Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. hubabuba

    hubabuba Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски


    Јас одам кај Николина, и можам да ти кажам дека има подобрување.Во декември правев форези, 4 по ред, бидејќи имав доста гјојанички. Сега сум по терапија, антибиотик и керакнил (креми што ми ги одреди таа), и за 2 недели треба да почнам со третмани за флеките.
    И сега знае пред добивање да ми излезе по некоја бубуљичка ама не е тоа што беше.

    Ако нешто поконкретно те интересира слободно пиши ми :)
     
    На Greenny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. FotoLina3

    FotoLina3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2014
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    43
    Јас имам проблематично лице, порано имав многу акни на брадата, сега на образите и околу устата. Користам германски производи и се многу ефикасни. Од се што сум користела овие најмногу ми помогнале:







    Затоа девојки, доколку имате можност да ви испратат роднини или да ви купи некој што оде до Германија, или да ги пронајдете на друго место, купете ги. Дефинитивно најдобри, Германците знаат што прават ;)

    П.С. Забележав дека кога сум понаспана, лицето ми е посвежо и имам помалку црвенило кај акните.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Elii96

    Elii96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    3
    А има ли ова ефект на флеките или дупчињата од акни?
     
  4. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Сакав да го споделам и моето искуство заедно со вас и рутината која ја практикувам веќе 5 месеци.
    Најпрво да кажам дека имав претежно мрсно лице, не само во Т зоната туку целосно. Неможев да ставам пудри, светеше како сијалица, неможев креми, значи ништо! Кога се има мрсно лице излегуваат митестери,црнки и што не.
    И решив да променам нешто. Секој ден пијам вода измешано со блендирани 3 банани и боровинки,тоа ради тоа што неможам да пијам вода, едноставно не ми се пие само вода.
    3 пати неделно, наутро или навечер лицето го мијам со шеќер, најпрво со потопла вода,шеќерот навистина е добар за лицето, го протријувам малку и го измивам со ладна вода. Потоа нанесувам Афродита дневна крема, чекам неколку минутки и потоа нанесувам од Гарниер Moisture Match за мат ефект и изедначување на лицето [​IMG]
    Потоа после неколку минутки Гарниер бб кремата, која е за масна кожа и сум презадоволна од неа. Доколку одам некаде или на факултет, или за прошетки...

    Навечер лицето можете да го чистите со тоа што си го чистите, немам нешто посебно да издвојам инаку јас користам Oriflame Beauty Waterproof Средство за чистење на шминка од очи и Essentials Нежно 3 во 1 средство за чистење лице од Орифлејм. Откога лицето ми е чисто го ставам кремот од Афродита ноќниот и тоа е тоа. За многу брзо време лицето ми се стабилизира и повеќе не сум сијалица. Можам да користам што сакам но сепак да го одржувам како што и практикувам. Се надевам помогнав :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. svetlana977

    svetlana977 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    За флеките има ефект од причина што и АД капките,невенот и кантарионот имаат регенерирачко дејство, за поефективно избелување додај некоја капка сок од лимон, сокот од лимон има ефект на избелување.За дупчиња од акни би требало подолго време од месец дена ,јас немам па не би знаела за ефектот врз нив.
     
  6. Barbieeeeeee

    Barbieeeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Еве и од мене нешто...Лицето ми беше буквално целото со акни незнам веќе какви креми и лосиони не пробав и ништо не ми помогна на крај се ми беше преку глава и решив само со сапун да го мијам лицето.Сега само сапун Dove од краставица и потоа си ставам Young Derm крема со екстракт од манго и камилица и лицето ми се исчисти скроз
     
  7. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Ај кажете ми нешто повеќе ако има некој користено ракија на лицето за чистење, како ставате, кога и колку пати? :?:
     
  8. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.657
    Допаѓања:
    8.574
    Пол:
    Женски
    Немој да се зезнеш и ракија да ставиш.
    Можеби ке имаш ефекти првично ама тоа е само моментално, бидејќи ке ти ја тргне маснотијата од кожата и ке ги засуши акните поради алкохолот. Ама потоа ке почне да ти се суши кожата па ке почне зголемено лачење мрснотија да се заштити од сушење и ете ти поголем проблем.
    Дерматолозиве одат на тоа да не се користат ни лосиони поради алкохолот што го содржат, а не па директно алкохол да си сипеш на лице :)
     
    На LittlePinky, FotoLina3, bubac и 2 други им се допаѓа ова.
  9. DelRey

    DelRey Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    533
    Пол:
    Женски
    Добро е што не пробав, ти благодарам ногу :)
     
  10. ciganka

    ciganka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    12
    има ли некој одено на третмани за лице со IPL ласер викат помагало за лузни, црвенила и акни
    некој да ми каже искуство
    немам веке акни само имам последица од нив црвенило и дупки мали па сакав да пробам со ласер незнам дали ке помогне од друга страна ми е страв да не го зафркнам ептен беља да си направам
     
  11. Barbieeeeeee

    Barbieeeeeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2013
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум подржувала одење на ласер ипак е зрачење коа влегува директно во кожата имав акни али како што претходно кажав ми се исчисти лицето со сапун така да лузни немам а една моја пријателка има одено и не и помогна баш ласерското отстранување
     
  12. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.155
    Здраво феминки,
    Ме интересира дали може да се направи ефикасен хемиски пилинг на лице во домашни услови? Има ли некој состојки што се земаат од аптека па се комбинираат?
    Јас инаку се полагав и земав купон преку групер за хемиски пилинг во Скин Солушн, во Скопје. Беше 500 денари, и викам ајде..
    Од услугата воопшто не сум задоволна, ми го исчистија прво лицето со мелко, па после со алкохол, ми го шлапнаа тоа хемиското, и не постоја ни 5 минути (а докторкава уште ми вика леле како добро ти го поднесува лицето пилингов, воопшто не ти е црвено)..значи 5 минути работа, после ме праша за дали да ми стави маска била само 150 денари, и ајде се нафатив, кога веќе си легнал таму...и тоа уште 5 минути, и на крај уште ми вика сега да не сакаш уште една ампула незнам каква да ми ставела и таа била само 150 денари...за таа реков некако дека не, доста ми е тоа. Поентата е да ти ги земе тие 500 денари, и после да те факја во тесно со уште по 150 денари.. Инаку киселината на пилингот беше 25% (а за толкава концентрација знам дека не мора доктор да ти ја става) па затоа си реков да не може во домашни услови да се прави тоа.
    Ако има некој искуство, би ми било добредојдено. Поз
     
  13. jasBia

    jasBia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    342
    ^^Јас кај Анчевски правам хемиски, со 30% киселина, и не можам ни минута да издржам од болка.. Редовно ми ставаат неутрализатор и порано, а обични викаат дека до 2 минунти максимално треба да стои со таа концентрација..
    Не сфаќам како ти со 25% си стоела 5 минути.. А може има врска и типот на киселина..
    Да ти одговорам, за во домашни услови јас користам крема со овошни киселини, а за хемиски пилинг во никој случај не смееш да си играш.
     
    На b.o.n.i му/ѝ се допаѓа ова.
  14. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    1.155
    Фала ти.. јас сум била во заблуда дека подолго треба да стојам , па си викам не ме истретираа ко што треба :D Многу едноставна ми се виде процедурата, и се зачудев. А и односот на докторката не ми се допадна према некој кој првпат и оди..и повеќе заради тоа бев револтирана. Ај ќе размислам за следен. Позз
     
  15. nemir26

    nemir26 Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2014
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    девојки сакам да прашам за кремот имекс,го користам недела дена секој ден мачкам но некако не гледам некои резултати,некои акни поминуваат но се појавуваат и нови.како го користите и колку време треба.јас го имам тој со боја на пудра го купив од турција
     
  16. reilin

    reilin Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Јас да ви ја препорачам маската со аспирин, јас имам многу проблематична кожа, цел живот маки си мачам со неа, уште што не пробав, ама ништо не помага. Ете оваа маска досега што сум испробала е најефикасна и многу лесна.
    Се меша едно пакетче аспирин во прав со малку сок од лимон, колку за да се добие течна смеса, но да не биде ептен течна за да може да се мачка на лицето. Се мачка и стои околу 15 мин. а потоа лицето се мие со литар вода измешана со една лажичка сода бикарбона,најдобро да е млака.
    Пробајте, и пишете овде резултати, јас сум многу задоволна :)

    Инаку да не знаете да ми препорачате некој лосион со салицилна киселина?
     
  17. pearlll

    pearlll Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    23
    На Snowbell му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snowbell

    Snowbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    148
    Ја има кремава кај нас, одлична е целата колекција, јас имам лосион кој прави благ пилинг и ги затвара порите. А кремава Acne out ја користи внука ми по препорака на лекар и има одлични резултати. Ги има во аптеката во Capitol трговскиот. :)
     
  19. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Му се восхитувам на корисноста на форумов. Браво девојки.
    Што ли ќе правевме без информацииве кои си ги разменуваме од прва рака .
    Се што сакаш можеш да дознаеш
    Секоја чест :*
     
    На Name, LittlePinky, b.o.n.i и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    aко може да ми го кажете пилингот што е со овесни снегулки сакам да го пробам вода и што друго се става