Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. bubamara4

    bubamara4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, да се надоврзам на муабетот за чаевите. Имам проблематична кожа и веќе некое време пијам бел чај, но нема никаков ефект. Бев во Билна аптека, тие ми препорачаа за чистење на лицето да пијам чај од невен. Веќе неколку дена пијам, по 2 шољи на ден, има малку тежок вкус, па ќе ви пишам дали делува.
     
  2. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Е јас денеска бев на гиниколог и сеа ми рекоа да ставам од лосионот(Клиндамицин) ама на цело лице(и кај шо има и нема)...Има ли ефекти?И ако има за колку време? Иначе кај мене акните не се обични како мозолчиња туку и флеки ми остануваат :(



    Е ај мене не е толку ама пак ги има такви се слични флеки оставаат......И јас сум очајна а клиндамицинот помага ли?
     
  3. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Можам да кажам дека имам чисто лице и за сите кои се мачат со акни и ситни досадни брончиња:
    Секоја вечер пред спиење чистете го лицето со медицински алкохол (ќе го најдете по аптеките) 70% алкохол содржи, ги гори акните и го чисти лицето... оставете убаво да се впие во кожата па после намачкајте се со крема за да не ви се суши лицето (ја се мачкам со бекутан)
    Малце пецка, ама ќе издржите, не е ништо страшно.. Ќе имате барем убаво и чисто лице кој секој го посакува!
    Испробано е!
     
  4. grdopajce

    grdopajce Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    1
    Јас имам пробано со медицински алкохол и никако не го препорачувам. Вистина дека алохолот го чисти, но и го суши( иако имам мрснакожа) лицето, а како резултат на тоа ќе биде зголемено лачење на масностија, а тоа предизвикува акни. Сепак споделив мое искуство, незначи дека на сите така ќе му делува.

    Совет мој: прво и основно испитајте ги хормоните ( ако е до нив ке ви дадат терапија) јас така 3-4 години се мачев, од секакви лосиони, кремови, гелој, маски, исхрана итн итн. Се изнадавав пари за скапи кремови бадијала. Нешто ми помагаше, нешто од подолго време шо го користев веќе ми немаше ефект, нешто контра ефект имаше.... како најубаво ми се покажа лосионот леа од чајно дрво и кремот, заедно двете за против акни. Пак ќе речам не ми поминуваше скроз оти мене ми беа во прашање хормоните. Поззз
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    суши, па затоа и викам дека после третманот треба да се намачка со некоја крема за лице. Јас и некој другарки го правиме ова, и сме доста задоволни. Акни ни искачаат само за време на добиено :)
     
  6. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.876
    Допаѓања:
    5.212
    Пол:
    Женски
    Мене алкохолот и клиндамицинот ми ја иритираа кожата и бев целата црвена и покрај тоа што после ставав хидратантна крема, но кај секого си делува различно. Користел некој домашна маска од апирин?
     
  7. EmpressA

    EmpressA Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    33
    Мене најмногу ми помогна ладно цедено масло од кокос и тоа нанесување само 2-3 пати неделно. Некаде прочитав дека кожата најдобро го апсорбира кога се отворени порите па јас го нанесувам само после туширање. Не само што ми се исчисти лицето туку и кожата ми е позатегната и помека од порано.
     
  8. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.588
    Допаѓања:
    40.014
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе помагајте, лицево ренде ми се направи |(

    Многу нервози, колоквиумска, проблеми од секоја страна, стресови и лицево ми страда.

    Кажете нешто маст, крема ама да помага. Инаку со години имам акни :(
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Земи си Далацин Ц гелче од Виола аптека, 425 денари е.
    Преку нок ги намалува акните.
    Ама мора да го имаш постојано на акната. :)
     
    На Candice.S и Emotional123 им се допаѓа ова.
  10. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.876
    Допаѓања:
    5.212
    Пол:
    Женски
  11. jas-mak

    jas-mak Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, еден голем поздрав и воодушевување од искреноста и желбата да се помогне некому и да се реши нечии проблем кој не само од естетски, туку е и од психолошки карактер...Ме заинтригираа вашите коментари и посакав да бидам и јас дел од некои ваши совети, а моите се надевам ке профункционираат кај некого....Имам доста лично искуство, искуство со блиските бидејки ова со акните, негата околу лицето и третманите е дел од секојдневието на сите нас....
    Читав и постари и нови постови за ќистење и хигиена на лице, со некои се согласувам но од искуство несто и ме буни... Верувајте се покажа дека лостионите со антибиотик (клиндамицин, хлорамфеникол) бркаат работа кај бактериски инфекции, и каде сто имаме добра подлога за развој на истите... Денес се оди на природни козметики а се исфрлаат од употреба тие со алкохол кој страсно иритира, предизвикува воспалувањ и сл....Ретко кој во аптеки или парфимерии е таков-природен без алкохол...Имам ужасно искуство од тоа(сува и затегната, кожа што пука и се лупи на образите а во Т-зоната е масна сеуште) и престанав да го користам...пронајдов клинер и тонер кој се потполно природни, нормално истражив која фирма како што ги произведува...без алкохол нежно чистам утро и вечер....и се изненадив...моите другарки долго ги користеа ама не верував во тоа. После миењето и чистењето лицево ми е свежо, глатко и дури и да не ставам крем такво и си останува.....После правилното чистење зависно од типот на кожа, мојата нормална до комбинирана-користам нокна крема за сите типови која ја храни во текот на ноќта, не треба по мое мислеже да е тешка и масна, туку лесна и богато хранлива...најчесто е тоа крема со антиоксиданси....Денскиот крем нормално според типот на кожа обавезно да биде со фактор,инаку каква крема е тоа сто не стити од денесниве катастрофални загадуванја и влијанија.....оваа тема е доста дискутабилна па овде ке застанам,ако имате идеи или некаков кометар слободно пишете... :)
     
  12. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
  13. jas-mak

    jas-mak Нов член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Па кога веќе си го решила проблемот, сподели го решението.
    Сите тука се мачиме за да го средиме лицето. Не е фер само да се фалиш дека си го исчистила лицето а да не помогнеш и да кажеш како. :)
     
    На Candice.S, cooll и s.T.e.F.i им се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Леле ова кога некој ќе напише хранете се здраво, внимавајте на хигиената, користете природни производи, алкохолот ја суши кожата, кремата да биде дневна и ноќна, заштитен фактор и слични откритија на топла вода... Луѓе знаеме, сите знаат како се мие лице, како се негува, како се живее здраво. Едноставно, ни тоа некогаш не помага па заради тоа е темава, да си споделат сите искуства со нешто конкретно што им помогнало, а не да дојде некој и да каже јас секој ден се мијам со сапун и ставам крема и лицето ми е топ.
    Сите го правиме тоа, уште од прво одделение се учи хигиена, сите знаат дека здрава исхрана е добра и за лице и за телото воопшто за целиот организам, не знам која е поентата да пишувате колку да биде напишано.
    Или пишувајте конкретно тоа и тоа ми помогна, или воздржете се од глупави коментари.
    Има ли модератор подфорумов уствари? (до некаде реторичко прашање)
     
    На RiRii, Hipster, Sanjichka007 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    ^Па ако ги прочиташ последниве неколку страни и не знаат баш како правилно треба да се чисти лицето. Сеуште се мијат со сапуни, не користат тоник, шминка вадат само со влажни марамици, немсто да си одберат крема соодветна на воздраста користат бекутани и павловичеви. Епа тоа сигурно нема да ве доведе до чито лице. Сапунот ма каков сака нека е ја суши и дехидрира кожата, и ја нарушува пх вредноста и после се појавува црвенило, лупење, ситни поткожни мозолки... Акните се бактерии, тие треба да се искоренат со соодветна терапија и антибиотици. Лосионите со алкохол тука не помагаат многу, затоа што само површински ја сушат акната, а проблемот е по длабоко во кожата. После секое миење на лицето со гел или млеко треба да се тонизира кожата, зашто ако не се тонизира и не се отстрани останатата нечистотија и мртвите клетки исто ко да не сте се измиле лице. На крај се знае крема за вашиот тип на кожа и според вашата возраст. Шминката не се вади само со влажни марамици, а и марамиците се доста лоши за кожата, содржат алкохол и ја сушат кожата. Иако може имате мрсна кожа и таа може да се дехидрира. Пиењето многу вода е задолжително. Зелената глина за орална употерба е исто така многу добра и помага во чистење на лицето и телото од токсините. Бекутанот и павловичевата се креми за бебиња и за деца. Ако сакате чисто лице исто така нема многу да ви помогнат, бидејќи се доста мрсни ќе ви направат црнки, мозолки и плус ќе ви сјае лицето цел ден. Не се хидратантни, премногу се густи и не се упиваат длабоко во кожата. Тоа дека бебешките производи се најдобри важи само додека се користат за бебиња. :)
     
    На Sanniii, Mishela, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Mims точно е тоа, меѓутоа истиве работи се трубат милион страни наназад како совет за одржување на лицето, впрочем и затоа сите линии за лице се состојат од 3 чекори: гел, тоник и крема (барем тие се најчести и најосновни).
    Проблемот е што тоа не е ништо ново или нешто што некој го нема пробано, а настапуваат со став ко буквално да откриле топла вода, еј јас се хранев здраво и ми се исчисти лицето или јас лицето го мијам со сапун и сега ми е чисто. Некогаш дури и си мислам дека некој го сфаќа буквално насловот па ни пишува дека треба да се користи сапун или гел како и да е.
    Или најгенијалните со најгенијалниот совет - користете крема што одговара на вашето лице. Ајде бе, тоа ли требало, бидејќи верувам дека сите користат крема за раце на лице ја шлапаат. Мислам апсурдни коментари кои немаат никаква цел ама буквално никаква, не се ниту совет ниту темелно обработено лично искуство.

    Нормално е дека ако правилна нега и исхрана ќе се одрази ефектот на целото тело не само на лицето, ама темава не е за тоа, туку за конкретни работи, мене ми помогна тоа и тоа. Или евентуално ако толку сакаат да не просветат тука за здрава исхрана нека пишат конкретно што јадат, па некој да земе и тоа да јаде. Мислам, глупаво е да се дискутира, 300 страни има темава и од тие 300 баш сега се наоѓа некој генијалец да каже да се храниме здраво и да го негуваме лицето со соодветна козметика. Епа фала на советот еј, бидејќи ние 300 страни за боја за кондури дискутираме.
     
    На mims-89 и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    ^ОВА :clap:

    Ми ги зема зборовите од уста, и јас сакав да го напишам истово, но искрено ги немав живците :D Кожа, особено проблематична или зрела, не се негува со сапун, Бекутан, и Здраве. Постојат различни типови кожа, значи прво и најважно е да си го одредите типот. Не може Бекутанчето и Здраве кремчето да бидат универзални и да лечат се`, и засушени акни, и гнојни акни на мрсна кожа. Можеби помагаат некому, но дека тоа е правилна нега на кожа - не е, и последиците ќе се видат понатаму во животот.

    Nymeria, пред неколку страни група девојчиња ми објаснуваа како е доволно само влажно марамче за да ја извадиш шминката од лице, што е апсолутно неточно. Ако не го знаат најосновното (како се вади шминка), чисто се сомневам дека ги знаат останатите 3 чекори. Понекогаш е добро да се повторат некои работи, не сите знаат се` :)
     
    На Sanjichka007 и Nymeria им се допаѓа ова.
  19. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.776
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Значи шо се неам пробано и пак ми е џабе..од лосиони до креми за акни и ниту еден не помага..па сеа демек се мијам со едно само наутро па да видиме ма да што не верувам..таков е периодот до 19-20 па и повеќе кој си ги има нека си ги трпи. :D :D
     
  20. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Епа вака, јас бев и на трета контрола кај др.Николина, после месец ипол користење Далацин немам некое големо подобрување. Ми рече дека ке мора со струја да ми го внесува антибиотикок подлабоко во акните (заборавив како се вика методата) и дека лицето 2 дена ќе ми биде катастрофа.Во петокмимам закажано па ќе видам сто ќе биде

    Инаку денес бев да ми земат крв за да видам дали хормоните имаат некаква врска со моиве акни да си направам една целина. :(