес.Тоа беше, исто така, утврди дека белиот чај е поефикасна од Зелен чај во инактивација бактериски вируси, како и има анти-вирусни ефект по човековото патогени вируси. 2.Анти-Габични Ефект Имало истражувањата кои покажуваат дека ова е анти-габични ефект врз Penicillium Chrysogenum и Saccharomyces Cerervisiae.Беше откриено дека во присуство на бел чај екстракт од овие беа целосно неактивна. 3.Рак на кожата и оштетување на клетките заштита Сега научниците откриле дека екстрактот бел чај може да заштити од мобилен Лангерхансовите уништување.Се откри дека не само екстракт заштитени кожата по изложување на сончева светлина, но исто така, имунолошкиот систем на едно лице, исто така е обновен.Тие исто така откриле дека ДНК оштетување на клетките кој се јавува по изложеност на сончева светлина е ограничен.Се верува дека анти-оксиданс имот во Бел чај екстракт се причина за тоа се толку ефективни.Тоа е, исто така, сугерираше дека екстрактот може да обезбеди лице со анти-стареењето бенефиции. Па како што може да се види од погоре постојат многу причини за тоа што има корист од бел чај може да има за едно лице, со цел да им помогне да живеат многу поздрав и посреќен живот.
Јас го знам за ајдучка трева, жалфија и кантарион. Тој микс е и за било какви женски болести. Троа поконцентриран. Литро. Многу е гаден. Се пие ладен незасладен. Ама има резултати, многу. Понекогаш и џабе маски кога се' е од внатре.
За да се нема проблеми со лицето потребно е драстично да се регулира исхраната. Сум приметила дека мене најчисто ми е лицето во периодите кога постам без зејтин. Значи кога ги исклучувам од исхраната месото (дури и рибата), млечните продукти и зејтинот, а лебот го конзумирам минимално. Постојаната нега на лицето е битна. Секојдневно користење на крема за лице, квалитетна пудра, добар тоник, сапун или лосион за чистење на лицето и неизбежниот неделен пилинг.
Не, не, во овој немаше кантарион и жалфија. Се става една лажичка некој си алкохол, германски, само во аптеки го имало, незнам како ми го рече. Ама ако ја знаеш точната количина, и ако не е штетен овој ти што си го пишала, постирај ја рецептата Инаку каренин кога некој ке се соочи со ваков проблем, прво што прави е внимава на исхраната за да види дали е до тоа. Исто и со негата. Верувај дека сите што имаме побарано помош на темава најпрво ова сме го пробале. Многу ми е глупаво кога ке ми дадат ваков банален совет. Пазам на негата повеќе од било кое женско што го познавам. За мои 20 години само еднаш ми се случило да легнам со шминка, и тоа на три четири саати спиење. Кога ке се вратам дома, прво што правам е вадам шминка, никогаш не седам дома со шминка. Пробав и воопшто да не се шминкам, пак ништо. Во врска со исхраната се имам испробано. Имам другарка која јаде многу нездраво и сепак има најчисто лице кое досега сум го сретнала. Зборот ми е, не секогаш е до исхрана и нега. Тоа е првото на кое внимаваме кога имаме проблематично лице
Да, не се однадвор. Проблемот лежи внатре во нас, и треба да се идентификува и да се најде вистинскиот лек. Стресот нервозата исто многу влијаат за нечисто лице.
едвај чекам да го купам во петок белиот чај, и освен него кој друг да го земам? од жалфија или кантарион кој е подобар според вас за лицето? иначе не знам дали сум алергична на мед, ама уште еднаш нема шанси да ставам мед, дали би имало ефект за флеките ако со лимонот додам маслиново масло или бадемово?
Прво испиј го белиот, после земи си друг, немој претерано со чаевите, се што е претерано не е добро, а доколку земаш кантарион или жалфија пробај да ги најдеш како тревки, најдобри се таквите.
Јас на гинекологот мој му имав спомнато за ајдучка трева и ми рече дека ако се пие подолг период е токсичен . А колку време да се пие, не го прашав па ич, зошто ми рече дека е токсичен и баталив. Иначе месец дена како ја користам кремата од Сашо и веќе имам видливи резултати. Тие флекички што ги имав скоро и да се избистрени, а ако ми искочи нова бубуличка побрзо ми се суши и не ми остава ништо после на лицето.
Земи си од кантарион чај,ама најди како тревки (како што ти предложила феминката погоре),подобро е така,а за ова со лимонот...јас мислам да не додадеш масло,посебно користи ги и умерено,не претерувај со ништо.
и јас одам кај Николина околу 2 месеци, денес-утре треба да одам на веќе 3 контрола. и мене ми изгледа исто лицево, како да нема подобрување, иако она вика дека има. е сега, јас пола ден го поминувам со пудра на лице и тоа ми го успорува лечењето. инаку користам далацин ц на брадата(каде што имам акни) а на останатиот дел од лицето каде ми е чисто ми даде друга крема со овошни киселини, мислам се викаше Креаклил(така нешто). и јас сум нова кај неа, кога ја прашав колку време треба да помине за да има резултати, ми рече дека е индивидуално. си го имам проблемов веке неколку години искрено не очекувамнешто брзо и да помине, се надевам дека за едно 6 месеци ке можам бес пудра да излезам од дома [/quote] Prvo izvinete site sto pisuvam na latinica ama nemam kirlica Hubabuba I mene mi rece deka ima podobruvanje I si rekov kaj gledas bre zeno podobruvanje ama si pokjutiv jas uste sum samo so dalacinot I ponedelnik sum na treta kontrola pa ke vidime
фала на советите девојки, прво ќе земам бел чај, откако ќе го испијам ќе земам од кантарион, а меѓувреме на флеките ќе им ставам сок од лимон со малку вода, а преку ден еден крем за белење на докторс и ќе го мијам лицето со камилица, навечер со сапун на докторс и толку.