Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до чисто лице?

Дискусија во 'Лице' започната од LovelyGirl, 21 февруари 2010.

  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ francais, нема подобро нешто за проблематична кожа од зелена глина. Има во Тинекс зелена глина за лице и тело на Виталиа, околу 170 денари е 500 гр. (ќе ти трае цела вечност). Чиста глина во прав е, ставаш во сад една лажичка, додаваш малку вода да се направи паста, ја нанесуваш на лице и чекаш да се исуши, па плакнеш со вода. Многу е делотворна, ги чисти порите, ги избелува флеките од акни, ја затегнува кожата и ја прочистува длабински. Со два пати неделно користење ќе видиш голема промена на подобро, гарантирано :) Патем, може да се користи и за коса и за тело, што е уште еден плус :)

    [​IMG]

    Инаку, сигурно знаеш, има и глина за орална употреба, таа се пие и го прочистува организмот однатре, врши детоксикација :)
     
    На mims-89, Hipica, s.T.e.F.i и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Јас минатата недела ставив од глината со лажичка мед + вода.Ја измив откако се исуши и на крај-црвенило и пецкање :worried: Не знам дали премногу ја држев или дека отворена беше уште поодамна(иако пишува неограничена употреба). А,баш читав дека е за проблематична кожа како мојата.Не знам дали сум алергична или шо е работата.Се мислам нова да си купам и за внатрешна и за надворешна употреба и пак да пробам...на ризик :P
     
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.759
    Пол:
    Женски
    Мене глината воопшто не ми помогна, ете речиси пола паковка стои така. Ја користев не само за лице, туку и за тело ама џабе, за ништо не ми беше мене добра.

    Знам дека е муабетов ко абе ајде ама мене најмногу ми помогна тоа што исфрлив пудра од секојдневна употреба, миење лице наутро и навечер ама со различни гелови. Далацинот ми ублажи малку ама не и дека ми помогна како на добар дел од девојките тука.
    А ставам пудра иако под неа ставам крема уште кога се мијам имам веќе поткожни.
     
    На Anne15 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Марама, а зошто ти се прави така? Очигледно некоја состојка од пудрите не ти прија, мене по напишаново ми се чини дека пудрата ти го иритира лицето и прекумерно ти ги затвара порите, па кожата реагира на тој начин. Си пробала да земеш пудра без парабени или некоја медицинска?
    Не дека е од клучна важност, но баш ме изненади муабетов.
    Не е тајна дека има милион штетни состојки во составот и јас имам приметено дека лицето ми изгледа многу поздраво кога некое време избегнувам пудри, но, фанатик како мене се сомневам дека некогаш целосно би се откажал од ова „задоволство“. :lol:

    Мене многу ми помогна маската со Аспирин. Повремено си правам пилинг со маслиново масло и шеќер, ставам зелена глина два пати во неделата само на Т-зоната. На образите ми избиваа големи поткожни акни од кои одвај се оттарасив. :|
     
    На softy и marama им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.759
    Пол:
    Женски
    Искрено никогаш не сум ги ни загледала состојките на пудрите што ги користам. Не сум пробала ниту една медицинска, низ годиниве "цепам" со менхетен, флормар, буржоа, мејбилајн, и еве последниве се на римел, едната беше онаа во црно тубиче, а последнава е матот. Неа па особено ја пофалив тука, ми се допадна и покривност и се ама џабе. Не мислев дека ми е од пудрите ама негата остана речиси иста, а пудрата ја исфрлив. Ќе ми се смири лицето, ќе ставам по потреба на три, четири часа и после нафрлана сум цела.

    Сега сум на свадба и искрено страв ми е пудра да ставам, а без пудра па не иде да одам. Сепак некои настани и шминки си бараат пудра :wasntme:
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Во врска со глината, да, ја прави кожата малку чувствителна и црвена после употребата, ама нормално е, тоа значи дека делува. Не е нормално ако црвенилото не исчезнува после отприлика половина час по употребата. Еден совет доколку ја употребувате глината, а имате чувствителна кожа: пред да ја нанесете на лице, намачкајте го лицето со тенок слој маслиново масло (ова важи и за тие со сува проблематична кожа). Глината дава лифтинг ефект, многу го затега лицето, па затоа се јавува тоа црвенило и чувствителност.

    Инаку, нормално е некому да му помогне, некому не. Јас искрено ја ставам само еднаш неделно, два пати ми е премногу и ми ја иритира кожата, ама задоволна сум како ми делува мене лично. Ако ништо друго, барем е чиста глина, природна маска, без хемикалии и чуда. И барем за мене, нема нешто што подобро ми ги чисти порите од ова чудо. После употребата лицето ми е буквално како без пори, затегнато, а најубаво ми е следниот ден од употребата. Тогаш буквално кожата ми блеска :)

    Марама, а си ја пробала ли маската на Неутрогена, онаа што е 2 во 1 (маска и гел за миење лице)? Мене таа маска буквално ми ги сушеше ситните акни што ги имав за 20 минути. Има пеперминт во составот, многу е пријатна на лице, дава разладувачко чувство и не затега како глината. На оваа маска мислам:
    [​IMG]
    И според тоа што го кажуваш за твојата кожа, мислам дека најдобар избор би ти била минерална пудра (во прав), која содржи само природни состојки. Еве Артдекото ја има кај нас, иако на пазарот постојат многу подобри, кои за жал ги нема тука, ама секогаш можеш да си порачаш од интернет. Особено многу ги фалат минералните пудри во прав на Bare Minerals, посебно матот од истата линија, за мрсна проблематична кожа :)

    [​IMG]
    еве од каде можеш да ја порачаш, матот е првата. Мене ми е во план да ја земам, па секако ќе пишам впечатоци во соодветната тема. Малку е поскапа, ама и Артдекото не е евтина тука кај нас, така што...
    http://www.beautybay.com/bareminerals/bareMinerals/Foundation/_/N-1z1408uZ1z140ti/Np--1/Npp-24
     
    На simoncelicius, softy и marama им се допаѓа ова.
  7. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.873
    Допаѓања:
    5.210
    Пол:
    Женски
    Мене минатава недела зачудувачки многу ми се исчисти лицето од плеки и акни, па да си ја споделам рутината. Кој знае, може и на некој тука ќе му помогне. Секое утро и навечер го мијам лицето со 3во1 на Балеа, како паста е, а два пати неделно покрај ова ја оставам и како маска да стаи 5 мин. После миењето ставам Здраве крема. Во неа ставив витамин Е капки и добро го измешав. Сега малце помрсна е, но подобро се нанесува и не го суши лицето. Во меѓувреме пијам и пивски квасец подолго време.
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
  8. mila7

    mila7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2013
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    486
    И јас имав проблематично лице, ама откако отидов на дерматолог, морам да кажам дека многу ми се подобри, и сега ми излегуват понекогаш, ама тоа се поретко..
    Кога отидов кај Николина, најпрво ми даде далацин, и го ставав 2 недели, на цело лице 24 часа, откако поминаа 2 недели ставав само на гнојаничките, а навечер крем на авене против црнки, следниот пат кога отидов, ми праеше третман т.е ми го стискаше лицето, тогаш ми беше цело црвено ама помина од далацинот.... помина некое време, лицето ми се ублажи, ама убаво не беше исчистено, и тогаш далацинот се замени со имекс, и сеуште кога ќе ми излези некое брунче ставам од имекс, навечер со авене, користам сапун од невен, и задолжително заштитен крем, го имам тој на авене(против нафрлување на акни,и за мрсна кожа) и после сето ова морам да кажам дека лицето ми е во добра состојба. А имексот е многу добар, мене подобро ми делуваше од далацинот. Инаку пред да отидам на дерматолог, јас испробав многу работи, но ништо не ми помогна многу, се беше краткотрајно.
     
  9. softy

    softy Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    25
    Mishela,маската со Аспирин ја правиш таа со мед што е? На цело лице ја ставаш или?Јас вчера ставив само на акните.Се мислам и јас пилинг да направам како твојот :) Пред некоја вечер пробав кокосово масло(ептен фалено) на некои акни колку да пробам да не ми направи некоја реакција зато шо имам ПРЕосетлива кожа :@ Знам,не можи од една употреба да има резлтати од било што.
    И јас исто,не можам да се откажам од пудрата иако ми велат дека заради неа ми се влошува лицето :devil: Не ја ставам зато што сакам,туку зато што морам(да се покријам) :(
     
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.009
    Допаѓања:
    81.346
    Пол:
    Женски
    Јас си ја правам по мое, не знам како е оригиналот. :lol:
    Толчам неколку Аспирини, додавам вода колку за да се направи смеса како паста, капнувам малку лимонов сок и нанесувам на лице. :)
     
    На softy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Madilyn

    Madilyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    126
    Каде може да се најде маската на Неутрогена, и која и е цената?
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    ^ Во сите поголеми маркети и дрогерии ја има. Мојата ми се чини од Тинекс ја земав, ама одамна беше, па не ја памтам цената. Мислам дека е околу 200-250 денари, тука некаде. Ако грешам, нека ме поправи некој, мада во секој случај не е скапа :)
     
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.742
    Допаѓања:
    145.178
    [​IMG]

    Јас сум презадолна од Еуцерионот.
    Немам некое проблематично лице, имам мрсна т зона и суви образи, но се исфрлувам само во ПМС и тоа по 1-2 бубуљици.
    Значи ништо страшно.
    Па во овој период доволно е да нанасем само капка на акната(по малку се става,минимално, не на целото лице) и за неколку часа се суши.
    Густо е, па го користам доста долго.Го имам повеќе од шест месеци и имам потрешено едвај една четвртина, а го користи и сестра ми.
    Се става минимални, а ефектот е навистина брз и ефикасен.
    Цената му е околу 800 денари, а го има во сите снабдени аптеки.
     
    На simoncelicius и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  14. love11111

    love11111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Каде можам да ја најдам Balea 3 во 1? И колку пари е? :)
     
  15. Aleksandra-Kukla

    Aleksandra-Kukla Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16


    Производи на Балеа имаш само во ДМ маркетите
     
    На love11111 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mimkaj

    mimkaj Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
  17. davidof

    davidof Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2014
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    12
    И јас имав проблем со акните, не некој голем ама имав.
    Што се не пробав ама џабе.
    Последно купив маст ЗДРАВЕ, во плаво кутивче, 55 денари е и презадоволна сум.
    :)
     
  18. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    Јас од пред два дена почнав да користам домашна маска за сува кожа која постојано се лупи.
    Можам да кажам дека засега сум задоволна.
    Можеби е мал периодот,но мене лицето ми е поинакво и е доста посвежо.
    Потребни се белка,една лажица мед и една лажица млеко.
    Се меша и се става на лице смесата.По 20 минути,лицето се мие со чај од камилица.
    :)
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Го користев гелот од Нивеа и тој за нормална и тој за мрсна кожа, лицето ми беше чисто онака два три дена и потоа повторно ќе ми се појавеа мозолчиња или црнки на брадата. Не знам зошто ама се чувствувам како кожата брзо да ми се заситува после користење на некој козметички производ. Мозолчињата ми се појавуваат на истото место, а сега заради тоа што ми растат кркмите имам малце од по страните. Кожата на лицето ми е комбинирана, а во текот на летото можам да кажам мрсна но исто така чувствителна( ми се вцрвенува ако ја вадам шминката со влажни марамчиња и со млеко од Cliven. :( Имам 20 години, како сега да влегувам во пубертет... не знам што да пробам да користам... Нивеа не ми помогна,
    ако можете препорачајте нешто
     
  20. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.835
    Јас неодамна имав еден период кога почна да ми излегуваат мозолчиња, едно пројде, две излезат, лицето ми беше ко да сум во пубертет. Ама знам дека ми се расипа лицето бидејќи не бевме дома неколку дена, и јас ја симнував шминката со влажни марамчиња Бекутан (приметив дека ми сметат на лицето и не ми го чистат лице правилно), па и потоа еден стресен период и ептен ми се одрази на лицето.
    Буричќајки тука по темава и читајќи искуства, земав хлорамфеникол (хлорадерм) и секоја вечер го чистев лицето со тоа. Не ни ставав крема после тоа. Па користев сигурно еден месец тоа, ако не и повеќе и го оправив лицето.
    Сега обавезно и ниту под разно не го чистам со влажни, без разлика колку и да немам време или не сум дома, извршувам цел ритуал, миење со гел и со тоник обавезно, па потоа кремче.