Да можно е..јас понекогаш и со две тури по двапати чистење со памукче за да излезе цела прљаштина пошто многу вади...али сега по еднаш ке поминувам и тоа нежно ама со клиндамисинот..и плус сапун пред..ке биде во ред ти благодарам многу за целата пружена помош.. тука сум и тебе ако ти треба било што,било каков совет =) поздрав
Нина многу ми се допадна твојот предлог и веднаш ќе го применам само сакам да те прашам, додека траеше целиот третман (лекување) на лицето, каква крема користеше?! Подлога или пудра на лицето? Знам дека за проблематичното лице не се препорачува пудра, ама сепак мора некогаш да се стави, па ќе те замолам за совет и одговор. Поздрав.
Девојки, незнам сега -дали секоја од вас е баш за овој третман, сепак зависи од возраста, од состојбата на лицето... Јас имав 20-21 година отприлика кога се лечев, акните беа гнојанички, но не цистични и оние од средна зафатеност, а не претежок облик. Можеби најубаво, земете го вие во предвид моето искуство, но сепак пред да почнете со терапија консултирајте се со дерматолг, за да ви каже дали таа терапија е прифатлива за вас (возраст, тип на акни, степен на зафатеност...) Можеби првиот дел од терапијата, антибиотикот може секој да го применува, а втората фаза со аиролот, консултирајте се. Миме87, јас кажав, ставав бекутан, но мене многу ми се сушеше лицето аиролот, дури цело ми беше исперутано. Зависи тебе како ќе ти одговара терапијата, како ќе ти реагира лицето на третманот, ќе видиш дали ќе ти треба помрсна или похидратантна крема. Пудра гледај да избегнуваш колку можеш, кога мораш ставај некоја по лесна на која пишува non comedonic. Да не ти ги затвара порите и да не ти се прават митесери, а од нив понатаму ако се воспалат и гнојаници. Поздрав
Фала многу Нина. Немам многу акни ама и тие што ги имам ми сметаат. Имам многу работи пробано и се помага, посебно имам проблем пред менструален циклус, а мислам дека ова би помогнало бидејќи имам слушнато од повеќе козметичарки дека првите третмани се со аналгетици, па понатаму со пилинг кој се состои од киселините за кои ни кажуваш и затоа се заинтересирав многу и мислам дека треба да го применам кога веќе ги добиваме имињата на производите благодарение на тебе. Јас ќе пробам и ќе пишам како се одвиваат работите. Поздрав и фала многу уште еднаш.
Вака.. Имам 13 години и проблематично лице. Немам многу но сепак имам бубулици и тоа на образите и челото.. Го чистам лицето со хлоракол. Но не помага. Ако знаете нешто кажете ми.
Можеш да се обидеш со лосионот на Леа колекција , или наутро и навечер да си го мачкаш лицето со чај од камилица мене ова само ми помогна а иам доста производи користено
Веќе подолго време имам проблеми со кожата на лицето, имам пробано многу работи, козметичар, секакви производи но, за жал, нема подобрување. Кожата ќе биде смирена кратко време, но потоа повторно ми се појавуваат акни и проблемите со лицето не исчезнуваат...
Епа тоа е..не си единствена со акнеста кожа и јас 'страдам' од истото.. ама ке помине со време,работа и трпение само.. чисти ја кожата со лосионче и ставај после гел/крема во зависност од типот на кожата што го имаш и не го чачкај лицето и ке биде во ред.. и позитивни мисли! =) позз
сакав да прашам.. колку е ефикасна кремата од Др-Волф со овошни киселини што е , и клиндамицин лосион анти -акни што е ? може да ми одговори некој ??
за лосионот со клиндамицин што е анти-акни можам да кажам дека е мн ефикасен и помага , а за таа кремата со овошни киселини незнам, не сум ја користела...
Не сум за тие креми и лосиони и такви глупости секое утро го миам лицето со Dove сапун исто така и пред спиење... Има резултати верувајте
Женски, неодамна,поточно вчера , почна ЕПТЕН да ми се перута/лупи лицето, повеке кај пределот околу устата..не е до сувост, го мачкам со крема, и оп по 10 мин. пак е цело бело..дали е тоа во ред? другарка вика добро било, почнале акните онака баш да си одат =) незнам,не ми се има никогаш ова десено вакво перутање лупење како сакате али.... што мислите вие???
Нејм, исто и мене ми се случува некогаш, и јас имам мрсна кожа, па кога некогаш ќе претерам со тие средствата за чистење ми се перути така лицето, ама ништо-си ставам или павловиќева и за ден-два ми поминува
Дечки нова сум на Фемина и ми треба совет од вас. Три години имам проблем со акни, сум била и во дерма медик и уште кај еден дерматолог, меѓутоа не ми помогнаа. Примав секаква терапија за надворешно и внатрешно, но нема никаков резултат, а имам по некоја лузна. Не можам повеќе да издржам, кога ќе се погледнам во огледало ми се плаче. Последно нешто што сакам е да одам на кожно во Државна болница на тоа новото што го отворија, каде што имаат донесено нова апаратура како кај приватните дерматолози, но по многу пониски цени. Ако може некој да ми каже дали до сега бил таму и дали е задоволен и какви им се цените и услгите, и дали има резултати. Фала однапред.
Нејм и мене исто ми се случува.Мислам дека е до гелот(ако ставш по многу) Бдв сакав да ја прашам Нина ако знае да ми каже дали кремата ,,Лала‘‘ е хидратантна?
Ставам лесна контрол шајн крема за преку ден, и гел по мрсен навечер кој исто помага против акните.. за количински, па незнам..ставам сеа нез дали е тоа многу