Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    Дали некоја од вас има онакви црнки или незнам што се подкожни како со водичка внатре,некаков крем или нешто што би помогнало??? прилично имам(В) чисто лице.... :worried:
     
  2. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Тие треба да ги стегнеш , а ретходно да се дупне со игла стерилизирана, од аптека ќе купиш од најтанките, и откако ќе го стегнеш, премачкај го местото со дермален јод 10%. Ќе ти се изгубат (доколку убаво истискаш се од внатре).
     
  3. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Здраво,
    Бев вчера на третман за лице - микродермоабразија кај д-р Николина Лазаревска и сега лицето ми е многу црвено и со рани што е нормално, така ми кажа и докторката. И сега пак ми кажа да направиме уште еден третман - фореза во четврток, за да ми ги исчисти подлабоките акни. Знае некој како се одвива вториот третман, дали исто толку ќе ми биде црвено лицето и со рани како првиот третман? Зашо во сабота патувам и нејќам страшна да изгледам.
    П.С. Што е разликата меѓу микродермоабразија и фореза?? :^)
     
  4. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.679
    Допаѓања:
    2.158
    Пол:
    Женски
    Можеби веќе и сте слушнале за овој природен пилинг за лице: краставица рендана, малку јогурт и маслиново масло-сето тоа се меша и се надесува на лицето и се остава да делува околу 20 минути. Па не е лошо да се проба ;)
     
  5. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Фореза е кога ти го стиска лицето односно ти ги буцка акните и ти го вади гнојот а со микродермоабразијата ти го чисти само горниот слој на кожата и ти става витамини, ако имаш акни со гнојаници ќе ти ги стиска тие, а сега од што ти се раните на лицето. Претпоставувам дека ти го минеше лицето со едно нели шо пушта вода и ти ги стискала акните помали што можат да испаднат и црнките а следниот пат ќе ти ги чисти поголемите. Ако е така да те лажам ама ќе ти биде црвено лицето на местата каде што ќе те стиска :worried:
     
  6. Emilijaa13

    Emilijaa13 Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    29
    Веќе една година си имам мака со лицево, и пред месец дена конечно се одлучив да одам на козметичар, каде што козметичарката ми правеше класилен третман (чини 600 денари). Многу сум задоволна, се состои од темелно листење на лицето, дренажа (истискување на митесерите/црнките и акните со преходно боцнување со игличка, маска и некои други работи). Ми препорача да го правам третманот на 15 дена, додека ми е вака исфрлано, па кога ќе ми биде подобро да доаѓам на месец, месец и пол.
    Ми рече да ги користам следниве работи по следниов редослед: Прво го мијам лицето од шминка, по можност со некој гел за отсранување на шминка на лесна базна, сапун не ми препорача затоа што го дехидрира лицето. Единствено ако сум сакала да користам сапун, сум смеела 2 пати во неделата најмногу и тоа Ассо Дерм. Откако ќе го измијам лицето го листам со хидроген 3% (тоа е заради тоа што имам флеки, за да ми се осветли лицето и тенот да ми стане рамномерен). Потоа го чистам со клиндамицин лосион. Хидогенот и клиндамицинот ги измивам со млака вода- не се оставаат на лице (уште подобра варијанта е да се измие лицето со чај од жалфија). И на крај растворам апче цефалексин со 2, 3 капки вода, се прави како паста/маска, и се нанесува на лицето, особено на деловите кај што имаме акни. Се спие со тоа. Цефалексинот многу ама многу помага, ептен го смирува лицето. Знам дека целиов процес изледа заморен и досаден, ама верувајте се исплати. Проблемот е во тоа што може лицето да би биде малце суво, па затоа овие препарати се препорачуваат на лица кои имаат помрсна кожа. Исто така ми рече никогаш да не заборавам пред пудрата да ставам некој хидратантен крем, и кога немам потреба да не користам шминка. Одма штом дојдам дома или сум во можност да ја отстранам шминката. Ако некој го интересира нешто повеќе или пак можеби го интересира за козметичарката и нејзините третмани слободно пишете ми ЛП. :)
     
    На jagodka.18 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Која е разликата меѓу двете креми на Здраве?
    И која е подобра?
    И уште нешто.. кремата е само за лице или може да се користи и за тело?
    Бидејќи имам и од лактата нагоре како мозолки, т.е. не знам како да ги наречам.. :?:
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    За акни и мозолки подобра е таа со цинк, а за омекнување на грубите делови и за ред други работи кои не се поврзани со акни и бубулици, добра е таа со лесна формула без цинк.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.805
    Допаѓања:
    325.350
    Пол:
    Женски
    Мене мн ми помогна еуцерин обичната со црвено капаче .Мислам дека пишува на неа ph5 ,чинеше околу 400 денари и ја користам во комбинација со сапунот од истата линија.ама не е за лица со масна кожа зошто и самата е доста мрсна :)
     
  10. xexo

    xexo Активен член

    Се зачлени на:
    2 март 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    22
    Знаете ли од што може да ми се нафрли целото лице со акни? Никогаш сум немала проблем со нив, затоа ми е чудно. Однеднаш се појавија. Како да ги тргнам, помош?? :(
     
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Можно е од хормони, стрес, или реакција на некој производ што си почнала скоро да го користиш. А за тргање има посебна тема со 500 страни. Прави пилинг и миј го лицето со некој гел наутро и навечер исто помага и сапунот со сулфур од докторс мислам беше.
     
  12. Ekatarina95

    Ekatarina95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2014
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    37

    Почни да користиш лосион што во себе содржи клиндамицин :)
     
  13. Ivanna7

    Ivanna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски

    пиши ми инбох
     
  14. SmileOnMyFace

    SmileOnMyFace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Можете да пробате со едно на Гарниер во вид на лабело, како гел е. Се познава кога ќе се нанесе ама на мене многу ми помогна.А за да спречите да се појават треба да се избегнува масна храна како кечапи, маргарини, мајонези и вода треба повеќе да се пие.
     
  15. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Јас пред некое време имав проблем со акни скоро цело лице ми беше со акни почнав да го користам лосионот Хлородерм и кремот Здраве и еве ме повторно со листо лице :wasntme: понекогаш пак ми излегуват акни ама кремот ги суши бргу :)
     
  16. mala.sum

    mala.sum Активен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Се мачам со лицето едно 3 години , не знам што не пробав.Сега скоро почнав на козметичар и дерматолог ми препорача некои креми и сум ептен задоволна :)
     
    На Tedd. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Вчера си купив гел за миење лице со четкичка на L'oreal.
    Топло го препорачувам.
    L ' oreal foaming gentle scrub.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0190_2.JPG
      IMG_0190_2.JPG
      Големина на фајлот:
      20 KB
      Прегледи:
      319
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    дали некој пробал да го чисти лицето со камилица -сакам јас да пробам ..но да прашам има ли позитивни промени .. пробал ли некој?? :)
     
  19. mt88

    mt88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    1
    Црнки на лицето

    Имам поприлично проблематично лице, мрсно на т - зоните и склоно на акни.Добив препорака да одам кај Д -р Наташа, а студиото и се вика la belleza се наоѓа во Ново Лисиче.Дали некоја од вас има искуство кај оваа докторка? :) После толку обиди да дојдам до правилното третирање на лицето, пред да експериментирам со нешто ново, сега веќе прашувам за претходното искуство и на некој друг :)
     
  20. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Препорачајте ми добра маска за лице. Да се купи - не да се направи дома.
    Досега немам искуство со маски, освен со домашни. Имам комбинирана кожа на лицето, образите ми се суви а Т-зоната најчесто ми е мрсна и проблематична кога станува збор за црнки. Водам битки и со акни, поголем период од месецот. Сакам со маската ова некако да се неутрализира, свесна сум дека не може да направи магично да исчезнат сите проблеми со кожава.
    Цена - максимум 500 денари.
    Најважно ми е продуктот да е квалитетен.


    * И ги замолувам преставниците на Авон и Орифлејм да се воздржат од препораки на неефективни маски, кои всушност никогаш не ги ни ставиле на лице.
    Не ми е проблем и да се од Авон или Орифлејм, само ако се квалитетни.