Форумџика на годината

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    072276954

    Јас кремата ја користам 3 месеци.
    Имам пишувано претходно дека има резултати од неа. Не ми е како некои што пишаа дека за 18 дена лицето им е вауууу, ко на бебе мазно, ама имам подобрувања доста. Имав флекички кои ми се побистри сега скоро и да ги нема, нови акни поретко ми излегуваат и со кремава побрзо ми поминуваат, имав и неколку како лузнички од големи акни и тие ми се каде каде подобри.
    Од кремава имам сигурно уште за 2 месеци па ќе видиме како ќе биде до крај. :)
     
  2. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Јас го имам користено, благ е за лицето, но не ја вади баш многу шминката, зависи за што ти е. Доколку само за ритулно миење на лицето без да вадиш шминка ок е.
     
  3. Martina1993

    Martina1993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    77
    Имам многу рапаво лице, кажете што можам да користам.
     
  4. Chocolate-me

    Chocolate-me Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    ^Мене дерматолог ми го препорача лосионот на Eucerin (белиот со зелено капаче),мене многу ми помогна и ми го исчисти лицето.Исто така го користам и лосионот Хлорамфеникол-ми го измазнува лицето. :)
     
  5. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    100 ml, 195 или 199 ден не сум сигурна. Од приватна, локална аптека иначе го купив така да мислам дека цената е прифатлива.
    Плус сакам да додадам дека аптекарката ми рече дека ќе ми трае подолго зошто треба да користам само малку од овој продукт, ми рече дека не треба да ставам многу зошто може да ја изгорам кожата (зошто немам мноооогу мрсна кожа).Како што слушнав на јутјуб, многу помага за акните а исто така е погодна и а комбинирана кожа (како мојата). Од вчера почнав да го употребувам.За една недела ке ве известам за резултатите
     
  6. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски

    Го гледав во ДМ и во Космо . читав на декларацијата пишува за ЧУВСТВИТЕЛНА кожа а не за масна или комбинирана
    Јас имав нормална кожа но сега ми стана комбинирана во Т зоната па си ги зедов кремот + серумот за 572 од Космо, искрено во Дм беа 3 дупо поскапи, почнаа да претеруваат со цените
     

    Прикачени фајлови:

    • _842116.jpg
      _842116.jpg
      Големина на фајлот:
      123,2 KB
      Прегледи:
      378
  7. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.750
    Допаѓања:
    3.596
    Пол:
    Женски
    Да, знам. И јас кога прочитав дека пишува дека е погодна за чувствителна кожа прашав, ми рекоа дека може да се користи (барем за мојов тип на кожа која зависно од периодот, се менува).Сега јас сигурно неможам да тврдам 100% зошто не сум експерт за тоа а и плус зависи од типот на кожата, ама јас сигурно ќе го пробам кремчево, дефинитивно се осеќа свежината од дејствувањето, кога ќе ја нанесеш и затоа мислам дека ќе помогне
     
  8. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Ја купив кремата на авен што се нанесува пред спиење само на акните. Сега за сега нема нешто посебно резутати инаку јас имам само пубертетски акни на челото и по една две околу носот. И сега со таа крема следуваше гратис тестер од гелот за миење на авен за мрсна до комбинирана кожа. Плус е тоа што не е многу пенлив но одкога ќе го измијам после 5 минути носот почнува да ми се лупи и на некои други делови од лицето. Почнуваат да се појавуваат како бели лушпички. До што е работата? Незнам дали да го земам сега тој гел..
    Инаку јас сметам дека имам кобинирана кожа, но исто така лицето ми се сушеше и лупеше (по малку) од лосионот(тоникот) на Clean&Clean...
     
  9. Nade-sunrise

    Nade-sunrise Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    1.455
    Допаѓања:
    4.694
    Пол:
    Женски
    Која крема на авене имаш земено?
     
  10. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Со ракија и рузмарин се добивало чисто лице. :^)
    Ја чув баба Рада во нејзината емисија како го кажува ова, но не знам дали да пробам? :?: Барав на интернет но никаде не можам да го најдам овој податок. Ако некој го чисти лицето на овој начин, нека каже.
     
  11. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Со ракија? Знам дека гори ракијата, и дека грло кога не боли по голтка ако се пие поминува..Незнам за ова, да не го исуши после?
     
  12. Snowflake1

    Snowflake1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Девојки да не знаете др.Нина до кога нема да работи, вртев минатата недела никој не се јавуваше. Сакам да одам на 10, а не сум од Скопје, па некој ако бил во скоро време да знае?
     
  13. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Девојки препорачајте ми некоја крема или незнам таму што се користи за акни? За масна кожа? Бидејќи јас немав проблеми со акни незнам што да му препорачам на брат ми да употребува,а еве нему почнаа да му излегуваат пубертески акни.
    Мене само ми излегуваат мозолчиња кога сум пред\после циклусот,но за тоа време користам Здраве крема,и ми помага :)
    Фала ви однапред.
     
  14. namenamesurname10

    namenamesurname10 Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Девојки користете Клиндамицин од ФитоФарм го има во секоја аптека.
     
  15. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.515
    Да да вистина, може да се чисти лицето со ракија. Јас сега прв пат читам дека баба рада го рекла ама мене мајка ми ми кажуваше, она кога била помлада си го чистела лицето со ракија само.. без рузмарин.
    инаку и јас пробав на два три пати, и мислам дека ракијата е добра за дезинфекција, и по мое (како и за оцетот што имам читано), можно е да спречува ширење на бактериите а со тоа и појава на акни и сл..
    инаку кога поминав со памукчето мислам дека сета прљавштина ја собрав, пробајте ќе видите...
    инаку брзо се ветрее, најубаво е навечер да се мачка...
    е сега секако, како и се друго, потребно е подолго време и редовно мачкање за да се видат некакви резултати.
     
    На Kalija77 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Имам комбинирана кожа и секогаш имам акни не дирекно на брадата туку десно и лево од неа. Ми се прават за време на менструација и јас ги стискам :doh: (што да правам неможам така да ги гледам) и ми остануваат цел месец како белег, кога ставам пудра се засушуваат и неубаво изгледаат..и наредниот период пак исто и така со месеци :( Сакам за стално да ги отстранам да не ми се појавуваат повеќе..ако има некоја со слична мака да ми препорача што користела и од што била задоволна?
     
  17. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    Потполно истиот проблем го имам.. до сега не најдов решение :doh:
     
    На Rose96 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Јас веќе извесно време ја користам кремава и сум многу пријатно изненадена. До сега моево лице најубава реакција имаше на неа. Ми ги суши акните кои ќе ми искочат,а богами и со редовно користење се редуцира нивната појава.
    Сум ги користела и лосионите од Clean&Clear, и од нив сум задоволна.

    Како најбрза постапка за чистење на мозолки ми е ладна облога. Во последно време си правам чај од мајчина душичка, го смрзнувам во коцки и навечер го поминувам лицето со една коцка,додека да се стопи. После си ставам од кремава и до сабајле се што треба си се суши. Ете така... ;)
     
  19. Heidy

    Heidy Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    овој cleand and clear во туба-нема салицилна киселина, a ovoj со пумпица има,и на самото пакување на предната страна е назначено [​IMG]

    затоа не ми е јасно овој во тубава зашто пецка на лице,кога нема такви активни состојки? и ако некој видел од овој другиов со пумпица со салицилна киселина,нека каже каде го има
     
  20. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    ^ Heidy,
    Има салицилна киселина и овој во туба што е.Баш и сега бев да го проверам, си пишува во составот...