дали некој има користено Далацин таблети??..ми ги препорача дерматолог од бугарија но незнам дали може да се најдат кај нас...наводно било поефикасно отколку да го користиш лосионот па да видиме
Незнам јас користам Далацин гел, сега за сега променливо е ќе се смири лицето, па после пак од ново.Е сега за апчињата незнам покомплицирао ми звучи, оти сепак мислам дека ќе треба повеќе време за дејство.И плус зависи колку време ќе ги пиеш, антибиотиците не треба да се пијат долго време, потоа организмот станува отпорен.Јас сепак би одела со Далацин гел.
A што демек ке и пушти струја доволно силна да ја повреди? Методата се вика електрофореза. Имам пишувано за неа. Точно е дека лицето два три дена ке ти биде вцрвенето и со модрици ама од понеделник ке го имаш најмазното лице. струјата мора да ја искористи за да го внесе антибиотикот подлабоко во кожата. Ама нема никави несакани дејства. Единствено е непријатно чувтвото, како да имаш батерија во устата И кај мене беше вака. Првите три месеци немав кој знае какво подобрување барем спрема моите проценки. Инаку не ти даде ли и триакнеал на Авен да користиш?
да, покрај далацинот ми даде и керакнил (за таму каде што ми е чисто лицето) ќе видам во петок како изгледа тоа, ми даде малку надеж со тоа дека од понеделник ќе биде подруго па ќе ви пишам
Од кога почнав да користам Avene и La roche posay лицево ми се среди многу. Сепак на моменти знаеше да блесне многу, кожата ми е премногу мрсна. Почнав да пијам зеолит, тоа е вулканска лава во облик на прашок. Кожата ми изгледа многу поздраво, многу понежно. Мозолчиња имам многу малку, но сега бев и во циклус па нормално беше. За сите што имате можност да дојдете до прашоков најтопло ви го препорачувам. Прашоков го пијам, а и на неколку дена го ставам како маска на лице. Одличен е!
Марама ај малку подетално околу зеолитот објасни. Од каде го набавуваш колку пари, како се пие колку пати дневно
^ Нано Зеолит има во ЕуроФарм за цената не се секавам околу 700 мислам незнам мм го земаше,препорачано е да се пие од 5 до 10 гр дневно,во стресни ситуации до 30 гр. Значи ние го земавме летото,тогаш го немаше во Зегин провери сега може добиле.
Јас имам прилично чисто лице но ми се појавуваат акни во делот кај брадата и бидејќи ги чепкам и до образи некогаш ми стигнуваат. Некој поназад имаше пишано дека до чисто лице се доаѓа со врзани раце. Тоа е точно барем во мојов случај ако не го чепкам не ми е толку нафрлено. Исто забележав резултати со сапунот на Дав, насабајле и навечер го чистев лицето баш како на реклама цела недела и не ставав шминка и многу ми се исчисти така, но пуста навика со рацете неможам да се одвикнам
Тука има пишувано, гелчето за миење лице го користи http://maramasplace.blogspot.com/2013/0 ... utine.html
Тоа потсетувањето беше баш за оние кои се подготвени да потврдат и некои свои сомнежи...Пишав и ако некој нешто поконкретно го интересира, може да ми пише во порака па се ќе му објаснам со задоволство...Фирмата е америчка и за мене таа е најдобра бидејки единствена даде резултат...а не оспорувам дека некогаш наједноставното делува доста позитивно...Се вика vika Nouri fusion пишете ми порака, ќе ви објаснам
Денес случајно најдов една маска за лице, па би сакала да ја споделам со вас, затоа што навистина вреди да се проба, ми извади доста црнки и лицето ми е многу помеко. Во еден сад се става 2 лажици брашно, неколку капки бадемово масло и малку млеко. Сето тоа се меша, и потоа се става на лицето. После 15 мин, смесата се стврднува на лицето и се вади со вода. Исто така можете да пробате со лимон или лимунов сок. Најпрво лицето се мие со топла вода, со цел да се отворат порите. Потоа, на бели дискови, или можете и на памук, ставете лимунов сок и одозгора шеќер. Со кружни движења ставете го на лицето. Масирајте го 2 мин, и потоа измијте со вода.
Сите знаеме дека постојат мал милијон разни средства и маски за нега на лицето, но според повеќето дерматолози најважна е http://mojakozmetika.mk/nega-na-kozhata/osnovna-nega-na-liceto.
makedonkan, некои имаат скрос чисто лице, и кога ставаат секакви пудри и кремови, не ни ги бришат и пак чисто лице како другарка ми, додека некои кои стално внимаваат на се и немаат чисто лице, тоа е тоа, гени.. пример јас, иако внимавам на исхрана и друго, немам скрос чисто лице, за разлика од многу други девојчиња на моја возраст кои ни внимаваат на исхрана, јадат се што сакат, и ставаат пудри од кај ќе најдат... и пак не им изглегува ни брунче ни црнки, гените играат голема улога.