Едната има цинк оксид пишува и на пакувањето али и двете се добри. Пред 2-3 год користев добри беа исто така и таа жолтата , али плавиве за бубулици се топ.
Овие две на сликава мене ми изгледаат исто. Ама има две различни креми што може да се најдат кај нас, едната се продава без кутивче и таа е оригиналната крема, густа е, не се упива. Другата се продава во кутивче и е малце поскапа (околу 70 денари е) и е потечна, пишува на неа лека формула, полесно се мачка и делумно се упива. Јас ја користев со години оригиналната, а од скоро оваа другата бидејќи случајно ја видов во Веро и сакав да видам што е разликата, и мене повеќе ми се допаѓа потечната- лека формула и мислам дека имам со неа поубави резултати. Е сега јас немам голем проблем со акни, чат пат пред добивање итн, ама имам со алергии и за тоа ми е Здраве врв. Инаку јас ја користам само навечер пред спиење. И мислам дека за нега на лице е супер, можеби помага и за акни побрзо да зараснат затоа што на цинк оксидот тоа му е улога, ама не верувам дека може да спречи нивна појава. За тоа се подобри производи со салицилна киселина или бензил пероксид.
Имам чисто лице, масно но се трудам колку толку да го доведам до нормала. Но имам голем проблем со носот, знали апсолутно се имам испробано, маски, лепенки, домашни маски со јајца и што ти не, но ситуацијата не се менува. Мислам дека овие не се црнки, заради тоа што при стискање е бело. На козметичар сум била, ама никогаш ми се нема средено како треба. Неможам да излезам без пудра, заради тоа што премногу се гледаат и навистина не изгледа убаво.Дали некоја од вас се спасила од овие и што би ми препорачале ?
јас би ти препорачала маска од аспирин .Ќе ставиш 3-4 аспирина и ќе ги истолчиш и ќе додадеш малку вода за да добиеш хомогена смеса ,ќе ја ставиш на местата каде што имаш црнки ..додека да се исуши и потоа со млака вода ќе си го измиеш лицето трлајќи го пополека за да направиш пилинг .. само ако си алергична на АСПИРИН немој да пробуваш .. Инаку девојки колку пари се ЗДРАВЕ кремите тие две погоре што се .. и за што се .. ? јас имам мали проблеми со бубулиците кои ми излегуваат и јас ги стискам и потоа ми оставаат флеки .. па да ве прашам дали би ми помогнале ЗДРАВЕ кремите ?
И јас имав многу бубулички и црнки по лицето до пред неколу недели но си го најдов лекот . Немав многу масно лице но имав големи проблеми со бубулички , кои ги имаше насекаде по моето лице . Прво на влажно лице нанесувам од пената за акни на афродита чекам околу 10 секунди и добро си го плавам лицето после тоа , не треба да остане пена на одреден дел од лицето . ( Баш ваква пена ) После пената нанесувам на оние памукчињата што се за лице тоник исто така од афродита за да ги затвори сите порички на лицето . ( ваков ) Потоа на целото лице освен каде што имам бубулички нанесувам од кремот за лице на Нивеа pure&natural . ( исто ваква ) И за крај на деловите каде што имам повеќе бубулички ( чело , нос ... ) ставам од букарската крема Здраве лека формула . ( и двете креми се исти едната слика е амбалажата на помадата а другата е како изгледа кутијата на кремата ) Задоволна сум од сиве овие производи можеби се малку скапички ама вредат , затоа што јас го видов ефектот . Заборавив и да пишам дека не се брзо трошат , тоникот и пената ги купува мајка ми на некои 2 месеци а кремчињата и по подолго ги користам . Мајка ми ми ги купува затоа што некоја нејзина колешка има познаници таму од каде што ги порачува и кога ќе порачаат во поголема количина добиваат малце попуст на цените инаку јас си ги користам мајка ми не ми се меша
Еве нешто што мене ми помага: Зелената глина за надворешна употреба на Виталија. Маскава ја користам еднаш неделно навечер пред спиење, чуда прави. Многу добро длабински ја чисти кожата. Спојлер Незнам што сте толку строго против бебешките креми. Еве од мое искуство со павловичева, мислам на онаа оригиналната павловичева Др. Павлович мене ми го чисти лицето кога ми е нафрлано, ми ја смирува кожата, лек за бубулици, снемува црвенило...а и си пишува на упатството дека се препорачува и на возрасни. За многу работи ми е корисна: за опекотини, за после сончање, за алергијски реакции, за сува кожа, понекогаш за после депилација...едноставно мене ми е кремава must have производ. Нормално не ја користам секој божји ден на лице туку само кога ми е нафрлана кожата и ја ставам само навечер. Прочуената Здраве крема која е исто бебешка крема, ја врши истата работа како Павловичевата само потешко се размачкува и остава бело. Неколку видеа со маски за чисто лице Маската со зелена глина за која пишав погоре, само што јас ја ставам на цело лице. http://www.youtube.com/watch?v=2AQnZua6 ... ENX5LKztW- Познатата аспирин маска. http://www.youtube.com/watch?v=eykM-r39 ... ENX5LKztW- http://www.youtube.com/watch?v=8ceBl0Rr ... ENX5LKztW- http://www.youtube.com/watch?v=Re0L1ebG ... ENX5LKztW-
Дали има некој некакво искуство со Алое Вера, ама не со креми или гелови од Алое Вера, туку директно со течноста т.е. желатинот од самиот лист од Алоето? Јас дома го имам ова растение и имам многу слушнато за неговата лековитост за акни и флеки, па би сакала, доколку некој има некакво искуство, да пише. Поздрав.
и јас сум слушнала и имам дома алое ,имам слушнато дека помага за проширени пори и јас ги имам.. ама ми е страв да пробам да го ставам тоа на лицето а за флеки не сум слушнала . Ама ако се убедам самата можеби и овие денови ќе пробам ,само уште тоа ми остана што на лицето досега не сум го пробала ..
Јас не би ви препорачала да фрлите толку пари за производи со алое вера ако до сега не сте користеле. Подобро пробајте некои подостапни кои се со алое вера затоа што мене лицето постојано ми се нафрла кога користам нешто што во себе содржи алое вера.
Јас немам проблем со акни, ама некако имам црвенило по лицето, и најмногу заради тоа ставам пудра. Немам идеја, што да пробам, што да направам... Црвенилото ми е најмногу назначено над веѓите, околу ноздрите на носот и образите, поточно секаде каде имам пори. Help!
Дечки дали сте слушнале за кремата/маслото од кајсии(или праски можеби,ама кајсии ми е поверојатно)? Тоа е некое природно кремче кое мн а потхранува кожата...го користела Слаѓана Велков...во една емисија рече дека сега било достапно и кај нас. Ама тоа така го кажа уз нешто др што зборуваше, и не разбрав точно за какво кремче/масло се работи. Нејзе и преубаво и е лицето(со оглед на годините (добро покрај тоа што се храни здраво) и не е на одмет да разбереме за што станува збор.
Овие домашни рецепти против митисери ги најдов низ нет, па ако некој ги има испробано и делуваат нека пише. 1. Пилинг од мед и лимон- Во еден сад измешајте 1 лажица мед со сок од 1 лимон и смесата нанесете ја на лицето и истата оставете ја да делува од 5 до 10 минути. Доколку имате многу масна кожа во смесата додајте 2 лажички јогурт. 2. Маска од белки- Земете 1 јајце и одвојте ја белката од жолчката, а потоа од белката направете пена со помош на миксер. Во беланецот додајте две лажички пченкарно брашно, па добиената смеса нанесете ја на лицето. Истата оставете ја да делува половина час и одмијте ја со млака вода. Резултатот ќе биде мека и нежна кожа без митисери. 3. Лековитоста на босилекот- Земете неколку листови босилек, ставете ги во тенџере со зовриена вода и обарете ги неколку минути, а потоа исцедете ги и оставете ги да се оладат. Обарениот босилек испасирајте го и со памук нанесете ја смесата од босилекот на лицето и нежно втријте ја особено во зоните каде имате митисери. Потоа со чист памук избришете го лицето и постапката повторете ја уште два пати едно по друго. 4. Лимон- Еден од наједноставните начини за ослободување од митисерите е со помош на лимонов сок. Исцедете 1 лимон, премачкajте го лицето и оставете го да делува во текот на целата ноќ. Наутро измијте го лицето со млака вода. 5. Компирова маска- Излупете 1 компир, ситно изрендајте го, додајте малку вода и смесата нанесете ја на лицето. Оставете ја да отстои 10 минути, а потоа одмијте ја. Компировата маска е стар рецепт за длабинско чистење на митисерите на лицето. 6. Маска со пченкарно брашно- Тоа што можете сами да го направите дома е да направите смеса од остро пченкарно брашно и хидроген од 3%. Смесата ќе ја направите така што една лажица пченкарно брашно ќе помешате со 1 лажица хидроген и смесата добро ќе ја втриете на лицето. На овој начин правите пилинг на кожата на лицето на местата каде имате митисери. Овој третман би требало да трае од 3 до 5 минути. Потоа, остатокот од смесата со брашно и хидроген, нанесете ја на целото лице и оставете ја да отстои 1 минута. Потоа, одмијте го лицето со млака вода, избришете го со мека, памучна крпа и нанесете некој хидратантен крем за лице. Овој третман повторувајте го неколку дена по ред. 7. Магдонос- Исто така можете да се обидете да се ослободите од митисерите и со помош на магдонос. Измијте и ситно исечкајте 1 китка магдонос, па убаво втријте го на лицето, особено на местата каде имате митисери. Лицето со ситниот магдонос ставете го над сад со врела вода во која не треба ништо да додавате. На овој начин помагате кожата целосно да го впие магдоносовиот сок и истиот што подобро да продре во кожата на лицето. На крај, исчитете го лицето со памук и оттргнете ги митисерите од лицето.
Лосион за лице од магдонос и лимон. Потребно: ● 1 дл. сок од лимон ● 2 лажички листови свеж магдонос ● 1,5 дл. дестилирана вода ● 0,5 дл. алкохол (70%) Подготовка: ● Листовите магдонос иситнете ги и прелијте ги со дестилираната вода и алкохолот. Добро промешајте ја смесата, поклопете го садот и оставете го да отстои преку ноќта. ● Утредента, течноста процедете ја и додајте го лимоновиот сок. Смесата сипете ја во стерилно стаклено шишенце и чувајте ја на суво и темно место. ● Овој лосион нанесувајте го секое утро на претходно исчистена кожа на лицето и рацете. Ова го имав читано и во една стара книга со билки, само таму пишуваше дека е за акни, а сега прочитав дека било добро и за флеки и пеги. Викендов ќе си го направам обавезно!
Нешто што заборив да го пишам во предходниот пост,а исто ми пога за чисто лице: - Пилинг од шеќер и лимонов сок - го освежува лицето и помага за флеќи, ја смирува кожата - Кокосово масло - го мачкам од време навреме на цело лице како замена на ноќна крема, ми помага за секаков вид бубулици од оние ситните до оние џумкастите, ептен ја омекнува, навлажнува и смирува кожата. Секојдневно го користам за околу очи како превентива за брчки, имам читано дека било многу поефективно да се користи маслово одколку креми за таа намена колку е навистина точно незнам, за истата намена користам и бадемово масло кое исто важи како добро за брчки.
1. Масло од чајно дрво Делува против бактерии и вируси, а се користи кај инфективните болести. Етеричното масло нанесете го директно на акните и оставете го да се засуши или измешајте го со тоникот за лице и темелно исчистете го целото лице. 2. Сода бикарбона Го чисти лицето од бактерии и ги отстранува мртвите клетки од кожата. Измијте го лицето, а потоа направете паста од сода бикарбона и вода. Нежно масирајте го лицето и на крај исплакнете го со ладна вода. 3. Масло од јојоба Делува смирувачки и се користи против воспаленија. Измешајте пет капки етерично масло со билки или маслиново масло, а потоа нежно масирајте го проблематичниот дел од кожата. Оставете да делува најмалку 15 минути, па измијте се со млака вода. 4. Алое вера Силно делува на оштетувањата на кожата, особено на изгореници и на воспалени акни. Гелот од алое нанесете го директно на мозолчето или ако има потреба и на целото лице и оставете го целосно да се впие. 5. Мед Има антибактериски својства и ја хидрира кожата. Медот размачкајте го на лицето и оставете го да отстои 15 до 30 минути. Измијте се со млака вода.