За тие пари на гарниер ја има најпрекрасната маска за лице која е навистина добра и делува. Ова не е ништо посебно ниту имав некоја очигледна промена.
Јас имам комбинирана кожа, со нормално масна Т-зона, не ми избива мрснотија често но сепак не ми е сува кожата.Е сега имам црнки и проширени пори на овие делови, исто чат пат ми излегуват и некои брунчиња, не се акни, ама доволни се за да не ми биде лицето мазно и чисто.Користев долго време гел за миење од Нивеа, прво ми беше океј, потоа повеќе не, исто беше и со сапунот од козјо млеко, значи многу брзо ми се презаситува кожата и се враќа секогаш на старо.Сега користам од авон она за црнки од линијата за тинејџери и се мијам до 2 пати недело, дека е пилинг, ама чинам повеќе ми излегоа, а лицето онака го мијам сега со сапун од dove зошто сакав малку да го одморам лицево од јаки препарати.Знам дека не е препорачливо да користам сапун, ама мене убаво ми ја чисто кожата.Е сега јас сакам сапунот да го сменам со нешто друго за миење, благ гел и го гледав од Еуцерин мицеларна вода која сакав да ја купам, ама ме пресече еден производ на Неутрогена за чистење на црнки, пори и масна кожа, како тоник е...сега сум во заблуда не знам кој пороизвод е подобар, дали имате искуство со вториот, зошто првиот знам дека е добар.Исто знам дека црнките се јавуваат од нечистотија и отворени пори, па јас секогаш го мијам лицето и ставам хидратантна крема од нивеа, значи на најдобар можен начин се грижам за него, никогаш не легнувам со шминка, никогаш не поминувам многу време со пудра на лице, редовно го чистам, мијам, парам, ставам маска еднаш неделно, го поминувам со гел од алое вера зошто ми ги гори брунчињата, ја чистам шминкаа од очи строго со маслиново масло, користам квалитетна козметика, а и не се шминкам многу, па јас стварно не знам каде е проблемот и зошто никако не можам да го добијам посакуваното чисто лице и изедначен тен.Секоја сугестија би ми дошла добро.
Мицеларната вода е соодветен препарат за сите типови кожа, а освен што е благ, не ја мрси и не ја суши кожата и без многу триење лесно ги отстранува остатоците од шминка по лицето, ја нема функцијата на тоникот. Бидејки тоникот длабински ја хидрира,подмладува, освежува кожата на лицето.. Според мене Неутрогена, одсекогаш сум користела Неутрогена препарати и затоа подобро тоа. Не дека мицеларната вода е нешто лошо, туку тоа ти е за чистење на лице,ама од шминка.
Мицеларната вода е соодветен препарат за сите типови кожа, а освен што е благ, не ја мрси и не ја суши кожата и без многу триење лесно ги отстранува остатоците од шминка по лицето, ја нема функцијата на тоникот. Бидејки тоникот длабински ја хидрира,подмладува, освежува кожата на лицето.. Според мене Неутрогена, одсекогаш сум користела Неутрогена препарати и затоа подобро тоа. Не дека мицеларната вода е нешто лошо, туку тоа ти е за чистење на лице,ама од шминка.
Вакааа... Спас за сите хахаха ...во предходните коментари читав некој ја имаше спомнато ординацијата La Bellezza и можам да ви кажам со сигурност дека тука ви е спасот .... јас имав ужасно лице бев и кај Анчевски и во Афродита какви не креми пробував ласерски третмани апсолутно се пробав но џабе се полошо и полошо бев за оваа ординација случајно дознав ми ја препорача другар иако секојдневно поминував покрај неа не сум ја заприметила до тогаш немав ни слушнато за неа и не сакав да ризикувам да идам по секакви места си велев ако нема реклама за ова тогаш која и е вредноста ...ама веке немаше каде и нешто ете ме натера да пробам да отидам да видам и фала богу што отидов буквално ме излечи имаат лосион кој што го прави самата докторка и никој не го знае рецептот и лосионот е вистинска магија а само 200 ден е. Ништо буквално ништо не можеше да ми го опорави лицето штом јас најдов спас тука секој ке најде ...јас плус правев и други третмани пошто бев во мн лоша состојба...докторката ми даде и голем попуст некои третмани и бесплатно ми ги правеше премногу добра личност е значи не и се за пари едноставно сакаше да ме излечи и да ми помогне ...така да ви го препорачувам на сите
1209 сличен проблем како твојот со тоа што мене кожата ми е сува, а сега од топлово ми стана комбинирана односно масна во Т зоната. Челото ми се исфрли доста во последно време, носот ми свети ептен и на образите ми се отворија пори што никогаш ги немав! Пробав со Дермогал да го чистам лицето насабајле и наутро, ми ги исчисти многу брзо, но кога нема да ставам пак ми се појавуваат, а несакам да го користам засекогаш. Ставав само на Т зоната и доста ми ја исуши, а не го сакам тој ефект. Пред некое време една позната личност што има беспрекорно чисто лице секогаш, ми кажа како си го чисти лицето па се решив да пробам. Лажичка сол, малку сода бикарбона и малку млеко колку да се направи смеса, два пати неделно е доволно. Уште од првиот пат се забележуваат ефекти, лицето не ми било толку меко и мазно никогаш па какви и пилинзи да сум употребувала. По неколку упореби веќе има резултат, доста ми е исчистено лицево, пориве иако отворени барем ми се чисти, а се надевам ќе се затворат некако Се мислам дали да купам некој серум или крема за проширени пори или нешто друго што помага? Не ми се нешто многу ама ми пречат, плус црвено ми е околу нив
Според мене до чисто лице најлесно се доаѓа со правилна исхрана и миење. Не се хранам скрос здраво, знам да направам отстапувања, ама пак внимавам, колку-толку. Два пати дневно го мијам лицето, насабајле и навечер. Најчесто со Dove, а поретко со гелот Perfect Clean од Лореал. Има повеќе видови, а има и за комбинирана кожа. Задоволна сум од него, мене ми одговара.
прочитав дека маслото од арган помага во отстранување на акни и ме интересира дали некоја од вас девојките го има испробано ова??
Every woman search for a good face tonic to clean her blemishes to stay perfect. The best tonic is cheap, and it will make your skin looking great at all times. Mix 5 parts of apple vinegar 3 parts cooled boiled water in a bottle. Use morning and night. This home made tonic reduces the chances of brown face age spots and it cleans deep. For people with acne problem use not diluted apple vinegar swab 3-4 times a day and enjoy the benefits Секоја жена бара добар тоник за лице за да ги исчисти дамките.Најдобриот тоник е евтин и ќе направи вашата кожа да изгледа прекрасно во секое време.Измешајте 5 дела на јаболков оцет со 3 дела изладена но претходно зовриена вода во шише/Користете го наутро и навечер. Овој домашно направен тоник за лице ги намалува шансите за кафеави дамки по лицето и чисти длабоко. За луѓе кои што имаат проблем со акни треба да користат не растворен јаболков оцет и да го чистат лицето 3-4 пати на ден, И да напоменам лицето се чисти со затворени очи. -преведено од една пријателка на мајка ми која што има интернет страна за здрава храна и домашни средства за убавина
Jас сум бремена и ке може ли да го користам ова со оцедот? имам ситни брунчиња ,некогаш ми е чисто некогаш не,ваљда ради бременоста
Со обичен сапун од оние ефтините и вода секоја вечер пред легнување и ставање на крема за сува кожа, заошто сапунот ја суши кожата и така.
Т-зоната ми е мрсна и во ПМС често знае да излезе некое мозолче. Сега сум префрлена на домашна нега, од пилизни до маски, кои ги правам 2 пати неделно. Значително има резултати од помека кожа, до чистење, а природно. Земав гел за лице од Аллверде, кој во составот има морски алги. Ќе напишам и критика. Барав нешто на природна база, бидејќи имам и проблем со алергии и осетливи ми се некои делови од лицето. Ми требаше нешто за секојдневна употреба, а од повеќето тонци и гелови не сум задоволна, поготово од Балеа гелот, ми предизвикува црвенило низ цело лице.
Имам мрсна кожа на т зоната најмногу на носот, а другиот дел (образи..) сува...може ли да ми препорачате нешто за чистење, користев тоник од гарниер розевиот но не ми одговараше
дали оваа зелената глина ќе ми наштети бидејќи дојам а сакам да ја користам бидејќи имам неколку флеки од акни и црнки на носот
Се мислав каде да прашам и одлучив тука на челото и на подочњаците имам брунчиња многу се ситни и не се црвени што да ставам за да ми поминат ???
Јас веќе два дена ја користам Здраве кремата и сум апсолутно фасцинирана од то каков ефект има на моето лице. Бев два дена надвор од градот, и буквално се вратив цела црвена ко пиперка во лицето мозолчиња еден куп за прицкање, не гибнав ништо на лице, си кладов пред да си легнам да спијам и заспав еве станав и се видов во огледало, ниедно црвенило немав останаја мозолчињата кој беа поголеми и црвенило немам на лицето. Апсолутно сум фасцинирана за 60 денари лицето ми е многу подоброооо. Останува долго кај мене за користење Еве ја.