Мислам дека беше за неколку недели, ама флеките беа понови. Кај оние постарите најверојатно процесот на заздравување е побавен.
Знам се сеќавам пред 4 години бев кај мојот матичен лекар,но за друго отидов. Имав акни тогаш и тој без да го прашам ми рече да пијам апчиња од квасец. Но,не сум пробала и не знам.Само знам -ми кажувале поради витамините кои ги има дебелее.
Ги пиев тие апчиња месец дена и нешто, но право да ти кажам не приметив подобрување на кожата.. И воопшто не качив ни едно кило, но тоа се зависи до организмот.
Во петокот бев на последна фореза и сега ми даде силиконски гел за лузните и црвените флеки Kelo-cote се вика. Го има ли некој друг користено и дали дава резултати?
Го користам овој сапун tete-a-tete плавиот и сум презадоволна..Со користење на сапунот една недела почнаа да ми се забележуват разлиќи на лицето. pozz..
Пиев неколку месеци како суплемент во вежбање, но ги прекинав мислам ми се влоши кожата од нив Кај секого разично ќе си воочиш сама Дури не пробаш неможеш да знаеш нели
Здраво.Сакам да ве прашам ако да ги одстранам акните на челото незнам дали ми се пубертетски но имам многу кажете ми што да направам ?
Откако почнав да си мијам лицето со чај од невен, ми се подобри, и тенот и црвенилото и малите ситни брнчиња со тек на време се губат..
откако си мијам лицето со чајот од невен, ми се намали црвенилото и некако и се прочисти тенот, мн посвежо ми е лицето, ама секој има различна кожа, се додека не пробаш нешто, нема да бидеш сигурна
за сува кожа каков тоник користете за секојдневна употреба, јас имам ногу суво лице, и дали може за таков тип кожа да го мијам лицето со чајот од невен?
Имам флеки од акни на образите...има ли некоја пробано нешто од природниве ствари против флеки што сигурно помага? Читав нешто компир, сода бикарбона, лимон... ???
Не можеш флеки од акни да решиш со компир и лимон, треба да направиш хемиски пилинг и баш сега сезонава ти е идеална за тоа. Можеш да земеш и крема со АХА киселини која ке ја користиш само навечер поздрав
Да, меѓутоа сакав по природен пат, бидејќи и лимонот е киселина нели... хемиски пилинзи и такви посебни креми ми се последна опција... сакав да пробам со нешто природно, бидејќи на крајот секогаш испаѓа дека лекот бил пет пари само кој да го најде
Совет совет совет совет совет од мене! Многу се израдував! На еден друг сајт прочитав како до чисто лице за само една недела! Оваа недела се ставив на тест. Секое сабајле го миев и масирав, Навечер ставав гел за чистење лице од авон со мед и млеко. И сега уживам во резултатите. Немав некој проблеми но гледам дека ми е многу подобро
Еуцерин пх5 - сапун за чувствителна кожа ( можеби не е тоа што го бараш ( лосион ) , но јас сум премногу задоволна ( сува кожа ) .