Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. anonymousgirl03

    anonymousgirl03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2013
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    237
    Пол:
    Женски
    Девојки имам прашање.Бев на кожен доктор, кожата речеси ми се исчисти од акните и сега имам само црвенило.Дали знаете како може да се отстрани?
     
  2. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Фала ти многу за советот. Ние тука не се миеме, еве ќе пробаме па ќе видиме дали има подобрување. Со вода само да се мие или може и сапун малце |(

    Аман уште колку пати ќе прочитам, редовна нега и миење. Овде пишуваат девојки што и покрај тоа што редовно го негуваат лицето наутро и навечер (миење, тонирање, крема и повремени пилинзи и маски), повторно имаат некој проблем со лицето и им е потребен малце поразличен медицински третман со соодветни производи наменети за тој проблем.
    Муабетов е да се најде соодветниот третман или производ за нега, да се увиди кој е проблемот со лицето и кои производи се најефикасни да го решат тој проблем и како да се најдат.
     
    На silk, kala21, Beaty и 7 други им се допаѓа ова.
  3. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    дали некој ги има користено овие ?
     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      9,5 KB
      Прегледи:
      397
  4. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Јас кога бев во Америка имав колешки што многу се фалеа од нив, демек биле доста ефикасни и им помогнале. Проактив таму е доста популарен, во сите трговски имаат штандови, промоции. Е сега, лично не сум користела за да кажам, ама знам дека имаше многу задоволни. Се мислев да ги пробам, ама немам некој ептен сериозен проблем со акни, па ми викаа дека не биле за мене, биле јаки, за акни на целото лице се препорачува.

    Можеби сепак ќе ги пробам, ова лето кога пак ќе идам. За сува кожа не е препорачлив баш, ама мојава комбинирана накај мрсна кожа не би имала проблем и да го користам мислам.

    Еве ти и reviews, најголемиот број се доста задоволни.
    http://www.thedermreview.com/proactive-reviews/
     
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Ги имам, ги набавив, но не сум почнала да ги користам сеуште некако прејак мирис имаат, па си мислев да ги дотрошам овие што веќе ги користам сега па после да почнам со нив (доколку не се дочисти во меџувремену)
     
  6. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    • 30101-500x500.jpg
      30101-500x500.jpg
      Големина на фајлот:
      17,5 KB
      Прегледи:
      302
  7. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Познавам толку девојки што воопшто не се грижат т.е. не го мијат лицето нити пак кога ја чистат шминката ја отстрануваат темелно, па пак имаат стакло кожа!
    Кога ќе слушнам дека акни искачале од нечисто не знам како да изреагирам...поарно ќути си ако не си информиран..
    за инфо: познавам една личност која не го мие лицето никогаш со вода, затоа што ја сушело кожата.. наместо да го мие, таа го брише со лосион..и пак има добра кожа. :o

    Мој совет е покрај креми наменети за тој проблем да се внимава и на исхраната. Да се пие вода, зелен и бел чај, да не се јаде мрсна храна, значи претежно да биде варена, повеќе овошје и зеленчук и да се биде принципиелен со третманот (во случај да станува збор за акни). И најважно рацете подалеку од лицето :) Иако ова последново е најтешко. :wasntme:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Еве еден извадок од една статија која говори дека ПУДРА ТРЕБАЛО да се користи на акнена кожа ???? :o

    Иако многумина ја имале среќата лесно да се справат и да си ја повратат убавината на кожата, милиони луѓе низ светот сè уште се обидуваат да го најдат соодветниот продукт кој ќе им помогне да ја надминат оваа состојба. Додека го бараат виситинскиот продукт за смирување и потполно излекување на акните врз кожата нанесуваат пудра се со цел да се затскрие оваа состојба.

    Дали врз кожа која е зафатена со акни треба да се нанесува пудра? Одговорот не мора да биде секогаш: „Не. Не.“ Пудрата може да биде и бенефит за Вашата кожа само треба само да се направи вистинскиот избор.

    Нанесувањето соодветна пудра ја штити кожата од аеро-загадување, ги покрива неправилностите (акни, мозолчиња), и го поттикнува Вашиот убав изглед, воедно предизвикувајќи чувство на удобност и зголемена самодоверба.

    Постои само еден услов, секогаш да се исчисти лицето од нанесената пудра пред спиење. На тој начин ја отстрануваме нечистотијата генерирана во текот на денот и му овозможуваме на лицето да „дише”, стремејќи се кон вашите цели за здрава и чиста кожа.

    Изборот на пудра треба да соодвествува на состојбата на Вашата кожа. Доколку кожата на лицето е зафатена со акни треба да се одлучиме за производ без додаток на минерални масла (петролеум и негови деривати), кои може дополнително да ја иритираат кожата.

    Пудрата која ја нанесуваме претставува секојдневна бариера помеѓу Вашата кожа и надворешната средина, поради што треба да биде внимателно избрана.

    Текстурата на пудрата треба да биде прилагодена на состојбата на кожата, не предизвикувајќи дополнителна агресија, истовремено овозможувајќи и на Вашата кожа да дише. Комбинираната и масна кожа бараат oil-free пудра која ќе го регулира масниот сјај и нема да ги запушува порите.

    Тоа може да биде и минерална пудра која поради природните состојќи е соодветна за кожа со акни, како и за состојби на розацеа и егзема. Чувствителната кожа е особено реактивна, поради што пудрата треба да биде со хипоалергена формула, хидрантна и да го воедначува тенот.

    Мене ми е несвојствено, а вие што мислите ?
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А лосионот па ич не ја суши кожата.
     
  10. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Можеби каснам ама имав проблеми со форумов.
    Еве мислење што сум го пишала непосредно после третманот
    Во врска со пудрава, ке ви кажам колку за споредба па самите заклучете си.
    Прв пат кога отидов кај Нина, отидов со другарка ми, и двете го имавме истиот проблем.
    Нина помисле дека сме сестри, што физички слични што психички башка ист проблем со лицето од иста причина :D
    И двете бевме под комплетно иста терапија, и исто време ги правевме истите третмани.
    Разликата беше единствено во тоа што јас не можев да се замислам без пудра да отидам на факултет.
    Другарка ми имаше многу поуништено лице од моето, јас имав флеки ама она имаше буквално дупки на лицето ископано :tmi:
    После првиот треман лицето на дргарка ми многу се смири, а кај мене имаше разлика ама не толку очигледна како кај неа.
    Пудрава само ви го отежнува процесот на лечење, не дека со неа нема да ви успее третманот ама ке ви треба подолго време.
    Кога јас успеав да излезам без пудра сигурна сум дека може било која.

    Мој совет, додека сте под терапија, пудра ви е дозволена единствено навечер на 3-4 саати додека сте излезени во кафич диско/кафана што и да е, кога стварно не иде да излезеш без пудра.
    За на факултет, денско кафе, работа ич да не се замарате.
    Јас се чудев како не успеаа да ме приметат дека се појавувам без пудра :)
    Дека акцентот го ставав на очите не ме ни приметуваа дека сум без пудра
     
  11. fatmagul-l

    fatmagul-l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,јас сум нова на форумот но ве следам веке подолго време.Сакам да ве замолам ако може да ми дадите број од демартологот Николета и каде и се наоѓа ориднацијата.Ви благодарам
     
  12. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
  13. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    625
    Нормално дека ја суши. Само сакав да кажам пример дека ете хигиената не е секогаш клучен фактор за чисто лице..
    Јас да не го мијам лицето и само да го чистам со лосион, не би ни сакала да знам како ќе изгледам за недела дена. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  14. EmilyGomez

    EmilyGomez Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    оди во аптека и купи си ХЛОРАНФЕНИКОЛ тоа е течност со кој ке нанесуваш на лисето два пати дневно со памуче околу ена недела и ќе видиш дека навистина помага! Јас редовно го користам и брунчињата се намалуваат и се сушат и сами веднаш паѓаат. Ако ме прашуваш мене, јас со сигурност тоа ти го препорачувам. А, и не е многу скап, околу 100 ден. е сила 200 ама не ми се верува да е ниту 200 ден. :D
     
  15. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Јас користев Хлорафеникол и сум презадоволна, исто како ништо да немало, одма се сушат.
    Инаку лицето мора да се мие, секаде одиме и целото ѓубре се собира на него, па затоа треба чистење. :)
     
  16. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    има некој информација колку пари е тетрациклинот од грција или бугарија?
    јас сум на далацин, и без пудра неможам, па да пробам со другава крема како ке оди :)
    во петок сум пак на фореза, четврта по ред се надевам и последна :D
     
  17. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    јас имав страшен проблем со акни пробав се и сешто единствен лосион што ми помогна е едно средство со сулфур што го прават во аптеката ремедија во прилеп. Незнам дали го прават во некоја аптека во скопје. Ако некој го има користено и ако знае рецепта за да може да ми го направат во скопје ако сака некој да се распраша ќе ви бидам многу благодарна
     
  18. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    девојки јас го земав гелот од орифлејм тој од рузмарин и чајно дрво, и гледам деновиве ситни брунчиња, дали е можно да е од гелот, зашто ништо друго не користам..
    па сега се мислам да го сменам, еве веќе има 1 недела, лицето ми е исфрлено, не знам дали да му дадам уште малку време или некој друг да земам?
    ајде вие предложете ми некој, имам мрсна т-зона, одвреме навреме ми се појавува црвенило, црнки, кој според вас да го земам, ама да има ефекти?
     
  19. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    10.693
    Пол:
    Женски
    Веднаш престани да го користиш! Земиси било кое гелче од гарнер ефикасни се , а и не се скапи
    до 300 денари.
     
  20. MilanoRedHead

    MilanoRedHead Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    20
    Го има некој пробано дермагол (вака мислам дека беше) на Галафарм..? сакам да го пробам ама мислам дали е многу силен..??