Еве ти линк разгледај ја странава има повеќе видови http://www.proactiv.com/?uci=US-PA-O-PS ... p508068g-c
Ги коистев проактивот, не ми помогнаа, инаку да, само онлајн се нарачуваат мене ме чинеа околу 40$ . Со нив само си ја уништив и пресушив кожава, едвај ја доведов до некој ред со дерматологот, бидеќи е со бензил пероксид, а тој ги суши мозолчињата, но и цела кожа... Буквално ја дехидрира дури не знам ни како успеа до тој степен. Мој совет, ако имате мрсна кожа може да ја земите цела колекција, НО доколку имате нормална, комбинирана, а па сува не иде во предвид за цела колекција -> набавете си го само тоникот, и тоа на мозолчиња само да се нанесува, а гелот/ пилингот за миење не. Тоникот е најдобар за оние гнојни мозолки бидејќи со едно допирање на тоникот со мозолчето го ваѓа гнојот на памукот, и прави како кратерче на мозолчето, кое после една недела се пополнува во зависност каква ви е кожата, а МОЖЕ и да ви остави флеки, како последица на таа дупка која ја прави бензилпероксидот. Прејак е (барем беше за мене) ... Премногу изекспериментирав со моето лице, и веќе ја напрлатив цената.... Повеќе не. Играм само на сигурно.
Денес го купив овој гел за лице и очи ,го земав зашто го фалат многу блогерки, овој е наменет за мрсно лице со цитрон и прополис, пишува дека 96% е со природни состојки, не сум го пробала се уште кога ќе го пробам ќе пишам а од оваа фирма планирам да пробам и други производи
Ја го користам веќе година и нешо,немам никакви штетни последици,сепак се работи за поинаков тип кожа. мене не ме кошташе толку скапо цела колекција ја нарачав за 19$ плус има внатре free gift. [/quote]А ти од оваа страна го порача, или овде ги има производите??[/quote] мене дирекно од тука од уса ми го донесоа,мислам дека може да се порача и од тука на таа страна.
Мислам дека имам постирано во темава поодамна ама не сум сигурна па ќе пишам пак мака мачев со лицево посебно лани откако ја сменив климава поради факултетот морав да бидам во Ск се и сешто пробував од дерматолог до незнам какви др глупости (така да се изразам) моето решение го најдов со секојдневно миење на лицето наутро и навечер со дав сапунчето од краставица и користење на пенатен кремата, редовно пиење на 1,5л вода. Пенатенот не го пртепорачувам на лица со сува кожа, кремата е мн сува и ја суши кожата.
Го пробав гелот за чистење на лицето, вчера навечер пробав да си го измијам лицето без да ја извадам шминката, само од очите ја извадив маскарата со другиот гел на Сефора зашто на гелов пишува дека е само за лице а направив грешка имаше и за лице и очи ама др пат ќе го земам тој, лицето треба да биде влажно и сосема малку се става од гелот на лицето, треба да се направи пена и потоа се измива со вода. Лицето ми беше тооолку меко,нежно, како на бебе, дури и мм примети бидјќи е за мрсно лице нема ни м од мрснотија,а пудрата, руменилото се темелно ми извади. Има и за сува кожа,а ова дефинитивно е за многу мрсна кожа зашто ако имате нромална кожа се приметува дека се собира кожата Многу сум задоволна,наредно што ќе земам е гелот за очи и кремата за лице со фактор 30
Девојки, налетав на видео на youtube, девојчето го раскажува нејзиното искуство со акните (зборува за цистични акни, но не за по лесните форми). Мака мачела со нив година време и на крај гуглајќи по нет на некој начин сама си се дијагностицирала (незнам колку е во ред тоа), утврдила дека станува збор за намалена желудочна киселина (low stomach acid, - барем јас колку што успеав да протумачам). Ги имала скоро сите симптоми, кршливи нокти, опаѓање на коса, мислам дека спомна и нешто како зголемен број на гасови и акни по лицето кои не минеле со никакви лекувања и третмани (веќе чуеното.. ќе ги снема на некој ден, после пак ќе се повратат исти како и претходно). Еве го линкот од видеото, (незнам како да ставам видео, ова ми е првпат) - http://www.youtube.com/watch?v=EMzwLD5E ... Fab0f-AD0L Сакав да прашам дали некоја од вас има информации околу ова, дали тоа навистина би можело да е причинител, дали некоја има искуство? Јас еве, првпат слушнав за ова. Ако е некоја поупатена од мене, ве молам да ми пишете. И се извинувам ако прашањево не е за тука, ако треба ќе го избришам и ќе го поставам таму кај што треба. Инаку, можеби и јас грешам со оваа информација, не ме држете за збор, само барам ваши исуства и мислења. Фала многу однапред
Извини ама морам да ти кажам дека јас ја користев таа козметика и одев во таа ординација и ич не сум задоволна. Морам да кажам и дека за мојот проблем она немаше решение и одев 1 година и многу пари дадов и за третмани и за козметиката. Можеби тебе ќе ти помогне
Порано го користив и доста добро се покажа,ама потоа сменив други производи пробав и сега си купив пак гарниер Навистина од сите овој ми се погоди,поомага
Ако имаш акни( мислам на гнојаници) купи на Dr.Wolf Acnefug( за миење) одлично е. А ако се работи само за црнки можеш и со гелот за миење на еуцерин зелена линија. Здраве кремот не е за акни, тој е за воспаленија само. Можеш да земеш било каков крем за масна/комбинирана кожа. Инаку пиша дека користиш прајмер,само да знеш дека доста го замастува лицето и не би ти го препорачала за секојдневна употреба. Продолжи со скиноренот, ако ти прави црвенила користи го секоја втора вечер.
Препорачете ми некоја маска што можам јас сама да си ја направам против акни и отсранување на црвенилото.....
Природни тоници за чистење на лице 1. Со магдонос : Една од најлесните и ефективни процедури за подмладување е со магданос. Потребни ви се три лажици ситно исецкан магданоз и 200 грама вода. Варете го магдоносот во водата околу 15 минути. Откако смесата ќе се олади, прецедете ја и со помош на тоалетно памукче масирајте го вашето лице со течноста наутро и навечер. Оставете така неколку минути и потоа исплакнете со млака вода. Магдоносот идеално ја освежува кожата и ги отстранува различните пигментации по кожата со што се добива порцелански и изедначен тен. 2. Со портокал Ќе ви треба: - 2 портокали - 200 мл. јаболков оцет - 200 мл. вода - сад за чување на тоникот Изрендајте ја целата кора од портокалите, а потоа ставете ја во преходно припремениот сад (стаклен или пластичен) Додадете го јаболковиот оцет во садот. Добро затворете го и оставете го да стои две недели. Откако ќе отстои, прецедете го тоникот, а подоа додадете му 200 мл. вода. Најпогоден е за користење по отсранување на шминката.
Може, мене незнаеше ни да ми каже од што ми се нафрлува лицето, одма да купувам само од таа колекција, апчиња да пијам и како дојдов по една година истата си испаднав со лицево а многу пари дадов. Можеби ти не си имала посериозен проблем, јас не сум задоволна.