Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Од време на време ми се појавуваат бубулици што ни пудра не ги прикрива и баба ми ми даде еден многу ефикасен совет.

    Пред спиење земете лук и исечкајте го се додека не пушти сок и тој сок нанесете го на бубулиците. Најдобро е ова да го правите пред спиење од причина што има лоша миризба, а сабајле кога ќе станете исчистете го лицето со лосион и вода и нема да има никаква миризба.

    Пробајте, нема што да изгубите. Кај мене делува. :)

    [​IMG]
     
    На Nade94 и gothchick им се допаѓа ова.
  2. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Само што се вратив од аптека, ги земав oxid wash и кремата attack.. Многу време барав мислење дали да ги земам, мислев никој ги нема користено, Изгледа требаше да ги купам за да видам коментари :D Се надевам не си дадов џабе 50 евра, ќе ви пишам коменари по некое време користење..
     
  3. love007

    love007 Активен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Здраво :) Девојки да ве прашам дали некоја имала ваков проблем: Т-зоната ми е нормална, некогаш може да се каже и мрсничка, но на образите кожата ми е сува и ми се појавуваат некои флекички како лишаи. Хелп :(
     
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Лишаите ти се резултат на сува кожа
    Јас би ти препорачала хемиски козметички пилинг (чини околу 1000 ден.)
    А и дерматолог да ти препорача соодветна козметика
    Во глобала не е страшно само образите ти се проблем но решлив
    Јас би ти препорачала еуцерин со 12% омега
    Го имаш и како крема за лице, и како лосион за тело, лосионот е поисплатлив за цената и мл.400
    а кремот ти е иста цена само 50мл
     
    На love007 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mrmusculo7

    mrmusculo7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво, ако можете да ми препорачате некој добар козметичар во Скопје?? Од време на време знае да ми се појави некоја црнка или бубуљица па мислев да го средам тоа :))
     
  6. 7DogWood7

    7DogWood7 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    2
    здраво девојки
    имам еден проблем поточно на мајка ми лицето се случува тоа но јас навистина се загризив па да прашам.
    Mајка ми има 42 години па последнава недела, две почна некако на лицето да и се појавуваат така многу ситни како дупчиња нешто и очити и се потечени ама едното око многу. Oна вика дека највероватно е до бубрезите ама не ја болат ич. исто мисли дека може да е алергија ништо не јадеше различно како порано само пред 5-6 дена салеп пиеше првпат па вика дека може да е и од тоа..
    утре сака да оди на лекар да види ама ке може ли некој што знае нешто да ми каже дали е сериозно?
     
  7. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23




    мене и не ми помогнаа многу ... скоро па ни малце :^)
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Јас ја земав на Бекутан кремата и топ е. Задоволен ептен. 8) :dance:
     
  9. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    О Боже со оваа Бекутанов веќе ...... :headbang:
     
    На LittlePinky, Madalina, kala21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Што е добар, добар е. Кај мене топ функционира. Незнам што се изнервира толку... :^)
     
  11. EMA2

    EMA2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    33
    и јас да бекутанов чаролија ко да беше :fubar: :x
     
  12. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37
    Дефинитивно најдобро нешто против акни,многу ми помогна.
     

    Прикачени фајлови:

    • akni_losion.jpg
      akni_losion.jpg
      Големина на фајлот:
      10,3 KB
      Прегледи:
      665
    На Snowbell и love007 им се допаѓа ова.
  13. Kalija77

    Kalija77 Нов член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Фемининки, може да ми кажете дали овој лосион Клиндамицин на ФИтофарм го има во веро керфур и слични маркети? Бидејќи во 4 продажни места на Зегин прашав и го немаше =/
     
  14. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    Јас секогаш од Загин го земав.. Побарај Леа лосион, така му е правилно името..
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Kalija77 го имам видено во Јака, Зегин и Тедико
     
  16. A.A.girl

    A.A.girl Нов член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Девојки,
    За чисто лице, кокосово масло секојдневна употреба. Ги минимализира акните, лекува сува кожа и лишаи. Битно е да земете исклучиво ладно цедено, органско за да уживате во предностите кои ги нуди.
     
  17. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Клиндамицинот нема да ви помогне. Можда ќе ги исуши моментално али пак ќе се вратат и плус флеките ќе ви останат. Јас бев презадоволна али ми го пресуши лицето и плус уште еден проблем си напраив лицето почна да ми се мрси повеќе. Го користев и гелот и лосионот али додека го користиш имаш чисто лице али кога ќе престанеш пак се појавуваат. Пробајте со нешто што ги лекува од корен.
     
  18. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    Пишав и претходно ама ми го преместоа коментарот во тема сува кожа(која и не е толку посетувана и актуелна) , па зар ова тема е само за масна кожа? -_- чисто лице,подразбира секаков тип кожа.. прашував доколку сте задоволни од некој тоник или пилинг, незнам што да си земам, немам некои др проблеми на лицето освен оторени пори што ме нервират(кои ми настанаа од павловичева и некои др мрсни креми) .. не пиам вода,и немам сјај во лицето без пудра ! :( кажете ми некое тоникче гелче било шо (за сува кожа)..
     
  19. svetlana977

    svetlana977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Доста време читам на оваа тема па решив да го споделам моето искуство.
    Имам мрсно лице, склоно кон создавање на акни во пределот на брадата,флеки од акни.
    *Веќе месец дене пијам таблети Дермабион 2*1 дневно-тие се за внатрешно потхранување
    *Таблети цинк-25 мг дневно( ефект -ми се намали мастењето на лицето ,скоро и да не се масти, не само на лицето туку и косата не ми се масти како порано.
    *Два пати неделно правам топла бања-го парам лицето со чај од невен, после парењето на лицето кога порите се отворени ставам маска од мед и сода бикарбона (1ч.л. мед и 1/2 ч.л. сода бикарбона се прави паста ) медот го храни лицето а содата делува антибактериски , после 10-15 мин се мие со млака вода ,со ова маска и пилинг добивате во исто време.
    *На крај не ставам никакви креми само 4-5 капки АД капки маслен раствор и неколку капки домашно направено масло од кантарион и невен( мислам дека повеќето од вас знаат како се прави , кантарион и невен се ставаат 40 дена на сонце во ладно цедено маслиново масло а потоа се процедува)
    Иако ќе сметате дека на масно лице не му треба масло , напротив се впива бргу и не ми остава масни траги , ако остане некоја масна трага со хартиено марамче лесно се отсранува вишокот.

    Од оваа терапија не дека ми се исчисти лицето , само месец дена како ја практикувам, но многу помалку се масти лицето , акните се повлекуваат , лицето е хидратирано . После еден куп фрлени пари на не знам какви креми и без никаков ефект, решив да ги фрлам сите козметички препарати и веќе хемија на лицето не ставам, доволно го малтретирав лицето без никаков ефект.
    Оваа терапија ја почнав после долги пребарувања .
    Се надевам дека некому ке помогнам.
     
    На YasMazza и bubac им се допаѓа ова.
  20. Greenny

    Greenny Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    39
    Ај ако сака некоја од девојките која што оди на третмани кај Др. Николина да пише до каде е со третманите, колку е задоволна и дали има подобрувања. Заинтересирана сум за нејзините услуги па затоа сакам да знам нешто повеќе.