Миј го лицето само со вода, а потоа поминувај го со лосион. Дермогалот е добар и ефикасен, чини околу 90 денари, го имаш по аптеки. Многу е битно и каква крема користиш, ако користиш од бебешките Бекутан и слично мој совет е да ја смениш и земеш некоја што ќе биде соодветна на твојата возраст. Има на Биотен со прифатлива цена околу 150 денари за над 20 години, баш за нормална и комбинирана кожа, на Гарниер се околу 200-250 исто има за секој тип на кожа, Лореал има и многу други, има голем избор. Избегнувај влажни марамчиња, лицето исчисто го со млеко, а потоа измиј го само со вода. Ако неможеш со вода земи си друго средство за миење лице. Ако Нивеа не ти одговара пробај со Гарниер, Лореал, Неутрогена, Евелајн и што уште не. Ама мислам дека лосион ќе ти помогне повеќе да се ослободиш од мозолчињата.
Фала Мимс, си заприметив дека мозолчињата ми излегуваат пред да добијам, а за гел сигурно ќе пробам некој друг
Некоја крема за сува кожа? ме нервира веќе,што уште не ставив и пак исто и кога ставам пудра и кога не ставам пак исто ми се појавува,како лупење/перутање на кожа на некои места
Dove rich moisturising cream, најдобро прво купи си мало пакување, некои 50тина ден. е, па ако ти се погоди има и поголемо.
Пред една недела почнав да користам маска за лице од спирулина. Многу лесна и едноставна , гречкам 6 таблети со лажица, и додавам малку зелена глина, вода, сето тоа се меша и се нанесува на лице да стои додека се засуши... ефектот е изненадувачки. Ја користам спирулина Сан Себастијан, цена: околу 600 ден. Во некои аптеки ги делат таблетите, по парче, така да може секој да си ги дозволи да проба
Го купив овој лосион, ама гледам во претходните мислења овој иде со комбинација со друга крема на Јанг Дерм. Кажете ми мислење оти мe ставивте во дилема.
Без разлика, можеш да си го користиш и самостојно без кремата. Мене кремата за длабинско чистење на акните ми беше океј ама мислам дека е комедогена, проблемот кој ми го створи со поткожните црнки гледам дека не бил случај само со мене, многу девојки се пожалија за истото.
Jас го имам, ама ретко го користам зашто не сакам разни глупости да ставам на лице, моментално користам само сапун, инаку млекото е ок убаво го чисти лицето и го прави меко, ама носот ми го масти уште повеке можеби затоа што тој дел од лицето ми е најмасно.
Јас по препорака си купив тоник за чистење на лице Хлорадерм. Прашањето ми е во врска со употребата. Пишува да се нанесе на чиста кожа, ама како? Со памук/тампон или со рака дирекно? Не знам затоа што до сега не сум користила тоник.
Најдобри за течност се тие округли и сплескани што се, нешто слично на памук. Уф ама објаснив... ама во маркетите ги има, ќе ги познаеш
Инаку по препорака, сварен чај од камилица, оладен го ставам во ќеса за правење лед и го ставам во замрзнувач. Од вака заледена,чиста,природна камилица, си вадам по 1 и си ставам на лицето секоја вечер, веќе исчистено од шминка и препарати, се додека ледот не се стопи и прекрасно.. Преубаво е чувството после камилицата и позатегнато. Немам некој проблем имам чисто лице, освен носот. Целиот е со црнки, кои нема шанси да излезат со се што имам испробано а исто и на козметичар ништо немаше променето. Што да направам?
Јас имам чисто лице и ставам крема за лице од Нивеа, од тие мрсните. Најубави ми се и не ги менувам за ништо за свет. Ставам сабајле и навечер, и ја користам како подлога за шминка. Некогаш и со талог од кафе си правам пилинг и оставам да одстои 15мин и се замивам, лицето е некако затегнато но сепак убаво е. Еднаш-два пати месечно правам така.
Се откажав од индустриските препарати ем се скапи и нездрави ем од некои нема никаков ефект сега ставам производи од мојата кујна медот и циметот ја омекнува кожата и ми е како бебешко газе ставам и лимон да ги стесне порите ставам јопгурт банана домат краставица од овие ,,препарати'' немаат никаков негативен ефект не се штетни за нашето здравје можат само да ни помогнат наутро навечер и за тргање на шминка користам сода бикарбона и сега имам чисто лице без црнки ( многу ретко користм призводи од еуцерин т.е ја крадам од срестра ми ама само тогаш кога немам сода )