Карак а наутро користиш гел и лосион? инаку јас откога ќе се намачкам со гел не го мијам лицето...Треба да го мијам ?
обично наутро и навечер ставам лосион и гел. а дали треба да го миеш не не треба нека си стој гелот нели ете преку ден бар неколку саати нема штета ако ти стој а навечер нели цела вечер и сабајле кога ќе станеш ке си го измиеш лицето. еве сабајле ставаш а попладне треба да излезеш или сакаш да ставиш пудра тогаш го миеш лицето и си ставаш пудра. никако врз гелот или лосионот да ставаш пудра не го постигнуваш ефектот. така да колку што можеш повеќе избегнувај користење на пудра додека го лечиш лицето. знам деке е непријатно меѓутоа обиди се да не користиш пудра
^Фала Карак Јас го корисам само гелот а лосионт така ми стои ама сега ќе почнам и него да го користам
Значи да не користам сапун така? Добро, ке почнам да го правам ова секоја вечер бидејки ако го направам насабајле после ке ми биде 'пречисто' лицето и ке ми се познаваат бубулиците ептен.. и значи викаш помага со бубулици?? и нема да има ништо негативен ефект ако ставам низ цело лице од лосионот, пошто ипак е јак..а гелот го ставам навечер и оставам и сабајле само еве со сапун да го измијам лицето и толку..др не на сабајле..а вечер ова.. А и за здраве кремата не ми кажа ништо.... ?? фала =))
девојки мн ми се исфрла лицево,како никогас до сеа. Никогас не сум употребувала некој лосион за чистење на лицето, па сакам да ве прашам постои ли некој кој навистина би ми помогнал...
Производи за мрсна акнеста кожа! Ти советувам да пробаш со Vichy Norma Teint, наменета е токму за кожа како твојата. Малку е поскапа, но се користи помала количина. Прочитај поопширно тука: http://livingglam.blog.com/2010/09/28/v ... %B2%D0%B0/
Луѓе јас да ви кажам, живо разочарана сум од овие моиве акни... ги имам веќе седум години и никако спас од нив... сум била и кај дерматолози разни ама ништо, не знам што немам купено, без разлика колку чини, ефект никаков...што е најстрашно гнојни се ..само ми се суши лицето од тие средствата уште малку и брчки ќе ми се појават од дехидратација.. решив да го одморам малце лицето, ништо да не му ставам освен млеко за чистење... да ми се смири малце, тоа е...
Бев Нина, уште одамна, се беше ок ама ми дадоа тогаш таблети Диане 35 (не знам дали ги има уште во продажба)демек и заради акните инаку тие се контрацепциски и уште поголем проблем си направив-накачив едно 7 кг од кои сега никако не успевам да се ослободам и тоа е... еден период пред 5 години ми се исчисти лицето ама кратко и сега пак вака...
Ќе пробаш еден период како што викаш да се опуштиш. Не ставај пудра, не го покривај лицето, никакако не го чепкај. Остави ја кожата нека дише и релаксирај се. Не мисли воопшто на акните. Размислувај позитивно. Ќе се ослободиш од стресот и претпоставувам ќе забележиш промена кога ќе престанеш да се оптеретуваш. Потоа почни со систематско третирање на проблемот. Од секој можен аспект. Тоа значи и да пазиш на храна, да внесуваш многу течности, да имаш редовна физичка активност (барем три-четири пати неделно убаааво да с еиспотиш). Оди уште еднаш на друг дерматолог, нека ти препише терапија. Мноогу важно, да не се откажуваш. Издржи со терапијата до крај, за да има ефект. Твојот проблем треа со години и неможе преку ноќ да се излечи. Затоа биди трпелива, упорна и смирена. Што помалку стрес, а повеќе упорност, позитивно размислување, без оптоварувања и се надевам ќе ставиш крај на таа состојба.
Фала ти Нина, ке се обидам да го применам ова и да се опуштам малку, повторно ќе одам на дерматолог да видам што како... и да не мислам нон стоп на акните,
Нина може да ми посочиш што мислиш за колекцијата пазл против акнеста кожа? дали се добри, дали делуваат? и кога спомнуваше за клиндамицин, мислеше за од фитофарм Леа лосионот и гелот така? и може уште некоја информација плус за Аеролот што го спомнуваше исто, и за третиноинот??? фала.
Name, не сум ја користела колекцијата Пазл. само гелот за миење и тоа една туба имав купено, не видов некој посебен ефект. Чисто како антисептик,за да ја одржува кожата чиста навечер. Неможам да ти кажам за таа колекција нешто повеќе. За третиноинот пишав претходно многу пати. Прочитај на почетокот од темава, негде втора страна отприлика. Сега, на почетокот на октомври е право време за почеток на терапија со третиноин. Се препорачува да се третира лицето на есен и зимно време, а пролетните и летните месеци да се избегнуваат. Ако одиш во Грција или Бугарија, побарај го како Аирол. За клиндамицинот, кај нас знам дека го има како антибиотик во колекцијата на Фитофарм - Леа, но ако си во можност да го купиш некаде надвор од нашава држава би ти го препорачала гелот Dalacin C. Многу ефикасен продукт кој го содржи Клиндамицинот. Ако не, купи си ја колекцијата Леа и таа ќе заврши работа.
Во што е разликата меѓу клиндамицинот од Галафарм и Клиндамицинот од Леа..кој е подобар..инаку јас го користам лосионот со клиндамицин од Галафарм..еве цело лето и продолжувам...само незнам кој е подобар...? Некој ако знае нека пише..или пак Нина нешто ако знаеш ти во врска со ова кажи..кој е подобар за употреба..
Ти користиш од галафарм, не Леа така? Јас пред малце се вракам од Тинекс да купам памукчиња за лице ^^ и се загледав таму у лосиони ова она и гледам има клиндамицин лосион и хлоракол лосион..а има и клиндамицин односно леа.. Е сеа кој??? Као што сум неодлучна уште ова ми фалеше... Можеш ли да ми кажеш која е разликата помегу клиндамицинот лосионот (не леа,тој од галафарм) и хлораколот??? Инаку мое мислење за твоево прашање мислам дека тој од галафарм е појак пошто ипак се вика клиндамицин а овој другиов е само лосион од леа кој мегу друго се состои и од клиндамицин.. =) се надевам помогнав.. плс пиши и твое мислење за ова моево.. исто поканета е и Нина за одговор на прашањево.. благодариме =)
Нина јас сакав да те прашам дали првин да ја истрошам тубичката што ми остана (гелот) или веднаш да почнам со употреба на аиролот
Jas imam problem so ispukani kapilari na liceto, ne znam od sto mi se i mnogu me nerviraat sto se taka kako crveni modri tocki, i bez pudra mi se poznavaat Ako nekoj se ima sooceno so istovo bi mi bilo milo da spodeli so sto gi tretira. Sum nemala problemi so akni, i koristam dneven i noken krem od Nivea. pozz
Хлораколот содржи друг антибиотик, кој е истоа така ефикасен против бактериите кои предизвикуваат акни, а тоа е ант. Хлорамфеникол. Сепак, поефикасен мислам дека е клиндамицинот. А колку % содржи антибиотик, односно колку мг. има во упатството сигурно. Тоа зависи во каква состојба ти е лицето. Со третман со Аирол не почнувај додека клиндамицинот не ти ги смири сите гнојанички (акни со бела точка внатре) или оние црвени болни акни. Кога ќе ти биде потсмирено лицето, тогаш се почнува со аиролот, кажав веќе, тој ќе извади се на површина. Само внимавајте да ставате мала количина на почетокот, само пред спиење, зошто може да си го изгорите лицето. Штом го користиш толку долго, смени го. Лицето (кожата) како и секој друг орган се презаситува од еден ист антибиотик и бактериите стануваат резистентни на тој антибиотик. После 2-3 месеци веќе скоро џабе го ставаш. Смени го. Ако си користела клиндамицин, сега почни со Хлорамфеникол, или уште подобро, одмори го лицето извесен период, не ставај ништо. Долга употреба на антибиотик е штетна, макар и да се нанесува надворешно (на лице), иако не се зема орално.
Девојки да не знаете некој лек за поткожни мозолчиња ?? Ги имам на некои делови на лицето, некои се ситни а некои така поголеми и црвени и ме болат кога ги допрам ??? Ако знаете нешто ве молам кажете ... Однапред ви благодарам
Хлораколот содржи друг антибиотик, кој е истоа така ефикасен против бактериите кои предизвикуваат акни, а тоа е ант. Хлорамфеникол. Сепак, поефикасен мислам дека е клиндамицинот. А колку % содржи антибиотик, односно колку мг. има во упатството сигурно. Фала нина =) Ке видам ја у упатството уште еднаш али најверојатно ке го земам лосионот клиндамицин..не тој на леа.. сега ми останува уште за добар гел или крема да најдам..сакам да си го почнам третманот набрзо.. се одлучив значи за асодерм сапунот, потоа лосион(што најверојатно ке е штистиот клиндамисин) потоа гел/крема ? и на крај здраве кремата за поединечни бубулки =) е сеа уште ова помогни ми плс.. =) фала фала мнн