cool, а кој гел според тебе од гарниер да го земам, некој кој ти го имаш користено и добро делувал? имам испробано скоро се, страв ми е веќе да испробувам, затоа.. летото го користев сапунот на докторс, добро делуваше ама 3 месеци го користев и некако ми се засити од него кожата, а сега е ладно и не ми се мрси толку многу кожата, а ако се мијам со сапун ќе го пресушам...
Jaс овој последно го земав и добар е сега за зимава нема да ти ја пресуши кожата.Но немој да го користиш самостојно куписи и некоја крема намента за мрсна кожа немој никако да ставаш бекутан , павловичена и сл.!
Девојки еден совет од мене т.е. од врвна козметичарка што ми го кажа да не ги користите овие производи од Леа бидејќи содржеле цинк што наместо да го помага процесот на лечење на акните тие дополнително ги продлабочувале и ги копале внатрешно иако однадвор ги сушеле и мазнеле акните. Овие производи никако Јас ги користев долго време и си направив ужасен проблем
^ Не знам каков проблем си си направила токму од овие производи. Речиси во сите производи против акни се содржи цинк или дериват на цинк. Настрана тоа што прв пат читам ваква информација дека цинкот не е добар во вакви ситуации. И има различни типови на акни. Ако евентуално не е добар за еден од нив... А и кој би бил тој? Секој има различни искуства и различен тип на кожа и проблеми. Ако не ти одговарал тебе, зошто на време не си прекинала со употреба? И ако не ти одговара за твојот тип кожа и проблем, не значи дека ќе биде така и за останатите.
Грешка голема направив, не мислев на цинк мислев на жива Овие производи содржеле жива што многу штети на кожата За цинкот си во право, помага многу при црвенило и при сушење на мозолчињата.
Здраво, сакам да прашам некој кој ги има користнео овие производи од орифлејм дали ви имат помогнато, за да ги порачам? од истата лини има значи крем,гел за миење лице, имаше и уште нешто, не ми текнува баш.. или пак геловите на гарниер се подобри? имав мн акни, ама ете ми поминаа колку толку, редовно правам и маска од зелене глина со маслиново масло, и мн ми помага за тенот за ситните брунчиња,црнките, но некако останати ми се малечки флеки кои ми сметаат, ама за нив не користам ништо специјално.. затоа барам само некоја крема и гел, имам комбинирана кожа,поише накај мрсна, и не знам која каква крема да ја земам, би сакала некоја со матирачки ефект мислите дека овва пуре-скин ќе ми помогне
Од сите ови сигурна сум дека последното најмногу ке ти помогне.Орифлејм не се за верување многу , само цени што им набиваат. И крема имаш од гарниер , околу 300 денари .Мене лично многу ми помогна.
Здраво феминки.Сакам да ве прашам тие што одите кај Др.Николина, каков третман и креми ви има дадено за флеките? Мене ми се исчистија акните и останаа флеките, сега треба да одам на контрола ама не можам за брзо па затоа ме интересира.Поздрав до сите.
И мене ме интересира, дали постои лекој лосион, крема било што, за чистење на флеките од акни, и некое средство за чистење на митереси. Навистина ми е потребно. Ви благодарам
За флеките од акни пробајте со компир. Јас единствено така успеав да ги средам флеките кои ми останаа тука-таму од акните кои крвнички сум ги ископала. Изрендај еден поголем компир и исцеди го сокот. Јас си го собирам во мало шишенце со распрскувач и прскам по целото лице. Оставам да стои некое време и потоа одмивам со млака вода и лосион за лице. Можеш да го наредиш и изренданиот компир на местата каде што имаш флеки, во секој случај би требало да помогне во процесот на избледување.
Жив, нормално. Не би ти бил од корист варен, освен ако го користиш за третман „полнење на желудник“. Ме насмеа ептен, да знаеш.
сакам да прашам за бројот на сашо 072-276-954 дали е овој број, зашто од вчера се јавувам никој не дига, дали можеби познавате др.негов број?
Здраво Мишела Сакав да те прашам од прилика за колку време се видливи резултатите од користењето на компирот?
Еве ти цела тема за тоа lice/crnki-na-liceto-t30/ Јас не ти препорачувам да ставаш било што на своја рака, секое лице е различно. Почекај контрола и прашај ја докторката. Таа ќе ти препорача соодветна крема.
можеби ке ви звучу чудно но мене лицето ми се исцисти од пиење зелен чај секој ден по еден филган беж шекер еве нема ништо од акни на лицето повеке