Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. AmyFawler

    AmyFawler Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Најверојатно мислиш на Др. Анчевски. Да, едино тој ми остана како варијанта... незнам како оди со цените кај него, слушнав дека е навистина скапо, но и ефикасно.. мислам дека нема да можам си го дозволам.. но ако се мора... Имам хипофункција на тиродина жлезда, примам терапија за истата, но никој од докторите не ми кажал дека тоа може да се манифестира на лицето. Сега видов дека има тема и за тироидна жлезда, таму ќе прашам дали на крај ќе излезе дека тоа е причината.. Фала многу за советите, добро ми дојдоа :)
     
  2. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Еве ти слика од цените, кај ПРЕценетите Анчевски: Астрономски цени имаат не е нормално значи.
    Одбери си друг дерматолог зошто ќе треба да правиш повеќе третмани, сигурно нема да лупнеш десетици илјади денари таму за да се богати некој.
    И ти препорачувам да направиш 5/6 хемиски пилинзи (но сега веќе немаш можност за нив зошто се прават од септември до мај најкасно кога не е многу јако сонцето)
    Мене лицето ми е како ново, без акни, подмладено , свежо од нив.
     

    Прикачени фајлови:

    • 2.PNG
      2.PNG
      Големина на фајлот:
      47,2 KB
      Прегледи:
      416
    • 1.PNG
      1.PNG
      Големина на фајлот:
      43,8 KB
      Прегледи:
      411
  3. AmyFawler

    AmyFawler Нов член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Еве ти слика од цените, кај ПРЕценетите Анчевски: Астрономски цени имаат не е нормално значи.
    Одбери си друг дерматолог зошто ќе треба да правиш повеќе третмани, сигурно нема да лупнеш десетици илјади денари таму за да се богати некој.
    И ти препорачувам да направиш 5/6 хемиски пилинзи (но сега веќе немаш можност за нив зошто се прават од септември до мај најкасно кога не е многу јако сонцето)
    Мене лицето ми е како ново, без акни, подмладено , свежо од нив.[/quote]

    Дефинитивно Анчевски отпаѓа сеа за сега додека не се вработам некаде каде што ќе земам плата минимум 30 000. Не се сомневам дека има ефект, но... што е многу многу е.. барем за мене. Фала ти што ме расони :)
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Имам сува кожа, во последно време почнаа да ми излегуваат ситни мозолки црвенки на челото, не се нешто страшни, а ме советваа да ги поминувам навечер со некој лосион дермогал или хлоракол. Знам дека се тие за проблематична кожа со акни, а мене не ми е воопшто таква па ми е страв да ставам да не ми го досушат челото па да почне да ми се лупи. Некое искуство? Напоменувам целото лице ми е многу чисто само пред циклус што ми искача по некоја бубулица, незнам дали да пробам со некој од овие лосиони или да ми препорачате некој друг... Мислам дека од времево ми се појавуваат сега како алергија овие мозолчиња на челото друго објаснување немам, од производите што ги користам за секојдневна нега не верувам дека ми е затоа што релативно долго време ги користаам и благодарение на нив ми е чиста кожата. Па предложете нешто за чистење на ситните мозолчиња на челото... :)
     
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Мимс, Дермогалот е ептен слаб лосион и мислам дека нема да ти направи дополнителни проблеми ако нанесуваш само на зоните опфатени со мозолки.
    Хлораколот и Клиндацинот се многу појаки, мислам дека Дермогал баш ќе ти заврши работа.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да не користиш ништо од типот на тие лосиони. Дополнително ке си ја исушиш кожата и проблемот нема да ти се реши.
    Перделот на челото го претставува системот за варење. Ситните мозолки како и акните кои се јавуваат во тој дел всушност значат дека нешто со варењето не е во ред или најчесто дека имаш лоша елеиминација на токсини од телото. Пробај барем еднаш месечно да си направич детокс на организмот во времетраење од 36 саати до максимално 3 дена во кое ке го исклучиш и кофеинот. Тоа значи дека тие денови ќе бидеш на овошје,зеленчук ,чај и секако многу вода. Ако имаш проблем со црвена и сува кожа на челото тоа значи дека ти е потребна дополнителна дехидрација па зголими си го весот на вода и течности.
    Не секогаш проблемот можеме да го решиме со мачкање на одредени креми,лосиони и сл. Јас од кога се породив имав период на дехидрација првите неколку денови и си го приметив одма на лицето исто како тебе во пределот на челот но немав мозолки. Случајно си го купив флуидот на Лавера со алое кој има антивоспалителни дејства,смирува и хидрира ептен. Се нанесува пред крема да ставиш. Пишував за ова во темата омилени производи чинам. Се нанесува многу малку и трае цена непамтам до 500 денари плус-минус. Повеќе не е.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Дефинитивно Анчевски отпаѓа сеа за сега додека не се вработам некаде каде што ќе земам плата минимум 30 000. Не се сомневам дека има ефект, но... што е многу многу е.. барем за мене. Фала ти што ме расони :)[/quote]
    Цените на третманите кај Анчевски лудило.
    Преглед 600.. хемиски пилинг до 3000 lol
    Сега ги гледам цените. А ми го фалеа него.
    Тој за 1500 ден. ако не и помалку ќе купи цела кутија од тоа хемискиот пилинг и ќе си наплаќа потоа по 3000.
    Тоа што сакав да ти кажам, не оди секаде, не пробувај се и сешто и не дозволувај секој да ти го чепка лицето, може полошо да ти направи.
    Распрашај се кој дерматолог е добар.
    Верувај не сакаш со лузни дома да си одиш по третманот.
    И како најбитно внимавај со исхраната!!



    Пробај го следново
    Стави си благ пилинг за лице.(користи го еднаш неделно) Потоа измиј го сапун докторс од сулфур,, користи го утро вечер околу две недели. Навечер не ставај никаква крема после сапунот, остави го така чисто тогаш тој делува.( многу го фалам сапунот, стварно е посебен) Избегнувај да користиш пудра на челото барем неколку дена( мене ми ги полни порите ко ќе ми се направат акни и потешко ми заздравуваат) .
    Се надевам дека ќе ти поминат дури и во првата недела.
    Кај мене имав забележано дека многу често ми се прават ко ќе носам шишки :lol:
    Еднаш пак имав ставено кокосово масло на косата, па ми се нафрли лицето оти косата ми одеше таму.
    Почесто менувај ја навлаката од перницата, не го бриши лицето со крпа што и други ја користат.
    Не дека овие се причината кај тебе, ама ете некогаш несетено дури и да се доприш со рацете ако ти е многу чуствителна кожата ќе се направи нешто :)
     
  8. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Мимс, позната ми е твојата ситуација, јас ќе ти го препорачам најтопло сапунот колд крем на Авен, сапунов ми е откритие на животот, сериозно, го обожавам
    Го трошам вториот и сум презадоволна, ми го очисти, омекна, освежи лицето, заедно со хемиските пилинзи , ми гопрепорача дерматологот, и ја благословувам што го открив него.
    Пробај 300и нешто денари е 100грама, кќе го користиш подолг период со миење на сабајле и навечер. :*
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мама 25 го користам тој флуид на Лавера и сум презадоволна од него, го користам повеќе од една година континуирано, навистина го смирува црвенилото и му прави некаков разладувачки филинг на цело лице. За сапуни сум малку скептична затоа што секогаш ми се покажале дека повеќе ја сушат кожата, така да кога ќе ми каже некој за сапун за сува кожа малку ми е за неверување. Всушност може и ве насочив погрешно не се некои страшни мозолчиња за сапунот од сулфур на пример тоа би било премногу, не се ни приметуваат на прв поглед туку детално ако загледаш, мене ми се чудни затоа што никогаш не сум ги имала....
    Лицето го мијам секое утро и вечер со Диор гел за миење лице за сува и чувстиветелна кожа, потоа ставам енерџајзинг тоник исто од Диор па флуидот на Лавера па крема Диор, се тоа за сува кожа. Пилинг правам еднаш неделно пред да ставам маска за лице, пилингот ми е на Лавера и маски користам исто така еднаш неделно, на природна база и за различна намена и немав досега никакви проблеми со лицето на овој начин ми функционира одлично. Друг парадокс ми е што кога ставав шминка секој ден пудри и чуда немав ниедно мозолче, а сега веќе 2 недели немам ставено никаква пудра на мене и ете ги мозолчињата. Сум ја изоставила бариерата помеѓу надворешната околина и моево лице да не кажам пудрата :D . Јас мислам дека нешто од нечистотии низ воздухот или пак нешто внатрешно како што кажа Мама25, детоксификација треба дефинитивно да почнам да применувам, а планирам и зелената глина да почнам да ја пијам. :^)
    Мана25 ако си по упатена може да напишеш и другите делови од лицето кои симптоми на внатрешен проблем ги покажуваат? Отсекогаш сум имала проблеми со системот за варење ама никогаш не ми се манифестирал на лицето... :^)
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Мимс и јас имам сува кожа како тебе. Мене ми се појавуваа такви малечки,неприметни мозолчиња на челото само кога носев шишки и косата ми го покриваше челото.

    Исто кога ја миеш косата гледај да не ти допира шампонот или било кој друг производ за коса до кожата. Јас така си направив акни на грбот и деколтето и едвај се спасив од нив.
     
    На missfortuna и mims-89 им се допаѓа ова.
  11. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Мимс еве линкче прочитај детално кои акни, на што манифестиаат
    http://www.kafepauza.mk/zivot/shto-vi-kazhuvaat-aknite/
     
    На mims-89 и missfortuna им се допаѓа ова.
  12. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Многу добри совети, тоа што се случува внатрешно во организмот често се манифестира на лицето, а ретко се надворешни причини.
     
  13. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
  14. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Кој сапун е подобар за миење на лицето Avene или Eucerin?
     
  15. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.056
    Допаѓања:
    10.692
    Пол:
    Женски
    Авене , скоро дупло поскап ти е од Еуцерин, 300 денари. :D
    Разгледај по форумов има пишувано за сапунчево.
     
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.894
    нешто против црнки и акни? имам мрсна кожа ..во последно време сум премногу исфрлена...
    читав и во темата за црнките....сум правела пилинг,сум користелаод докторс,хлорофеникол хидроген за рани го парам лицево е само тогаш ми ги снема за ден и толку -_-
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    За акни мене дермогал ми помогна. Сега ми се исчисти лицето ептен.
    А за црнки ќе си купиш од тие лентите за отстранување црнки во аптеките ги има. Околу 150 денари беа. Ќе ти излезат неколку, не сите.
    После во врела вода ќе ставиш камилица и ќе стоеш под пареата и после само со златен прстен ќе поминеш и ќе излезат и другите.
     
  18. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Со задоволство Мимс ќе се потрудам во кратки црти да ти објаснам :)

    Пределот кај носот
    Врвот на носот одговара на делот на плуќата а коренот носот покажува дека има проблем со желудникот. Најчести проблеми се црнките,кои укажуваат на лошо варење,а понекогаш и ниското ниво на хлороводична киселина,која впрочем е составен дел на желудничкиот сок. Таа дијагноза најчесто се проверува кај гастроентеролог, но најдобро е да се променат некои навики во исхраната. Ако носот е делумно црвен и има изразени капилари,тоа е знак дека се внесува доста голема количинна на течности која го грее организмот,тогаш треба да се намали бројот на внесување кафе,чај или алкохол (зависи кој што конзумира).

    Образи

    Го представуваат дишниот и кардиоваскуларниот систем. Мозолките на образите се често резултат на исхраа која изобилува со маснотии.Бледи образи се знак дека фали зелезео во организмот,а претерано црвени образи укажуваат на лоша циркулација и преголем внес на зачиета храна,кафе ,алкохол и дека им е отежнат застојот во организмот. Најважно е да се смени исхраната,и повремено да се исчисти самиот организам со детоксикацијска диета или хомеопатски препарати,а за подобрување на циркулација на дишниот систем помага пилатес.

    Пределот околу очите
    Пределот околу очите го претставуваат бубрезите. Темните или подуени подочници најчесто се наследни,а може да значат на задржување на вода во целото тело. Плави или светли подочници укажуваат на умор и исцрпеност. Црни се поистоветуваат со слабокрвост, а жолтата боја укажува на на проблемите со џигерот и золчната кеса,што може да биде последица исто на исхраната. Кога на лицето се појавуваат сини пеги ,мала промена на пигментација се фрла одговорност на пребрз живот или преоптеретување.Тогаш е подобро се унаровнотежи животниот ритам. Не е на одмет ако повремено се пие и чај од брусница затоа что помага во исправното работење на бубрезите. За да се подобри работата на бубрезите пожелно е да се пие повеќе чаеви билни а да се намали внесот на солта во исхраната.

    Пределот околу вилицата
    На овој дел од лицето се огледуваат хормонските промени во телото. Тука се појавуваат мозолки најчесто во предменструалниот период,а ако ги има почесто се советува да се направи една хормонска анлиза на крвта,по потреба и хомеопатско лечење. Ситните мозолки кои се воденасти можат да укажат на проблеми со лимфа,что може да биде последица на внесување на некои лекарства,делувањето на токсините од околината како и внесување на продукти со зголемена количина на рафиниран шеќер.

    Јас од кога престанав да го мијам лицето со препарати за таа намена не ми се појави ни една мозолка. Ептен ако имам доста шминка на лице практикувам што е и поретко. Мислам дека дополнително од чисто лице си правев проблеми ( еве вака како тебе),зошто на некој начин го дезинфицирав и кога ќе дојдеше во допир со прљавштина дури и со мобилен при разговор,кој сите знаме дека е изложен а многу бактерии,ми се појавуваше по една која не е страшна,ама јас си ја гледав и ме нервираше.
    Еве веќе 5-6 години не го мијам со никакво средство. Само со млака вода и немам никаков проблем со исушување,перутање и мозолки. Порите да чукнам во дрво не ми се проширени па доволен ми е пилинг еднаш неделно + маска. Секако дека треба време кожата да се навикне и зато треба трпение. Па тука ќе ја ставам ситуацијата твоја во корелација со она кога велиш дека неколку дена си без пудра и баш тогаш ти искочиле мозолките.
    За глината ќе кажам само :up:
    Поошто веќе го користиш гелот на Диор немаш потреба од Авене сапун. Колку што знам ти имаш чисто лице и не си ја предизвикувај бељата :D Кога епидермисот ќе го изгуви својот баланс настанува проблем може да почне да се перута. Ова е мое мислење ти како сакаш.
    Како си задоволна од кремата на Диор? Дали е наменета за летно време? Во потрага сум по крема со фактор (само да не е комедогена :) )

    bubac најдобронамерно, не ми е поентата да се препукувам ама советиве што си ги постирала се нешто друго,не се во контекст на нашиот муабет. И не е поентата само да се зголемува бројот на мислења и да се писува колку да се поплни место ;)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.965
    Дали овој препарат т.е Неутрогена daily scrub го има кај нас и колку пари е? Слушнав многу позитивни работи за него.. Би сакала да го испробам.. [​IMG]
     
  20. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    И мене ми сметаат црнките, ми се прават само кај носот и се познаваат.
    Ги отстранувам со помош на лосиони, маска имав од oriflame и слични производи наменети специјално за црнки. Се чистат, но повторно се прават и тоа таму на истото место.
    Има ли трајно решение за црнките?